Промовирани огласи »

Новоназначениот директор на Starbucks, Брајан Никол, е на удар поради плановите да патува речиси 1.000 милји (1.600 км) од својот дом во Калифорнија до седиштето на компанијата во Сиетл со корпоративен авион. Ова предизвика критики на социјалните мрежи поради несогласувањето помеѓу еколошките заложби на компанијата и животниот стил на нејзините директори.
 

Документите за вработување на Никол покажуваат дека тој нема да мора да се пресели во Сиетл и ќе има право да користи корпоративен авион за службени патувања, како и за патувања помеѓу неговото место на живеење и седиштето на компанијата. Дополнително, Starbucks ќе отвори мала канцеларија во Њупорт Бич за Никол.

Платата на Никол во новата улога ќе биде 1,6 милиони долари годишно, со можност за бонуси и акции што можат да достигнат до 30 милиони долари годишно. Ова предизвика критики, особено во контекст на дебатата за зголемените цени и платите на извршните директори.

Линк од оргиналната вест.

Промовирани огласи »

Како што соопшти премиерот Христијан Мицкоски, поевтинуваат катастарските услуги за шестпати, односно до милион евра годишно ќе остануваат во паричниците на граѓаните.

На покана на директорот, на заменикот директор, на луѓето овде во Агенцијата за катастар на недвижности разговаравме за сите овие би рекол реформи коишто се прават, сите овие поевтинувања коишто се прават и коишто се важни за граѓаните и од тоа што го слушнав од директорот можам да заклучам две работи. Првата работа е дека услугите за четири, пет, шест па и повеќе пати поевтинуваат за граѓаните, Вие слушнавте од директорот дека до милион евра годишно ќе остануваат во паричниците на граѓаните, тоа е многу важно да се напомене дека услугите за четири, пет, шест па и повеќе пати за граѓаните ќе поевтинат. Втората работа којашто исто така е многу важна, дека катастарот полека, но сигурно се ослободува од криминалот. Забележавте дека илјадници предмети биле нерешени, директорот е скромен и не сака да каже можеби детали коишто допрва органите на редот и истражните ќе треба да се позанимаваат, но верувајте дека ќе има многу за истрага. Ценам дека сето она што во минатото било предмет на поинаков однос со граѓаните и поради тоа се создавала таа гужва, односно не биле решавани предметите, многу скоро ќе излезе на виделина и ќе бидат истите тие решени, иако сега илјадници предмети во овие помалку од два месеца веќе добиваат разрешница, нормално согласно важечките прописи, закони и Устав, вели Мицкоски. 

Додаде дека додека имаме високо ниво или перцепција за криминал и корупција ние не можеме да се развиваме како држава. 

Претходната власти ги покачи услугите, за што имаше реакции. 

Промовирани огласи »

Веќе долго време исплатата на поврат на ДДВ доцни. Граѓаните скоро секој ден очекуваат да добијат исплата, на социјалните мрежи пишуваат дали некој веќе ги има добиено парите од повратот на ДДВ.

Од Управата за јавни приходи велат дека веќе се подготвуваат налозите за исплата, но точниот датум кога би ги имале граѓаните парите не знаат.

Известуваме дека во однос на враќање на дел од данокот на додадена вредност искажан во фискалните сметки на физичките лица за последното тримесечје се генерираат налози за отпочнување на исплатата. За ова тримесечје ќе се исплатат околу 858.059.205 милиони денари на 491.407 граѓани кои скенирале фискални сметки за период април-јуни 2024 година, велат од УЈП.

Исплатата доцнеше поради немањето на пари во буџетот, па се чекаше Собранието да го изгласа ребалансот.

Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Даути Комерц - А.Д лидер во регионот и пошироко во микродистрибуција на производи за широка потрошувачка.

Моментално вработува:

ФАКТУРАНТ/КАЛКУЛАНТ - СКОПЈЕ
МЕРЧЕНДАЈЗЕР (РЕДАЧ НА РОБА) - СКОПЈЕ
МЕНАЏЕР ЗА ЛОГИСТИКА - СКОПЈЕ

Жито маркети располага со над 70 маркети распространети низ цела територија на нашата држава.

Моментално вработува:

ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ ВО КОЧАНИ
ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ – КИЧЕВО
ПЕРСОНАЛ ЗА ПРОДАЖБА ВО АЕРОДРОМ/НОВО ЛИСИЧЕ
ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ – ВЛАЕ
ПЕРСОНАЛ ЗА ПРОДАЖБА ВО ИЛИНДЕН
ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ ВО СКОПЈЕ (ЃОРЧЕ ПЕТРОВ)
ПЕРСОНАЛ ЗА ПРОДАЖБА ВО ВЕЛЕС

Фејдом Фурнитуре ДОО е светски производител на гарнитури произведени во Македонија, од кои 95% се за извоз во Европа, Канада и Америка. Повеќе од 15 години е препознаен по својот модуларен и прилагодлив дизајн, како и високиот квалитет.

Моментално вработува:

СТОЛАР
ОПШТ РАБОТНИК

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

ВДЛ Ван Хоол Македонија е дел од холандската Групација ВДЛ. Компанијата дојде во земјава во 2012 година кога ја изгради и фабриката во Технолошко индустриската развојна зона Скопје2 во Бунарџик, со што ја врати традицијата на автобуската индустрија во земјата.

Сите огласи од Ван Хоол Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа.

Моментално вработува:

SENIOR ACCOUNT MANAGER
АГЕНТ ЗА ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА

Во Република Македонија УНИКА е присутна 20 години преку своите две друштва за осигурување – УНИКА АД Скопје и УНИКА ЛАЈФ АД Скопје, со што на нашите вработени им нудиме динамична работа со можност за професионален развој и надградба, како и одлични услови за работа во средина со професионален и амбициозен тим.

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРИЈАВА И ОБРАБОТКА НА ШТЕТИ
ПРАВНИК

Рептил е ланец на маркети кој брои, 21 маркети лоцирани во Скопје и 4 маркети во Виница. Компанијата брои приближно 300 вработени. Рептил маркетите постојат 27 години и бележат континуиран раст и економски успех од своето основње.

Моментално вработува:

ПРОДАВАЧ/КА

НЛБ Груп е водечка банкарска и финансиска групација со седиште и ексклузивен стратешки интерес во нашиот матичен регион – Југоисточна Европа. Покрај НЛБ д.д., главен субјект во Словенија и јавно претпријатие, НЛБ Груп се состои од шест банки-ќерки и неколку компании за помошни услуги меѓу кој е и НЛБ Банка С.Македонија.

Моментално вработува:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА УСОГЛАСЕНОСТ СО BCBS 239 ПРИНЦИПИТЕ

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »