Промовирани огласи »

Министерството за внатрешни работи во сабота (06.04.2024) во периодот до 08.00 до 15.00 часот ќе организира фотографирање за лични документи без закажан термин во подрачните канцеларии за управни работи низ државата за граѓаните кои наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ, ниту лична карта ниту пасош.

Ги повикуваме граѓаните кои наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ, да дојдат во сабота во подрачните канцеларии за управни работи низ државата, за да бидат фотографирани и навремено да им биде изработен личниот документ, со цел да можат да го остварат своето право на глас на претстојните избори, објави МВР.
 

Промовирани огласи »

КARIERA Triumph Talks во организација на KARIERA.mk и Brain Tree - Neuro-Business Training Center. 

Разговори со успешни луѓе од нашето опкружување!

Како наш шести гостин ви го преставуваме Александар Зарков - Генерален менаџер на Normak Investment Group со неговата инспиративна успешна приказна.

Доколку сте во потрага по инспирација, мотивација и практични совети KARIERA Triumph Talks е точното место каде што ќе го пронајдете сето ова.

Промовирани огласи »

Месец април има два неработни дена за сите граѓани во земјава. 

Согласно календарот на неработни денови, 10 април (среда), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам ќе биде неработен за сите граѓани. 

Освен овој ден, неработен за сите граѓани ќе биде и денот од првиот круг од претседателските избори кој е закажан за 24. април, односно среда. 

По април, во месец мај неработни денови за сите се:

  • 1 мај (среда), Ден на трудот
  •  6 мај (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар
  • 24 мај (петок) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители

Промовирани огласи »

Стокомак е ланец на дисконти продавници кој работи по концептот хард-дисконт.

Моментално вработува:

ПРОДАВАЧ/КА - КАСИЕР/КА - УСЈЕ
ПРОДАВАЧ/КА - КАСИЕР/КА - ЛИСИЧЕ
ПРОДАВАЧ/КА - КАСИЕР/КА - ЧЕНТО
ПРОДАВАЧ/КА - КАСИЕР/КА - ВОДНО

Остантите огласи од Стокомак ќе ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни места ќе ги најдете ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »