Промовирани огласи »

Компанијата Зегин и понатаму продолжува да расте и придонесува во кариерниот развој. На почетокот на месец јули се објави новата корпоративна веб страна Зегин Кариера - https://www.zeginkariera.mk. Сите посетители на Зегин Кариера ќе имаат можност да се информираат за тековните и изминатите настани, донации спроведени преку Фондација Др. Верица Механџиска, да дознаат повеќе за компанијата, историјата, вредностите, визијата и мисијата според која секојдневно се водат. Веб страната Зегин Кариера ќе ви даде директен пристап до тековните огласи и отворени форми за влез во базата на кандидати за позицијата за која вие лично сте заинтересирани.

Младите се многу важен дел на компанијата Зегин. Со таа цел на Зегин Кариера веб страната воведен е посебен дел под името Зегин Младина кој содржи информации за платено практикантство и стажирање, менторска програма, можност за вработување и талент програма кои ќе помогнат на новите вработени лесно и на брз начин да се прилагодат и да учат од професионалци во компанијата.

Фондацијата Др. Верица Механџиска ги поддржува студентите со доделување на целосни стипендии со цел поттик во понатамошниот кариерен раст и развој.

Посетете ја корпоративната веб страна Зегин Кариера со клик на следниов линк. Да останеме поврзани како и досега: https://www.zeginkariera.mk

Промовирани огласи »

Прашањето дали треба да ја знаете платата на вашите колеги е често дискутирана тема во многу работни средини.

Оваа тема може да предизвика различни мислења и емоции, и е важно да се разгледаат сите аспекти пред да се донесе заклучок.

Придобивки од транспарентноста на платите

  • Праведност и еднаквост: Знаењето на платите на колегите може да помогне во идентификување на неправедности и нееднаквости во компанијата. Ова може да ги охрабри вработените да бараат фер плати и да се осигураат дека не се дискриминирани поради пол, раса или други фактори.
  • Подобрување на мотивацијата: Кога платите се транспарентни, вработените можат да се мотивираат да работат понапорно и да постигнат подобри резултати. Тие ќе знаат кои се целите кои треба да ги достигнат за да добијат повисока плата и ќе бидат повеќе ангажирани во својата работа.
  • Намалување на шпекулациите: Транспарентноста може да ги намали шпекулациите и гласините кои често се појавуваат во работните средини. Кога платите се јасни и познати, вработените немаат потреба да шпекулираат и да создаваат недоразбирања.

Недостатоци од транспарентноста на платите

  • Непријатности и завист: Знаењето на платите на колегите може да предизвика непријатности и завист меѓу вработените. Ова може да ги наруши односите и да создаде негативна атмосфера на работното место.
  • Нарушување на приватноста: Некои луѓе ја сметаат платата за лична и приватна информација. Тие можат да се чувствуваат неудобно ако нивната плата е јавно достапна или ако другите знаат колку заработуваат.
  • Неспособност за индивидуални преговори: Кога платите се транспарентни, може да биде потешко за вработените да преговараат за индивидуални зголемувања на плати базирани на нивните специфични вештини и постигнувања.

Дали треба да ја знаете платата на вашите колеги зависи од културата на компанијата и од личните ставови на вработените. Транспарентноста на платите има свои предности, како што се праведноста и мотивацијата, но исто така може да донесе и некои негативни последици како непријатности и нарушување на приватноста.

На крајот, важно е компаниите да го најдат вистинскиот баланс и да создадат работна средина која ги поддржува и мотивира вработените, додека истовремено ја почитува нивната приватност и индивидуалност. Транспарентната комуникација и јасните политики за плати можат да помогнат во постигнување на оваа цел.

Промовирани огласи »

Мотивацијата значи грижа, внимание и препознавање на трудот и посветеноста, за компаниите тоа може да е малку но за вработениот претставува желба за понатамошна доверба и желба за успех.

Како резултат на исклучителниот труд и посветеност, компанијата Зегин награди 15 најдобри вработени избрани според постигнати резултати во работењето за изминатата 2023 година со шест дневно патување во Италија, поточно Тоскана и Чинкве Тере. Вработените кои беа наградени се дел од тимовите на малопродажба – аптеки, магацин – логистика, онлајн шоп и комерција.

Ова е знак дека со вложен труд се е возможно и дека компанијата Зегин постојано докажува позитивна и мотивирачка работна средина за секој вработен е целта на компанијата, а компанијата успешно го прави тоа и продолжува да верува во тоа дека задоволството на вработените е клучот за успехот.

Целта на наградното патување беше вработените да се релаксираат од секојдневието, да се поврзат со своите колеги и да создадат прекрасни спомени кои вечно ќе ги паметат. Ова наградно патување е начин на кој компанијата Зегин изразува огромна благодарност до сите колеги за својот несебичен придонес во секојдневното работење.

Во продолжение може да ги прочитате искуствата од вработените поврзани со ова патување.

Промовирани огласи »

1. Како се одвиваше развојот во текот на твојата долгогодишна кариера во Зегин ?

Мојата кариера во Зегин започна пред 21 година. Кога почнав да работам бев на студии на Фармацевтскиот Факултет Кирил и Методиј последна година со преостанати 5 испити, и се вработив на позиција Фармацевтски Техничар (имав завршено средно фарм.училиште). Како секој млад студент намерата ми беше да видам и научам што значи да си од другата страна на шалтерот во услуга на потребите на пациентите, а сонот ми беше да работам во лабораторија (аналитика и испитување на лекови). Не бев свесна што ме очекува, и дека оваа работа не е само долг пат по кој што ќе чекорам и ќе се соочувам со различни предизвици, туку скалило по кое ќе се искачувам секој ден се повисоко и повисоко. Почетоците беа предизвикувачки за мене, постојано осознавав и учев нови работи од најдобрите “ментори” (барем јас така ги чуствував колегите кои што максимално се посветија на мојата обука) работата во официната и секојдневното учење за грижата на пациентите, и нивните потреби. Возбудата и предизвиците постојано растеа во мене. По завршувањето на факултетот и 2 години искуство стекнато во аптеката ме назначија како раководител на Аптека. Низ годините постојано го надоградував моето знаење и се едуцирав на различни теми поврзани со фармацијата и новите производи кои излегуваа на пазарот за продажбата во аптека. Велат дека упорноста секогаш се исплати тоа можам да го потврдам со моето стекнато долго годишно искуство и работа во Зегин. Мојот следен кариерен напредок и унапредување беше одговорноста за 10 подружници - аптеки на работна позиција Регионален  Раководител, каде бев одговорна за повеќе подружници и тимови, организација и нормален тек на работата и вработените во аптеките. Во моментов сум на работна позиција Регионален Менаџер и имам поголема одговорност за 17 подружници - аптеки. Позади секое мое унапредување следеше професионална обука од компјутерска подршка, континуирани тренинзи со високо квалификувани фирми за подржување на компаниите со користење на современи концепти и техники за управување, за постигнување на посакуваната реалност, зголемувајќи ја креативноста и самооткривањето, обуки за лидерство, Невро-лингвистичко програмирање (НЛП).

2. Раскажи ни за Зегин Младина – менторското обучување на новите вработени?

Оваа година веќе е изработена Менторската  програма “Зегин младина” со специјален Менторски центар на обука, за сите млади со завршено средно или високо фармацевтско образование, а ќе бидат водени од лиценцирани Ментори кои што учествуваа и во изработката на оваа програма. Ова  претставув аеден сосема поразличен и уникатен систем за работување на кандидати, нов начин за стекнување на искуство и знаење, унапредување на вештините на кандидатите со или без работно искуство, за кое што јас посебно се радувам и кое доколку постоеше кога јас започнував многу ќе ми олеснеше.

3. Што претставува за Зегин учеството на СМАРТ Фармацевт, обуките кои фармацевтите ги посетуваат?

Нашата фирма постојано ги следи сите светски фармацевтски трендови и стручни обуки како што се СМАРТ фармацевтските обуки, кои се однесуваат на подигање на грижата за фармацијата на следното ниво, фокусирајќисеналичниот и професионалниот раст. Програмата е наменета за фармацевти кои работат во аптека и треба да поседуваат врвно знаење, вештини за донесување одлуки, повисока концентрација, приспособливост, одлична комуникација и емотивна стабилност.

4. Дали постои систем на признание и наградување на вработените?

Покрај грижата за пациентите, исто многу важна е и грижата за вработените. Годинава покрај многубројните признанија и финансиски награди, Зегин организираше наградно патување за најдобрите 15 избрани вработени кои постигнаа солидни резултати во изминатата 2023. Вработените  кои беа дел од ова шест дневно наградно патување  имаа можност да ги посетат и осознаат убавите предели на Италија “Тоскана и Чинкве Тере’’. Можност за учество на ова наградно патување имаа вработените од малопродажба - аптеки, магацин – логистика, онлајн шоп и комерција. Чувството е непроценливо кога вложениот труд има некој што го препознава и наградува, раскажуваа за ова искуство нашите вработени. Им благодариме на сите колеги кои постигнаа резултати и беа дел од ова наградно патување кое ги зближи и сплоти вработените и уште долго ке се зборува за убавите спомени во Италија. Искрено верувам дека ова ќе прерасне во една убава традиција во иднина за наградување на успешноста на вработените.

Зошто Зегин?

Ако го сакаш најдоброто за себе несомненено одбери ја компанијата Зегин...

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »