Промовирани огласи »

Околу 2200 лица се пријавиле за работа во Србија преку отворен Балкан. Овој податок го објави претседателот на Србија, Александар Вучиќ кој посочи дека најголемиот дел од пријавените се граѓани на Македонија.

Вучиќ изјави дека Србија „има проблем со работната сила“, и дека е добро што се направени идентификациски картички како дел од иницијативата „Отворен Балкан“ за Србија, Северна Македонија и Албанија.

Најголем дел од заинтересираните се од Северна Македонија, изјави Вучиќ на телевизија Информер.

Тој кажа дека на ист начин „неколку стотици српски државјани се пријавиле да заминат на други места“, но дека многу поголем е приливот на работници во Србија, преку „Отворениот Балкан“ отколку одливот на работници.

Промовирани огласи »

Цените на становите во Скопје во првиот квартал годинава поскапеле за 4,7 отсто на годишнo ниво, а бележат пад од 0,8 проценти  во однос на претходниот квартал, покажува Индексот на цените на станови на Народната банка. Ова е прво минимално квартално намалување на цените на становите по долг период, откако последен пат имаше пад од еден процент во третиот квартал од 2020 година.

Според податоците на Народната банка, во последното тримесечје од 2023 година становите поскапеа за еден процент во однос на третото тримесечје, а на годишно ниво за седум проценти. Во првиот квартал лани цените на становите  се зголемија за 18,8 проценти на годишно ниво, односно од 1,3 отсто на квартално ниво, во второто тримесечие од 1,6 отсто, односно од 12,9 отсто, а во третиот квартал од 2,9 проценти, односно од 11 проценти.

Никола Велковски од Здружението за градежништво при Стопанската комора за МИА, смета дека цените на становите кои подолг период бележaт постојан раст не се реални, но се очекувани.

Сега градители се практично трговци поединци кои еднократно инвестираат, имаат свои пари и ги инвестираат во недвижности и градежништво затоа што тука сега е конјуктурно и профитабилно. Тие единствено го гледаат профитот, па може да биде еднократно да градат една, две, пет згради, но водилка е исклучиво профитот.

Мене не ме лути толку тоа, туку тоа што ние како инженерска фела, како урбанисти им влегуваме во нивната шема на креирање и планирање на просторот. Треба практично да го релаксираме посторот, не мора да се гради секаде затоа што сега најмногу каде се гради по порачка за измена и дополна на урбанистичките планови со самофинансирање. Врз основа на тие инцијативи што ги покренуваат баш овие градители што им се интересни урбанистичките и градежните парцели, потоа се прилагодува кон нивните барања – да стават повеќе објекти во еден блок, повисоко, пониско, па нема ниту осончување, ниту проветрување, а ним им е важно да има кандидатура и износот на профитот на продажбата, вели Велковски.

Велковски дополнува дека поголемиот проблем е што сега трговците инвеститори со станови немаат свои локации и се обраќаат кај сопствениците на земјиште на кое е предвидено да се гради, кои пак, ги покачија условите и цената.

Порано имаше два модела за договор со инвеститорот, да го откупат земјиштето или да се договорат за заедничка градба со соинвеститороство. Кога сопствениците видоа дека градителите ги покачија цените на становите сега и тие ги зголемија нивните  услови Ако порано за заедничка градба се бараше 20, 25, 27, максимум 30 проценти од земјиштето, сега отиде и до 40 проценти од земјиштето, што  не е ниту легитимно, легално и логично. Но, затоа што овие сакаат да градат сега овие другите ги  зголемуваат условите и потоа се зголемува цената. На крај мене ме чуди која е уште таа категорија која може да поднесе таква цена на станови, а во Скопје сега веќе има 70.000 до 80.000 празни станови, вели Велковски.

Тој укажува дека во формирањето на цената на становите прва е цената на чинење на градежната парцела. Ако порано беше 250 до 300 евра по метар квадратен, Велковски вели дека сега по метар квадратен цената за откуп на земјиштето достигнува и по 1000 евра.

Согласно квадратурата на градбата, односно колку квадрати се градат се формира цената на градежната парцела. Потоа доаѓаат комуналиите кои не се многу зголемени, изнесуваат од 80 до 120, 130 евра по метар квадратен, па учеството на градежните материјали и работната рака.  Зголемената цена воопшто не е одраз на цената на градежните материјали кои се поскапени 20 до 30 проценти. Има учество и  недостатокот на работна рака, не е толку работата  во платата на луѓето, туку во квалитетот на тие кои сега градат бидејќи нема веќе стручни мајстори и тоа е голем проблем. Државата мора да се сврти кон продукција на таков профил на кадар  – занаетчии во сите професии. Треба да се стимулираат децата  да се запишуваат на такво школовување. Иако се работи повеќе, повеќе и се заработува, вели Велковски.

Промовирани огласи »

KARIERA.mk со радост најавува ексклузивна employer branding работилница на 22.05.2024 во Skopje Marriott Hotel за сите HR професионалци и ентузијасти! Предавач на еднодневната работилница ќе биде Nikos Foros - Head of employer branding solutions во kariera.gr

Настанот ќе опфати интересни теми за тоа како да се изгради победнички тим и идеи и начини за задржување на луѓето кои се потребни во секоја компанија!

Затоа ве повикуваме да ни се придружите и заедно да учиме нови employer branding практики, кои во иднина би можеле да ги примените во вашите компании!

Воедно сите учесници по завршувањето на работилницата ќе добијат сертификат.

Во продолжение агендата за настанот:

8:30-09:00 - REGISTRATION

9:00-11:00 - SESSION 1

G2N & Ice breaker

  • Personal Introduction & Sharing Expectations

Ηοw to Stand out as an Employer

  • The basic principles of Employer Branding that can help you differentiate from your competitors

What is Employer Branding Audit

  • Employee Value Proposition
  • Channel Effectiveness
  • Career Site
  • Candidate Experience & Perception (survey)

Group activity

  • Conduct and present an employer branding audit of an organization

11-11:30 - COFFEE BREAK (coffee, tea, cookies, and morning networking)

11:30 - 13:00 - SESSION 2

Employee Value Proposition

  • What is EVP and its benefits
  • How to develop and improve your EVP
  • Global Best Practices

Talent Attraction starts with Employee Advocacy

  • How to turn your Employees into your best Ambassadors
  • Cultivate a culture of sharing experiences, moments and elements of your organization

Measure your Success

  • Define your business goals as a company and align your HR metrics that will help you succeed

Take-away and closing STATEMENT

13:00-14:00 - Q&A

Сите заинтересирани за работилницата можете да ги набавите вашите карти на https://kariera.mk/events, а за повеќе информации или групни карти контактирајте не на 077 888 722 или пак на [email protected]

Промовирани огласи »

Да се посети Куба е неверојатно искуство! Веќе си замислувате остров на Карибите, палми, салса, мохито и пури, насмеан народ, едно магично патување на кое долго ќе се сеќавате. Доколку посетата на Куба ви изгледа како нешто далечно и недостижно, сега благодарение на наградната игра “Со Mastercard од УНИБанка, ја имаш Куба на дланка!” тоа е остварливо. 

УНИБанка за своите корисници ќе додели 5 патувања за двајца на Куба, како и 5 златни плочки.

Што треба да направите? Едноставно, во период од 01 април до 30 јуни, доколку имате кредитни или дебитни Mastercard картички од УНИБанка, или ако извадите нова Mastercard картичка, и направите 10 трансакции месечно, во секој од трите месеци додека трае наградната игрa, станувате потенцијален добитник на патување за двајца во Куба, како и можност да добиете златна плочка.

Веројатноста овие Карипски острови да бидат достижни за вас, се зголемува со секои нови 10 трансакции следниот месец независно дали тоа ќе го направите на продажните места или во електронската трговија (плаќања на интернет) во земјата.

Во Куба и нејзиниот главен град Хавана ќе се чувствувате како со временска машина да сте се вратиле низ времето. Рајската плажа Варадеро сместена на тиркизното Карипско море, која веќе две години по ред од Tripadvisor е прогласена за најубавата плажа на светот, “живописните“ улици на Хавана каде голем дел од својот живот го поминал и Хемингвеј, најубавите коктели, најдобрите пури, се само еден мал сегмент што овој магичен остров има да понуди.

УНИБанка со патувањето во Куба ни овозможува искуство кое ќе го паметиме цел живот! Можност за учество во наградната игра има секое физичко лице со или над 18 години и е корисник на Mastercard картичките од УНИБанка.

И 5-те златни плочки не се ништо помалку примамливи. Станува збор за плочки кои се меѓу најбараните на светско ниво, кои имаат извонредна историска и културната вредност, чија вредност постојано расте, а УНИБанка е единственaта банка која во своето продажно портфолио има продукт инвестициско злато.

Извлекувањето на наградите ќе се изврши на 17.07.2024 година во 15.00 часот, по принципот на случаен избор со помош на компјутерска програма.

Вакви награди не се пропуштаат! Одиме по Mastercard картичка од УНИБанка, и одиме во Куба!

Сите дополнителни информации можете да ги прочитате на www.unibank.mk

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »