Промовирани огласи »

Во Германија се зголемува бројот на мигранти од Западен Балкан и тоа само во првите 6 месеци од годинава биле издадени 63. 000 работни дозволи, а тоа е 70% повеќе од истиот период минатата година.

Причината за ваквиот прилив е специјалната регулатива за Западен Балкан воведена во почетокот на 2016 година. Кризата со пристигнувањето на големиот број бегалци од Сирија и Ирак се зголеми со барањето азил на граѓани од Македонија, Албанија, Србија и БиХ. Германија овие земји ги прогласи за „безбедни земји на потекло“, па мигрантите кои пристигнуваат од овие балкански земји имаат мали шанси за азил.

Сепак сите оние кои не можат да добијат азил, може да заминат во Германија само со работна дозвола, односно со доказ дека му е понудена конкретна работа и при тоа не се бара доказ за квалификација.

Според податоците од Институтот за истражување на пазарот на труд (IAB) од Западен Балкан најчесто доаѓаат неквалификувани работници (47%) и полуквалификувани работници (49.6%), додека пак факултетски образованите и стручните лица изнесуваат само 3.4%.

Најмногу работници се во областа на градежништвото (половина од работните дозволи), а потоа најзастапени се угостителските, па хигиеничарите, негувателите и градинарите.

По истекувањето на работната виза се бара од работниците да се вратат во своите земји, а сите оние кои работеле во Германија повеќе од 12 месеци, имаат право на социјална помош, па неретко остануваат иако ја изгубат работата.Работниците прво мораат да добијат дозвола за работа во својата земја, а во повеќето земји од Западен Балкан се чека по неколку месеци, освен во Босна, каде што се чека година дена. Регулативата за Западен Балкан важи до 2020 година.

Промовирани огласи »

По започнувањето на нивното партнерство, Emirates и flydubai денеска објавија дека Emirates ќе ја прошири својата мрежа на 29 дестинации на три континенти на кои леташе flydubai.

Новата партнерска мрежа, преку своите заеднички (код-шер) летови, ќе понуди поголема фреквенција и полесен пристап до повеќе глобални дестинации, со предност на поврзување на багажот до крајната дестинација. Патниците можат да резервираат веќе од 03 октомври на Emirates.com, преку контакт центрите на Emirates или преку мрежата од туристички агенции за патувања кои почнувајќи од 29 октомври 2017 година.

Н.Е. Шеикот Ахмед бин Саид Ал Мактум, претседател и главен извршен директор на Emirates Group и претседател на flydubai, рече: „Ова е возбудлив прв чекор во отклучувањето на придобивките од партнерството за патниците кои ќе имаат можност да уживаат во уникатните предности кои секоја авиокомпанија ги нуди, како и поголем избор и флексибилност при поврзување преку Дубаи. Ова е само почеток и како што ќе ја прошируваме партнерската мрежа во наредните месеци, ќе отвориме повеќе можности за нашите патници да го истражуваат светот".

Во текот на патувањето Emirates и flydubai на патниците ќе им овозможат искуства со производи кои ќе ги одразуваат уникатните карактеристики на брендот. Кога ќе се резервира заедно, како дел од код-шер, патниците на Emirates ќе добијат бесплатни оброци и багаж чекиран во Emirates за летови што ќе ги врши flydubai во бизнис и економската класа.

Поврзувањето во воздухопловниот центар на Дубаи нуди лесно трансфер искуство, а од новото партнерство, патниците ќе имаат корист од намалено минимално време за поврзување (MCT) помеѓу седиштето на Еmirates на терминал 3 и flydubai на терминал 2 до 120 минути.

Денешното соопштение е почетна фаза од еден опсежен договор којшто во следните фази ќе го покаже создавањето на дополнителни врски меѓу градовите, како што договорот за код-шер се проширува и мрежите на двете авиокомпании се оптимизирани.

Повеќе бенефиции за честите патници

Во оваа прва фаза на партнерството, членовите на Emirates Skywards може да заработат Skywards miles и Skywards Tier Miles на код-шер летовите, според постоечката програма за километража.

Покрај бесплатното чекирање на багажот на Emirates, членовите на Skywards Premium, исто така, можат да уживаат и во носење дополнителните багаж од 20 килограми (членови на Платинум членови), 16 килограми (Златни членови) и 12 килограми (Сребрени членови) на код-шер летови со кои управува flydubai.

Членовите на Skywards Silver, Gold и Platinum, кои патуваат на код-шер летови, можат да пристапат до шалтерите на flydubai и да добијат приоритетни ознаки.

Понатамошни придобивки и програми за лојалност за оние членови кои често летаат со овие две авиокомпании ќе бидат објавени во догледно време.

Промовирани огласи »

Полска ја симна старосната граница за заминување во пензија, која за жените отсега ќе биде 60, a за мажите 65 години.

Ова е во спротивност со европскиот тренд за постепено покачување на старосната граница за пензионирање, на што се одлучуваат европските држави поради сè подолгиот животен век на луѓето во ЕУ.

Според досегашниот закон од 2012 година, границата за заминување во пензија требаше постепено да расте до 67 години.

Можноста за порано пензионирање би можело да ја искористат 331.000 работници, односно два отсто од вкупно 16,3 милиони вработени во Полска, нагласуваат од државниот пензиски фонд.

Полска има 38 милиони жители и спаѓа меѓу земјите во Европа со најбрзо темпо на стареење на популацијата.

Промовирани огласи »

Во петок успешно се оддржа овогодинешниот Global HR Summit Скопје настан на кој преку 200 делегати имаа можност да слушнат од познати светски компании кои се трендовите во индустријата на човечки ресурси, со какви предизвици се соочуваат и како ги унапредуват вештините на своите таленти.

Учесниците на самитот имаа можност да научат повеќе за креирање на лидерски особини кои се стремат кон целите како Unilever, развој на програми за таленти со висок потенцијал како Emirates NBD, промоција на менаџирање на таленти и лидерство како Novo Nordisk, усовршување на процесот на регрутација и социјални медиуми како Facebook, како и многу други актуелни теми и работилници.

Освен претставување на трендовите од светски компании, цел на овој настан беше учесниците да разменат искуства и предивзици помеѓу нив низ разговори, дружење и работилници.

Настанот беше организиран од P World во ексклузивно партнерство со KARIERA.mk.

Ние сакаме да учиме, а уште повеќе, да воведуваме иновации на нашиот пазар, каков што е и овој настан. Се надевам дека денес сите ќе научиме вредни работи кои ќе не инспирираат да креираме подобра работна средина утре - истакна Норик Селими ко-основач на сервисот KARIERA.mk на отварањето на самитот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »