Промовирани огласи »

Тимот на КАРИЕРА.мк беше тотално вчудоневиден од снимките кои се прикажани во следното видео.

Откако ќе го погледнете, размислете дали нашиот краток живот вреди да се живее на овој начин со премногу стрес на секое поле од нашето функционирање.

Денес, е празничен слободен ден, гушнете ги најблиските и имајте супер ден исполнет со љубов и мир во домот.

Промовирани огласи »

Седумнаесет млади лица од социјално ранливи категории за првпат се вработиле со помош на менторство и кариерно советување, дел од проект за подобрување на социјалната инклузија преку вработување.

Најголем дел од нив се вработени во текстилната индустрија, индустријата за мебел, како и во трговијата како продавачи во прехранбениот сектор.

Проектот покажал дека менторството и кариерното советување е добар модел за полесно вклучување на овие лица на пазарот на труд и оти Агенцијата за вработување и Министерството за труд и социјална политика треба да ги планираат како мерки за зголемување на вработливоста на овие категории млади. Се работело со млади од овие категории во четири градови, Скопје, Битола, Штип и Прилеп, а опфатени биле 108 млади лица.

За 17 од нив помогнавме да го основаат својот прв работен однос. Тоа покажува дека е неопходно менторство поддршка односно е потребен индивидуален пристап преку кариерно советување. Две од лицата кои се пратени на пракса за прв пат потпишаа и договор за трајно вработување, рече Зоран Илиески извршен директор на Коалицијата на младински организации СЕГА, која го спроведувала проектот, финансиски поддржан од ЕУ ИПА 4 Развој на човековите ресурси.

Обуката ја спроведувале 20 обучувачи, дел од центрите за социјална работа и граѓанскиот сектор кои директно работеле со младите лица.

Мариче Тренеска, социјален работник од Младинскиот информатицен центар, е еден од обучувачите.

Тешко е да се работи со оваа категорија млади лица, тие се затворен тип и немаат самодоверба да излезат на пазарот на трудот. Ние преку тестови, индивидуална работа и групни средби работевме заедно со нив да ги утврдиме квалитетите кои ги поседуваат и да се вработат, рече Тренеска на денешната завршна конференција на проектот „Подобрување на социјалната инклузија преку јакнење на вработливоста „Отворена врата – за младите од младите“.

Додаде дека се работело и на утврдување на квалитетите и афинитетите што лицата ги поседуваат надвор од нивното образование.

Промовирани огласи »

Лични карти ќе се издаваат и на денот на изборите, односно цел викенд.

Ова го соопштија од МВР откаде што потенцираат дека сите Одделенија за управни работи ќе работат во сабота и недела(14 и 15.10.2017).

Сите барања за издавање лична карта(оштетена, изгубена или украдена), по законски спроведената постапка, ќе се одобруваат итно во сите регионални Одделенија за управни работи при Министерството за внатрешни работи и тоа само доколку подносителот не поседува биометриска патна исправа, посочија од оваа институција. 

Имено, во сабота барањата за лични карти ќе се примаат и одобруваат итно заклучно со сабота(14.10.2017 година) до 16.30 часот. 

Веднаш по примањето на апликациите за лични карти, Одделот за информатика ќе ги изработува и ќе ги доставува до надлежниот сектор за навремена дистрибуција до Одделенијата за управни работи. 

На денот на изборите(недела, 14.10.2017 година) Одделенијата за управни работи ќе работат само за издавање на лични карти во периодот од 07.00 до 19.00 часот.

Промовирани огласи »

„Гугл“ веќе не ги крие способностите на камерите на новиот Pixel 2 уште при неговото претставување, но денес сподели фотографии направени со телефонот, кои се непреработени...

Како мало потсетување, Google Pixel 2 доаѓа со 12 мегапикселна камера со dual-LED блиц на задната страна и селфи камера од 8 мегапиксели.

Да ги погледнеме непреработените фотографии...

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »