За да ја зголеми продуктивноста и да ги направи луѓето среќни, Шведска постепено ќе преминува на шестчасовно работно време.
Ова го објави британски Индипендент.
Работниците веќе имаат искуство со овој модел. Целта е во пократок временски период да се завршат сите обврски и луѓето да имаат доволно време за приватен живот.
Јапонскиот производител на Тојота, сместен во вториот по големина град во Шведска, Гетеборг, пред 13 години го воведе овој модел и велат дека го зголемиле профитот.
И од компанијата Filimundus за развој на мобилни апликации, која лани го воведе работното време од шест часа велат дека заблуда е дека осум часа го прават работникот продуктивен.