Промовирани огласи »

Тесла почина во јануари 1943 година и се што било негово е запленето од ФБИ. Три седмици подоцна, експертска група ги прегледала сите документи.

Идниот претседател на САД, Доналд Трамп, можеби е единствениот човек кој ги знае сите тајни на Никола Тесла, со оглед на тоа што неговиот чичко бил на чело на комисијата на ФБИ што ги истражувала запленетите документи по смртта на еден од најголемите научници, забележа „Њујоркер“.

Тесла почина во јануари 1943 година и се што било негово е запленето од ФБИ. Три седмици подоцна, експертска група ги прегледала сите документи. Групата ја предводел Џон Г. Трамп, чичко на Доналд Трамп. Чичкото на Трамп бил инженер и физичар, а и самиот Трамп често го споменувал својот чичко.

Чичко ми често ми зборуваше за нуклеарната војна и пред да стане нуклеарна“, велел новоизбраниот американски претседател.

Најголем страв на ФБИ била можноста Тесла да развил некое моќно оружје што некој би можел да го искористи. Официјално пак, истрагата не дала побитни резултати, а Џон Трамп напишал: Размислувањата и трудовите на Никола Тесла, барем последните петнаесетина години, пред се се од филозофска природа и на содржат нови делотворни методи или применливи истражувања.

Шест месеца по смртта на славниот научник бил спроведен Филаделфискиот експеримент, што според некои теоретичари е доказ дека во документите на Тесла имало нешто повеќе од филозофирање.
 
Чичкото на Доналд прв ги прочитал белешките на Тесла, па затоа се поставува прашањето колку од тие информации се пренесени на Доналд Трамп.

Промовирани огласи »

Оваа година, вестите од науката навистина ги размрдаа луѓето! Имаше и интересни но и потресни вести од науката. Судир на пар црни дупки милијарди светлосни години далеку од нас предизвика вибрирање на гравитацискиот детектор и со тоа не внесоа во една нова ера на астрономијата, вознемирувачката вест за вирусот Жика предизвикаа хаос во Јужна Америка, принудувајќи ја Светската здравствена организација да прогласи вонредна состојба во регионот; во меѓувреме, нашата планета продолжи да се затоплува, и ги скрши рекордите во намалување на арктичкиот мраз. Имаше и медицински откритија за увид во еволуцијата на човекот и уште многу други нови достигнувања кои ќе не внесат во новата 2017. Ова беа најинтересните научни приказни во 2016:

1. АЈНШТАЈН БИЛ БО ПРАВО ! Гравитациските бранови навистина постојат!

После 100 години потрага, меѓународен тим на физичари конечно го потврди постоењето на гравитациски бранови. Ова преставува едно од најголемите откритија на векот бидејќи не само што го подобрува нашето разбирање за функционирањето на Универзумот, туку и отвора еден сосема нов начин за негово проучување

2.Пронајдена е нова планета!

Веќе 20 години истражуваме нови планети, орбити, сончеви системи - така и оваа година беше откриена Проксима Кентаури Б ( "Проксима б" на кратко) и беше поздравена како значаен наод од научниците низ светот. Дел од возбудата произлегува од фактот дека системот на Проксима Кентаури е најблискиот ѕвезден систем до нас - само четири светлосни години, или 25 трилиони милји. Планетата е со слична големина како Земјата, но уште поважно, орбитата на Проксима б лежи во рамките на "зоната погодна за живот", што значи дека постои улов да постоење на вода во течна состојба на површината на планетата, што укажува на извонредно привлечна можност за живот.


3. Едно бебе може да има тројца родители

Кога станува збор за човечката репродукција, работите може да бидат комплицирани. Месецов, владина агенција која ги регулира третманите за плодност во Велика Британија даде зелено светло за клиниките да аплицираат за дозволи за извршување на процедура на митохондријална заместителна терапија (МРТ). Терапијата ќе им биде понудена на жените чија ДНК е изложена на ризик од пренесување на потенцијална осакатеност или генетски болести на нивните деца. Техниката вклучува замена на неисправни митохондрии во јајце клетките на мајката со здрави митохондрии од донор. Бебето, сепак, ќе наследи целосен сет на 46-те хромозоми од мајката и таткото, а со тоа и митохондриите на донорот, со ова ќе имаме само здрави и среќни деца на светот.

4. Животните разбираат многу повеќе отколку што мислевме!

Со години научниците веруваа дека само луѓето имаат капацитет за "теорија на умот" - да можат да чувствуваат нешто за туѓите размислувања или емпатија. Но, оваа година истражувачите заклучија дека три видови на големите мајмуни-шимпанзата, бабуните и орангутаните ја имаат оваа извонредна способност исто така. Дури и глувците според истражувањата покажуваат некое ниво на емпатија. Истражувачите откриле дека ако здрави глувци се поставени во близина на глувци кои се во болка, здравите глувци станануваат почувствителни на болка кај себе.

Промовирани огласи »

Заминувањето на младите од Балканот заради подобра иднина, ќе ги погоди економиите на земјите. 

Се истакнува дека за 1 месец во странство се заработуваат 4 плати кои би ги добивале во родната земја. 

Франс прес ја споредува состојбата во повеќе земји како Србија, Црна Гора, Македонија, Хрватска, Косово. За нашата земја се наведува дека 85% од младите сакаат да си заминат. 

Се вели дека Косово е најпогодено затоа што 60% од младите немаат работа. 

За Тузла во БиХ се пишува дека е регион кој е погоден од сиромаштија. 

За Хрватска се пишува дека по влезот во ЕУ во 2013 година, многу граѓани заминуваат во Германија на работа. 

Се смета дека Германија ќе понуди многу работни позиции за медицински кадар од Балканот. 

Луѓето од Балканот потврдиле дека за вработување овде им треба партиска или друга поддршка. 

Промовирани огласи »

Во организација на маркетинг агенцијата “Маркетинг Микс“, минатиот петок во Штип, се одржа манифестацијата “Избор за најуспешна жена претприемач од источен и југоисточен регион“.

Др. Ксенија Јанкова, сопственик на приватната здравствена установа „Дента Лукс“ од Радовиш e прогласена за најуспешна жена претприемач за источен и југоисточен регион за 2016 година. Таа освои најголем број гласови од страна на  публиката која гласаше на фан страницата „Жените во економијата“.

Со оваа манифестација се стремиме кон промоција на жените лидери и нивните бизниси од овој регион во целата држава и истовремено ја стимулираме можноста за нивен дополнителен развој преку вмрежување со останатите компании и  поттикнување на идни соработки и  нови проекти“ – вели иницијаторката Лилјана Варадиновска, сопственик и директор на “Маркетинг Микс“.

Победнички по категории, според гласовите на жири-комисијата се:

– Најуспешна жена претприемач во категоријата „Бизнис со најдолга традиција“: Олгица Бојаџиева, сопственик на Маком Треф плус и ланец маркети „Маком Маја„ Радовиш

– Најуспешна жена претприемач во категоријата на „Бизнис со најголем потенцијал“: Дина Муцунска, менаџер на хотелски комплекс „Манастир“ , Берово

– Најуспешна жена претприемач во категоријата„Бизнис со најголем раст“: Жаклина Мицова, сопственик на ланец бутици Леди Ди, Кавадарци

– Најуспешна жена претприемач во категоријата „Бизнис со најхумана димензија“: д-р Цеветанка Манева Самарџиска, сопственик на специјалистичка ординација д-р Самарџиски Штип

– Најуспешна жена претприемач во категоријата „Најмлад бизнис“: Ивана Тренадафилова, сопственик на Атајле Ивана, Штип

– Најуспешна жена претприемач во категоријата „Најкреативен бизнис“: Сузана Младенова, менаџер на Цвеќара Мимоза и ресторан Ројал Парк-Струмица

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »