Промовирани огласи »

KARIERA.mk изминатиот викенд честеше кафе во градскиот парк во близина на школка, каде што многу од посетителите се запознаа со најновите продукти на KARIERA.mk, а воедно и MojaKARIERA картичката која нуди многу поволности за вработување. Поради голема зинтересираност ве покануваме на уште една кафе дружба во градскиот парк на 18.05.2024 (сабота) во период од 11:00 до 13:00 часот позади школка.

На нашиот штанд исто така можеше да се информирате за нашите настани кои се одржуваат на 21.05.2024 и 22.05.2024 година.

How to get to #1 on Google search with SEO кој се одржува во хотелот Holiday Inn Skopje на 21.05.2024 год. и Winning the War of Talents: How to Stand out as an Employer кој ќе се одржи во Marriott Hotel, Skopje на 22.05.2024 год.

Доколку сте заинтересирани, карти за настаните можете да набавите ТУКА. 

За влезници на фактура пишете на [email protected]

Ги охрабруваме и покануваме сите претставници на бизнис заедницата да ни се придружат! Се гледаме на 21-ви и 22-ри расположени и спремни за нови знаења и идеи!

Во продолжение дел од атмосферата во градскиот парк:

Промовирани огласи »

KARIERA.mk со гордост најавува уште една ексклузивна работилница на 21.05.2024 која ќе се одржи во хотелот HOLIDAY INN Skopje која ќе отвори и разреши многу прашања околу мега популарната тема - SEO (search engine optimization). 

Купете EARLY BIRD влезница ТУКА.

Предавач на работилницата е Evgeni Yordanov SEO Expert со огромно искуство на темата, кој со многу ентузијазам ќе проба да ги доближи најдобрите практики и до македонската публика!

Со речиси 20 години професионално искуство, Евгени е главен говорник на многу меѓународни настани. Добитник на European Search Awards, тој е сертифициран content marketing professional од Northwestern University’s Medill School of Journalism, кој моментално е во процес на стекнување докторат. 

Евгени има работено на различни високи менаџерски позиции во неколку B2B старт-ап и агенции помагајќи им на брендовите ширум светот како што се Hilton Hotels & Resorts, Bayer, ORIFLAME, BNP Paribas, Jaguar, Efbet, MrBricolage, Foodpanda, John Deere итн. еден од двигателите што ги развива и негува младите претприемачи на Балканот со неговата менторска работа со StartUP Foundation и на настани како што се StartUp Weekend и Rockstart Answers. Тој е професор на DigitalPro, SerpAcad и International Business School. 

Оваа работилница е дизајнирана да им обезбеди на учесниците длабоко разбирање на принципите, стратегиите и најдобрите практики за оптимизација на пребарувачи (SEO). Учесниците ќе научат како да ги оптимизираат своите веб-страници за да ја зголемат видливоста, да го поттикнат органскиот сообраќај и да го подобрат рангирањето на нивните сајтови.

Ги покануваме сите дигитални маркетери, претприемачи и SEO ентузијасти да се здружат и да ги истражат најновите трендови од светот и да научат нови техники за подобро позиционирање на вашите е-продавници и воопшто веб-страници!

Early Bird влезниците веќе во продажба до 15.05.2024!

Повеќе информации на 077 888 722. За влезници на фактура слободно контактирајте не на [email protected]

Се гледаме на 21-ви мај!

Промовирани огласи »

Вчера измина преодниот период на Централната банка на Косово (ЦБК) во однос на користењето на динарите, што значи дека од денеска сите готовински трансакции каде било во Косово ќе мора да се вршат во евра, јавија српските медиуми.

Во Приштина сметаат дека граѓаните имале доволно време да се информираат за Уредбата на ЦБК за забрана за користење на динари во готовински трансакции, а од денеска ќе се преземаат мерки против сите оние кои користат валути различни од евра за готовински трансакции во Косово, пренесе РТК.

Во периодот од 1 февруари, кога стапи на сила Уредбата на ЦКБ, досега не се изречени казнени мерки, а граѓаните се информирани за примената на новите правила за готовинско плаќање. ЦБК соопшти дека после 12 мај – сите трансакции ќе се извршуваат во евра.

Во меѓувреме, комерцијалните банки кои работат во Косово добија инструкции да отворат нови филијали на северот.

Во Брисел ќе се одржи седмата рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина, на која, како што најави директорот на српската Канцеларија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, главна тема повторно ќе биде „едностраната и незаконска одлука на Приштина да се укине динарот и платниот промет во динари во Косово и Метохија.

Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Моментално вработува:

ДИПЛОМИРАН ФАРМАЦЕВТ/ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР - ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА
ФАРМАЦЕВТ/ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР – СКОПЈЕ
ВИДЕО НАДЗОР - МОНИТОРИНГ

ФД ФИНМАК ДОО Скопје со брендовите Тиго и Бонго е современа компанија со високи професионални стандарди која нуди лесни и брзи решенија за микрокредитирање на физички лица.

Моментално вработува:

ЕКСПЕРТ ЗА КРЕДИТИРАЊЕ ВО ФИЛИЈАЛА КАВАДАРЦИ
ЕКСПЕРТ ЗА КРЕДИТИРАЊЕ ВО ФИЛИЈАЛА КОЧАНИ

Нептун е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа на производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/Аудио/Видео, компјутери, телефони, фото апарати и камери, производи за нега и убавина, ладење и греење.

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО КУМАНОВО

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

МАКСТИЛ е регионален лидер во производството на топловалани дебели лимови.

Моментално вработува:

ЛЕАР
ЕЛЕКТРИЧАР
МАШИНСКИ ТЕХНИЧАР
ДИПЛОМИРАН ЕЛЕКТРО ИНЖЕНЕР - ЕНЕРГЕТСКА НАСОКА
ДИГАЛКАР
CONTROLLING SPECIALIST

Даути Комерц- А.Д лидер во регионот и пошироко во микродистрибуција на производи за широка потрошувачка.

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА СКОПЈЕ
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА – ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА

Шпаркасе Банка АД Скопје како дел од Steiermärkische Sparkasse и Erste Group нуди целосен опсег на банкарски услуги за компании и приватни лица, стремејќи се да обезбеди висока ефикасност и доверливост на клиентите, користејќи го широкото меѓународно искуство на Групацијата.

Моментално вработува:

САМОСТОЕН СОРАБОТНИК ЗА МАРКЕТИНГ
СОРАБОТНИК ЗА ОДНОСИ СО НАСЕЛЕНИЕ - СКОПЈЕ

Fashion Group повеќе од 20 години важи за најголема малопродажна модна групација во земјава, а во нејзиното портфолио ќе најдете некои од најголемите светски реномирани брендови како Hugo Boss, Diesel, Guess, Bitsiani, Mango, Springfield, Okaidi, Superdry, Timberland и други.

Моментално вработува:

АСИСТЕНТ ВО ПРОДАЖБА

Кромберг и Шуберт се фокусира на развој и производство на комплексни системи за ожичување за автомобилската индустрија.

Моментално вработува:

ИНСПЕКТОР ЗА КВАЛИТЕТ
ТЕХНИЧАР ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ТЕСТ ТАБЛИ
ДОСТАВУВАЧ НА МАТЕРИЈАЛИ НА ЛИНИЈА
ОБУЧУВАЧ ВО ПРОИЗВОДСТВО
ANALYSIS RESPONSIBLE OFFICER IN QUALITY
TRAVEL MANAGEMENT OFFICER
ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО – БИТОЛА
ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО - СКОПЈЕ

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »