Дневната евтината струја се уште не стигнала во сите домаќинства. Некои добија во септември, други пак ќе чекаат дури до крајот на октомври. До сега, екипите на ЕВН ги наштелувале броилата за евтина тарифа кај само 40 отсто од корисниците, информира ТВ24.
Предизборното ветување на Владата за евтина дневна струја се уште не е остварено за 60 насто од домаќинствата. Штелувањето се прави по групи. Од вкупно 800 илјади броила, кои се поделени во четири групи, досега дневна евтина струја добија помалку од половината. Останатите ќе чекаат до крајот на октомври.
Од ЕВН тврдат дека усогласувањето на броилата тече според планот.
Секој корисник доби известување во претходната сметка во кој период од месецот ќе му биде прилагодено броилото согласно отчитувачката група во која припа. Прилагодувањето на броилата со дневна евтина тарифа тече согласно планот за отчитување и досега се адаптирани околу 40% од корисниците, велат од ЕВН.
Како граѓаните да проверат дали имаат евтина струја? Кога е времето за евтина тарифа, во перидот од 14 до 16 часот, на дисплејот од броилото, бројчаникот треба да врти на индикаторот Т2. На скапа струја врти само бројчаникот со индикатор Т1.
Од ЕВН велат дека броилата што не биле достапни за нивните екипи, односи оние што се во куќа, а немало никој дома, штелувањето ќе се повтори на крајот на октомври.
Според проценките на Владата, со воведувањет на два часа евтина струја преку ден, енергетските компании ќе бидат покуси за 8 милиони евра, пари што треба да бидат компензирани со заштеди. Од ЕВН велат дека ќе прават нови инвестициски планови за да ги покријат загубите од враќањето на евтината тарифа.