Промовирани огласи »

Неделава стартува исплатата на повратот на ДДВ.

Имено, веднаш по назначувањето на нов директор во УЈП е формирана Комисија за унапредување на процесите за ДДВ. Од причина што УЈП нема воспоставено централизирано управување со повратот на ДДВ кое ќе обезбеди конзистентност на анализите и пристапите на регионалните дирекции, исто така не користи систем за автоматско вкрстување на податоци за цели на анализа на ризици, а воедно во дел од регионалните дирекции не се пополнети работните позиции чија одговорност е одобрување на повратот на ДДВ, меѓу другите свои задачи, оваа Комисија направи детална анализа и издвои барања за поврат кои претходно биле одобрени, а за кои Комисијата процени дека има одреден степен на ризик и треба да се изврши инспекциска контрола кај даночните обврзници. За останатите износи, кои претходно биле одобрени и доставени за реализација, од следната седмица ќе се врши исплатата на повратот, наведуваат од УЈП. 

Додаваат дека враќањето на вишокот на влезниот ДДВ е легитимно право на даночните обврзници, но ДДВ повратот е подложен на злоупотреби и измами, какви што се случуваа во изминатиот период.

Со формирање на Комисијата започнуваме со редизајнирање на внатрешниот процес за управување со ДДВ во УЈП, почнувајќи од првиот чекор – регистрацијата за цели на ДДВ, со цел процесот да биде ефективен и во однос на заштита на буџетските приходи од злоупотреби и во однос на сигурноста на даночните обврзници кои точно пријавуваат и ги побаруваат средствата од вишокот влезен ДДВ. Паралелно преку Комисијата и надлежните единици во структурата во Генералната дирекција веќе отпочнуваме со централизиран мониторинг и координација на повратот на ДДВ, за да може од прв ден да обезбедиме унифицираност и конзистентност во оперативното постапување во регионалните дирекции, велат од УЈП. 

Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Генерали Инвестментс е основана во 2008 година под името КД Фондови. Основниот бизнис е управувањето со средства, односно остварувањето на финансиски приноси во зависност од структурата на управуваните портфолија.

Моментално вработува:

ФИНАНСИСКИ СОВЕТНИК ВО ПРОДАЖБА

H&M е компанија водена од вредности која сака да биде предводник во создавање на поинклузивен свет. Придружете ни се во правењето на стилот поодржлив и модата поинклузивна.

Моментално вработува:

VISUAL MERCHANDISER
DEPARTMENT MANAGER

Шпаркасе Банка АД Скопје како дел од Steiermärkische Sparkasse и Erste Group нуди целосен опсег на банкарски услуги за компании и приватни лица, стремејќи се да обезбеди висока ефикасност и доверливост на клиентите.

Моментално вработува:

СОРАБОТНИК ЗА РАЗВОЈ НА ПРОИЗВОДИ ЗА НАСЕЛЕНИЕ

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2.

Моментално вработува:

РЕЦЕПЦИОНЕР
КОНТРОЛОР НА ЗАЛИХИ

Пивара Скопје АД е една од водечките компании во Македонија, заедничко вложување помеѓу Coca-Cola HBC и Heineken.

Моментално вработува:

МЕНАЏЕР ЗА ОДРЖУВАЊЕ - ОДДЕЛ ЗА БЕЗАЛКОХОЛНИ ПИЈАЛАЦИ

КАМ доо е најголем национален хард-дисконт и трговец-лидер во малопродажбата во Македонија. КАМ ги следи принципите на хард-дисконт: висок квалитет по ниски цени.

Моментално вработува:

РАКОВОДНИ ЛИЦА - КОЧАНИ
КАСИЕРИ- ВЕЛЕС
КАСИЕРИ – СТРУГА

Сите работни позииции на КАМ можете да ги најдете ТУКА.

Мак Аутостар дооел е генерален дистрибутер на повеќе брендови од автомобилската индустрија како што се: Mercedes-Benz патнички и комерцијални возила, автобуси, Setra, Evobus, Unimog, Rolls Royce, Mitsubishi Motors и Mitsubishi Fuso. Компанијата е сопственик на брендот Premium Used, фирма која се занимава со продажба и одржување на Mercedes-Benz користени возила.

Моментално вработува:

КОНСУЛТАНТ ЗА ПРОДАЖБА - КОМЕРЦИЈАЛНИ ВОЗИЛА

Нептун е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа на производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/Аудио/Видео, компјутери, телефони, фото апарати и камери, производи за нега и убавина, ладење и греење.

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО БИТОЛА
РЕФЕРЕНТ ЗА НАПЛАТА И КРЕДИТИРАЊЕ ВО ПРИЛЕП
ПЕРСОНАЛ ЗА РАБОТА НА КАСА И КРЕДИТИРАЊЕ ВО СКОПЈЕ
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО СКОПЈЕ
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО ШТИП

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Преговарањето за првата плата може да биде предизвикувачко, но со правилна подготовка и стратегија, можете да добиете фер и конкурентна понуда.

Еве неколку чекори и совети кои ќе ви помогнат:

1. Истражување и подготовка

  • Истражете го пазарот: Истражете ја просечната плата за позицијата на која аплицирате во вашата индустрија и регион. Можете да користите онлајн ресурси како Glassdoor, Payscale и Indeed.
  • Разбирање на компанијата: Истражете ја компанијата и нејзината финансиска состојба. Дознајте какви се просечните плати и бенефиции кои ги нуди компанијата.
  • Подгответе ги вашите аргументи: Имајте јасни примери за вашите квалификации, вештини и искуство кои ви овозможуваат да барате повисока плата.

2. Поставување на вашата вредност

  • Идентификувајте ги вашите уникатни вештини: Објаснете како вашите специфични вештини и квалификации ќе придонесат за успехот на компанијата.
  • Подгответе се да ја покажете вашата вредност: Бидете подготвени да дискутирате за вашиот академски успех, пракси, проекти и сите релевантни искуства.

3. Тактики за преговарање

  • Почекајте понуда: Дозволете им на работодавачите да ја понудат првата плата. Ова ви дава основа за преговарање.
  • Бидете сигурни во себе: Верувајте во вашите вештини и квалитети. Бидете уверени, но не арогантни, при преговарањето.
  • Бидете подготвени за компромис: Освен платата, размислете за другите бенефиции како флексибилно работно време, бонуси, обуки, платени одмори и здравствено осигурување.

4. Комуникација

  • Јасна и директна комуникација: Изразете ги вашите очекувања јасно и директно. Користете конкретни бројки базирани на вашето истражување.
  • Фокус на заеднички интереси: Потрудете се да најдете заедничка основа и да покажете дека сте заинтересирани за долгосрочен успех на компанијата.

5. Пример за дискусија

  • Прифаќање и рефлексија: Кога ќе ја добиете понудата, земете време да ја разгледате. Дури и ако е под вашите очекувања, покажете благодарност за понудата и побарајте време за размислување.
  • Контрапонуда: Ако сметате дека понудената плата не е доволна, можете да ја искористите следната структура: Прво, изразете благодарност за понудата. Потоа, објаснете ја вашата истражена плата за слични позиции. Завршете со контрапонуда: „Ви благодарам за понудата од X денари. По моето истражување и разгледување на моите квалификации, сметам дека плата од Y денари би била соодветна. Се надевам дека можеме да најдеме заедничка основа.“

6. Прифаќање или одбивање

  • Бидете подготвени за секој исход: Ако работодавачот ја прифати вашата контрапонуда, бидете подготвени да ја прифатите понудата и да започнете со работа. Ако не, бидете подготвени да размислите за други опции.
  • Размислување за други бенефиции: Дури и ако платата не е она што сте го очекувале, други бенефиции може да ја компензираат разликата.

Со правилна подготовка и уверен пристап, преговарањето за првата плата може да биде успешен процес кој ќе ви обезбеди фер и задоволителни услови за работа.

Промовирани огласи »

Непалците што се на работа во Македонија масовно бегаат од државата. Во МВР има над 20 пријави за избегани лица од Непал кои се на работа низ државава.

Најновиот случај доаѓа од Пехчево каде Д.В.(44) од Берово, раководител на правен субјект од Пехчево, во полициска станица пријавил дека 38-годишен вработен од Непал, со привремен престој во Пехчево, се оддалечил од местото каде што престојувал.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Претходно истиот ден, во Полициската станица Свети Николе, В.М.(34) од Свети Николе, управител на приватна фирма од Свети Николе пријавил дека петмина негови вработени – лица од Непал, со привремен престој во Свети Николе, на возраст од 27 до 38 години, го напуштиле местото каде што престојувале.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »