Секоја струка си има свои тајни, па така - не е исклучок ни одржувањето о летањето на авионите. Сепак, вработените во авиацијата некогаш откриваат и нешто што не би требало, па порталот Bright Side направи компилација на летачките тајни.
Не се поправаат сите дефекти веднаш
Нормално, не помислувајте дека авионот полетува доколку е загрозена безбедноста на патниците. Фактот е дека пред секој лет детално проверуваат многу работи, а доколку постојат помали проблеми кои не влијаат на безбедноста, тие се поправаат при слетувањето, за да не се губи време со одложување на летот.
Пилотот и копилотот јадат различна храна
Пред летот, пилотот и копилотот никогаш не јадат иста храна. Причината е едноставна - можно труење со храна, па доколку се затруе пилотот, битно е копилотот да биде здрав. Сепак, ова не го практикуваат сите авио компании.
Вистинската причина за забраната за пушење
Врежано е мислењето дека забраната за пушење на летот е поврзана со безбедносните прашања, но ова и не е баш точно. Некогаш, во авионите се пушело најнормално и немало никакви безбедносни проблеми. Вистинската причина лежи во економска природа, бидејќи воздухот во авионот константно се филтрира, а чадот брзо ги троши филтрите и останатата опрема.
Ве молиме исклучете ги мобилните
Не, доколку го оставите мобилниот вклучен, нема да дојде до несреќа ниту ќе бидете виновни за рушење на авионот, но сепак - може да дојде до попречување во приемот на сигналот и комуникацијата помеѓу пилотите и контролата на летање.
Вработените и нивните семејства плаќаат поевтини авионски билети
Да, многу компании на своите вработени им нудат значително пониски цени на билети, а понекогаш им даваат и бесплатни. Често се бара само плаќање на аеродромските такси, а летот е бесплатен.
Бидете љубезни кон персоналот
Стјуардесите признаваат дека повеќе ќе се потрудат околу вас доколку сте љубезни. Доколку фино објасните зошто не можете да седите до сопатникот, веројатно за вас ќе најдат друго место, а доколку се одлучите на безобразлук и хистерично однесување, ќе си останете каде што сте. Истото се однесува и за храната и сè останато.