Промовирани огласи »

Управата за јавни приходи објави дека во согласност со Законот за изменувањето на Законот за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги, со кој се укинува радиодифузната такса, ќе прекине со достава на решениија за утврдување на оваа јавна давачка.

Но, од УЈП апелираат граѓаните и фирмите што имаат обврска за плаќање на оваа давачка да ги исплатат сите заостанати долгови за периодот јанури 2011 година заклучно со септември 2017 година.

Промовирани огласи »

Канада ќе го олесни пристапот до канадското државјанство за оние со постојано живеалиште во државата со амандман на Законот за имиграција, кој треба да стапи на сила на 11 октомври, соопшти канадската влада.

Со промените се предвидува намалување на должината на задолжителниот престој на канадска територија.

Со законот беше предвидено, постојани жители да живеат на територијата на Канада четири последователни од шест години, за да имаат право да поднесуваат документи за државјанство. Сега со промените, тој рок е намален на три последователни години од пет, за да можат да побараат канадски пасош. За овој период, жителите со постојано живеалиште, мора да докажат дека ги пријавувале приходите.

- Целта на тие промени е да се отстранат ограничувањата и пречките за лицата со постојан престој, рече министерот за имиграциски прашања Ахмед Хусеин. Тој истакна дека, владата сака сите постојани жители во Канада да станат канадски граѓани.  

Промовирани огласи »

Телеком Австрија донесе одлука сите свои брендови да ги обедини под едно име „А1“ со цел да дојде до унифицирање во сите земји каде има мобилни оператори. А1 е името кое е одбрано бидејќи го претставува мобилниот оператор во Австрија кој има добиено најдобри оценки, па токму таа доверба на корисниците и позитивниот впечаток треба да ги засили и останатите оператори вклучувајќи го и македонскиот Вип. 

Промовирани огласи »

Во првите осум месеци од годинава германската Сојузна агенција за труд издаде 63.000 работни дозволи на луѓето од регионот на Западен Балкан, што е 70 отсто повеќе од истиот период минатата година.

Причина за драстичниот пораст е специјалната регулатива за Западен Балкан, воведена на почетокот на 2016 година, пишува германскиот весник Велт.

Весникот анализира дека кризата предизвикана со доаѓањето на големиот број бегалци од Сирија и Ирак уште тогаш била влошена со големиот прилив на барања за азил од Косово, Албанија, Македонија, Србија и БиХ.

Германија тие земји ги прогласи за безбедни држави, така што мигрантите кои пристигнуваат оттаму немаат шанси да добијат азил.

Како реакција на тоа воведени се значајни олеснувања за мигрантите од Западен Балкан, кои ќе поднесат доказ дека им е понудена конкретна работа во Германија, за што ќе добијат работна дозвола, и притоа не се бара доказ за квалификации.

Сојузната агенција за труд само проверува дали постојат домашни кандидати за одредено работно место, но во четири од пет случаи управата дава зелено светло. Спротивно на ова, критериумите за имигранти од трети земји се многу строги.

Според податоците на Институтот за истражување на пазарот на трудот и вработување, од Западен Балкан главно доаѓаат неквалификувани (47 отсто) и полуквалификувани работници (49,6 отсто), додека бројот на факултетски образовани работници и други стручни лица изнесува само 3,4 отсто.

Најмногу работни дозволи им се издаваат на работници од градежниот сектор, речиси половина од вкупниот број. Исто така голема е побарувачката за работници од Балканот во областа на угостителството, но и хигиеничари, негувателки и градинари.

Работната виза трае додека лицето е вработено, а предвидено е луѓето да се вратат дома кога ќе останат без работа. Меѓутоа, мигрантите имаат право и на социјална помош доколку работеле во Германија најмалку 12 месеци. Поради тоа не е исклучена можноста да останат дури и ако останат без работа, пишува „Велт“.

Дозволата на Сојузната агенција за труд, сепак, не гарантира право на влез во земјата, бидејќи работниците прво мора да поднесат барање за виза во својата земја, а во повеќето држави од Западен Балкан виза се чека повеќе месеци, во Сарево дури една година.

Регулативата за Западен Балкан, која е воведена кон крајот на бегалската криза, важи до 2020 година.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »