Промовирани огласи »

Во Австралија е усвоен закон според кој вработените имаат право да ги игнорираат претпоставените доколку ги повикаат по работното време, пишуваат британските медиуми.

Работодавците сè уште имаат право да се обидат да контактираат со своите вработени, но сега тие имаат право да го одбијат повикот или да не одговорат на него, освен доколку таквата одлука не се протолкува како „неразумна“.

Новата законска одредба значи дека работникот може да одбие да чита или да одговори на пораки од работодавачот или трето лице, на пример, клиент на фирмата, а сите несогласувања за итноста на известувањето ќе ги решава владината Комисија за чесна работа (FVC).

FVC може да и нареди на компанијата да престане да контактира со вработениот или да и забрани да преземе дисциплински мерки против работниците кои одбиваат да бидат контактирани, но, исто така, може да му нареди на вработениот да му одговори на работодавачот во случаи кога одбивањето одговор е „неразумно“.

Прекршувањето на одлуката на FVC може да доведе до парична казна до околу 12.000 американски долари за вработен, или до околу 63.000 долари казна за компаниите.

Усвојувањето на новиот закон, познат како „Право да не се поврзете“, беше поздравено од синдикатите и здруженијата за човекови права, а критикувано од здруженијата на работодавачи, кои го опишаа законот како погрешен и дека може да има негативно влијание врз продуктивноста.

Слични закони веќе се во сила во Франција, Германија и други земји од Европската Унија и Латинска Америка.

Промовирани огласи »

Грчкиот танкер за нафта „Соунион“ беше оставен напуштен и запален во Црвеното Море по нападите крај брегот на Јемен. Нападот се случи на околу 77 наутички милји западно од пристаништето Ходеида, кое е под контрола на Хути милитантната група. Танкерот го загубил моторниот погон и веќе не бил под контрола, а сите 25 членови на екипажот се безбедни.
 

Грчкиот министер за поморство Христос Стилианидис го осуди нападот, нарекувајќи го „флагрантно прекршување на меѓународното право“. Компанијата Delta Tankers, која управува со „Соунион“, потврди дека бродот претрпел мала штета, а екипажот бил евакуиран со помош на ЕУ мисијата Aspides.

Танкерот, кој пренесува 150.000 тони сурова нафта, претставува потенцијална пловидбена и еколошка опасност. Нападот е дел од серија на слични напади од страна на Хути групата, која претходно таргетираше само бродови поврзани со Израел, САД или Обединетото Кралство, но овој пат нападна брод без такви врски.

Линк од оргиналната вест.

Промовирани огласи »

Новоназначениот директор на Starbucks, Брајан Никол, е на удар поради плановите да патува речиси 1.000 милји (1.600 км) од својот дом во Калифорнија до седиштето на компанијата во Сиетл со корпоративен авион. Ова предизвика критики на социјалните мрежи поради несогласувањето помеѓу еколошките заложби на компанијата и животниот стил на нејзините директори.
 

Документите за вработување на Никол покажуваат дека тој нема да мора да се пресели во Сиетл и ќе има право да користи корпоративен авион за службени патувања, како и за патувања помеѓу неговото место на живеење и седиштето на компанијата. Дополнително, Starbucks ќе отвори мала канцеларија во Њупорт Бич за Никол.

Платата на Никол во новата улога ќе биде 1,6 милиони долари годишно, со можност за бонуси и акции што можат да достигнат до 30 милиони долари годишно. Ова предизвика критики, особено во контекст на дебатата за зголемените цени и платите на извршните директори.

Линк од оргиналната вест.

Промовирани огласи »

Како што соопшти премиерот Христијан Мицкоски, поевтинуваат катастарските услуги за шестпати, односно до милион евра годишно ќе остануваат во паричниците на граѓаните.

На покана на директорот, на заменикот директор, на луѓето овде во Агенцијата за катастар на недвижности разговаравме за сите овие би рекол реформи коишто се прават, сите овие поевтинувања коишто се прават и коишто се важни за граѓаните и од тоа што го слушнав од директорот можам да заклучам две работи. Првата работа е дека услугите за четири, пет, шест па и повеќе пати поевтинуваат за граѓаните, Вие слушнавте од директорот дека до милион евра годишно ќе остануваат во паричниците на граѓаните, тоа е многу важно да се напомене дека услугите за четири, пет, шест па и повеќе пати за граѓаните ќе поевтинат. Втората работа којашто исто така е многу важна, дека катастарот полека, но сигурно се ослободува од криминалот. Забележавте дека илјадници предмети биле нерешени, директорот е скромен и не сака да каже можеби детали коишто допрва органите на редот и истражните ќе треба да се позанимаваат, но верувајте дека ќе има многу за истрага. Ценам дека сето она што во минатото било предмет на поинаков однос со граѓаните и поради тоа се создавала таа гужва, односно не биле решавани предметите, многу скоро ќе излезе на виделина и ќе бидат истите тие решени, иако сега илјадници предмети во овие помалку од два месеца веќе добиваат разрешница, нормално согласно важечките прописи, закони и Устав, вели Мицкоски. 

Додаде дека додека имаме високо ниво или перцепција за криминал и корупција ние не можеме да се развиваме како држава. 

Претходната власти ги покачи услугите, за што имаше реакции. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »