На 14 Јуни Нептун Македонија ги отвори вратите на новиот, врвен центар на производи и гаџети, што нуди целосно ново искуство во интеракција со напредните технологии и уредите од премиум сегментот.
На отворањето на продавницата, кое беше проследено со забава со Диџеј, пијалоци за сите, многу изненадувања, попусти до 50%, ексклузивни понуди и промо цени, присуствуваа голем број фанови и вљубеници во технологијата, чие задоволство од понудата и конкурентните цени беше очигледно.
Ги прашавме домаќините што може да очекуваме во овој ексклузивен простор; „ Ја реотворивме оваа уникатна продавница на истата локација, со цел да им се приближиме на купувачите уште повеќе, бидејќи тие од ден на ден, се сè поблиску до нас. Овој совршен спој на современи уреди и најнапредна технологија дочекани од едни од најпребирливите потрошувачите, ентузијасти и технофили е она што нè прави горди и навистина задоволни. Среќни сме што можеме да понудиме избор од бројни технолошки достигнувања, софистицирано искуство во пазарувањето и соработка со најдобрите партнери и брендови ширум светот“ - вели Горан Панзов, Ареа Менаџер – Скопје.
Новоотворената продавница на Нептун претставува место каде што потрошувачите може директно да контактираат со вработените, подобро да го запознаат уредот што планираат да го купат, да ги добијат сите потребни инструкции, да ги откријат и да научат за сите предности на најновите уреди.
Реотворањето на Нептун Стадион е само уште еден показател дека оваа компанија е верна на принципите на кои е основана, продолжувајќи да инвестира во развој на силни тимови, решенија и услуги, како и достапни иновации што одговараат на најновите потреби на дигиталното општество.