Промовирани огласи »

Во петок успешно се оддржа овогодинешниот Global HR Summit Скопје настан на кој преку 200 делегати имаа можност да слушнат од познати светски компании кои се трендовите во индустријата на човечки ресурси, со какви предизвици се соочуваат и како ги унапредуват вештините на своите таленти.

Учесниците на самитот имаа можност да научат повеќе за креирање на лидерски особини кои се стремат кон целите како Unilever, развој на програми за таленти со висок потенцијал како Emirates NBD, промоција на менаџирање на таленти и лидерство како Novo Nordisk, усовршување на процесот на регрутација и социјални медиуми како Facebook, како и многу други актуелни теми и работилници.

Освен претставување на трендовите од светски компании, цел на овој настан беше учесниците да разменат искуства и предивзици помеѓу нив низ разговори, дружење и работилници.

Настанот беше организиран од P World во ексклузивно партнерство со KARIERA.mk.

Ние сакаме да учиме, а уште повеќе, да воведуваме иновации на нашиот пазар, каков што е и овој настан. Се надевам дека денес сите ќе научиме вредни работи кои ќе не инспирираат да креираме подобра работна средина утре - истакна Норик Селими ко-основач на сервисот KARIERA.mk на отварањето на самитот.

Промовирани огласи »

Стејт департментот на САД го означи почетокот на Лотаријата за таканаречените зелени карти. 

Електронските формулари за регистрација се доставуваат од 12 часот на полноќ на 3 октомври 2017 до 12 часот на полноќ на 7 ноември 2017 година.

Кандидатите можат да го пополнат електронскиот формулар Е-ДВ  во текот на периодот на регистрација. Не се прифаќаат барања за учество испратени по пошта.

Нема надомест за пополнување на електронскиот формулар за пријавување за учество во програмата. Учесниците ќе добијат официјален број за потврда за нивната регистрација. Особено е важно да го задржите овој број до 30 септември 2019 година. Само преку него учесниците ќе можат да проверат дали се прифатени во програмата DV-2019.

Сите учесници, вклучувајќи ги и оние кои не се избрани, ќе можат да го проверат статусот на нивната апликација преку функцијата Entrant Status Check на веб сајтот на програмата по 1 мај 2018 година.

Извлечените учесници кои одговараат на инструкциите што им се дадени на Проверката на статусот на Entrant, ќе добијат информации за интервју за закажана имигрантска виза на истата страница. Податоците на DV-2019 ќе бидат достапни преку проверка на статус на Entrant најдоцна до 30 септември 2019. Пораките до оние кои се извлечени НЕМА да бидат испратени по е-пошта или по пошта.

Секој примач на писмо или електронска пошта во која што се тврди дека добил лотарија со зелена карта или ветил зелена карта, може да биде сигурен дека пораката е погрешна и лажна. Покрај тоа, нема да се изврши плаќање на трето лице во процесот на аплицирање за лотарија со зелена карта. Единственото неопходно плаќање е самата визна такса, која се плаќа во Американската амбасада.

Законот дозволува само една електронска форма по учесник во текот на периодот на регистрација. Кандидатите кои поднеле повеќе од едно барање ќе бидат дисквалификувани. Меѓутоа, можно е мажот и жената да поднесат посебна форма со вклучување на нивниот брачен другар, доколку и двајцата ги исполнуваат условите.

Промовирани огласи »

Според новата студија на Clinic Compare, Чешката Република е најмалку здрава земја во светот, а првите десет земји заземаат девет земји од источна Европа.

По собирањето податоци од Светската здравствена организација (WHO), тие анализираа потрошувачката на алкохол, тутун и преваленција на дебелината во 179 земји низ светот.

Според резултатите од нивната анализа, Република Чешка е најнездравата земја во светот. Наводно, секој човек во Чешката пие 13,7 литри алкохол годишно. Кога станува збор за консумирање тутун, Чесите се најдоа на 11-то место.

Второто место е резервирано од Русија, по што следеа Словенија, Белорусија, Словачка и Унгарија. Со оглед на тоа што девет земји од источна Европа се во првите десет, овој регион се карактеризира како најнездрав во светот. Единствен исклучок е САД, кои го делат десеттото место со Литванија.

Според нивните податоци, повеќето дебели луѓе се во Океанија, додека најздравата земја во светот е Авганистан.

Промовирани огласи »

Македонците кои ќе направат сообраќајна незгода во Словенија, правата за надомест на штета ќе можат да го добијат  веднаш по враќањето во  матичната земја.

Двете земји преку Националните бироа за осигирување потпишаа Спогодба, со која е предвидено оштетеното лице, веднаш по враќањето во својата земја да се обрати до Бирото, кое побрзо ќе ги обезбеди  документите и информациите потребни за остварување на правото  за надомест на штета. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »