Промовирани огласи »

Mercedes-Benz и американскиот стартап Factorial направија значителен напредок во развојот на батерија со цврста состојба, која може да го зголеми дометот на електричните возила на над 600 милји до крајот на деценијата. Новата батерија, наречена Solstice, има енергетска густина до 450 ват-часови по килограм, што ја прави покомпактна и полесна од постоечките литиум-јонски батерии.

Батериите со цврста состојба се сметаат за иднината на електричните возила бидејќи користат цврст електролит, што овозможува поголема енергетска густина, поголема стабилност и безбедност. Со новиот тип батерии, Mercedes има потенцијал да ги намали загриженостите на купувачите околу дометот на возилото, бидејќи тековните најдолги домети се околу 400 милји.

Иако ова е позитивен развој за Mercedes и Factorial, кинеските компании, како MG Motor, веќе се пред нив во развојот на батерии со цврста состојба. MG Motor планира да лансира електрично возило со таква батерија веќе следната година, што би можело да влијае на конкурентноста во индустријата.

Промовирани огласи »

Од почетокот на годината цената на кафето се зголеми за 40 отсто по проблемите во понудата на поевтината сорта „Робуста“, што ја зголеми побарувачката на „Арабика“, пишува „Bloomberg“.

Пазарите се загрижени и поради лошите временски услови кај најголемиот производител на кафе, Бразил, во последните месеци. Производителите веќе предупредија дека жетвата 2024-2025 година ќе биде послаба откако топлината и сушата ги зафатија главните региони за одгледување кафе. Високи температури се очекуваат токму на време за цветање на кафето, кои исто така ќе бидат критични за жетвата.

Јужна Америка е зафатена од најтешката суша во последните децении, што ја загрозува земјоделската жетва и следната година. Додадете на тоа лошата жетва во Виетнам, другиот голем производител на кафе, пренатрупани пристаништа и недостаток на контејнери, како и заканата од напади во Црвеното Море.

Сето ова веќе влијаеше на цената на шолја кафе во САД, откако некои добавувачи веќе ги зголемија цените, меѓу кои и еден од лидерите на пазарот за кафе „JM Smucker“, чие портфолио ги вклучува брендовите „Folgers“ и „Café Bustelo“, кои најавија дополнително поскапување од октомври.

Во Велика Британија, синџирот ресторани „Pret A Manger“ ја откажа претплатата што им овозможуваше на своите клиенти да добиваат до пет кафиња дневно по поевтини цени.

Зголемувањето на цената на кафето придонесува за раст на инфлацијата, забележува и „Bloomberg“. Во последните месеци слабата реколта ги зголеми цените на какаото, чоколадата и чоколадните производи и десерти на пазарот, како и сортата портокали и маслиновото масло. Во оваа фаза, сепак, инфлацијата на храната и понатаму е притисната поради намалената цена на житарките.

Промовирани огласи »

Извршниот директор на Амазон, Енди Џеси најави дека компанија бара од своите вработени да се вратат во канцеларија со полно работно време.

Досега вработените во Амазон досега важеше правило дека во текот на неделата треба да поминат најмалку три дена во канцеларија.

Според Џеси, укинувањето на хибридниот модел бил дизајниран за подобрување на соработката и меѓусебната поврзаност помеѓу вработените со цел да се обезбеди најдобра услуга за клиентите, но и да се подобри бизнисот.

– Кога ќе погледнеме наназад на изминатите пет години, сè уште веруваме дека предностите да се биде заедно во канцеларија се значајни, наведе Џеси.

Промената ќе стапи во сила од јануари 2025 година.

Промовирани огласи »

КАРИЕРА.mk со гордост најавува ексклузивна работилница за сите HR ентузијасти и експерти со Kaltrina Lloncari, сениор HR партнер од Mercedes Benz во Брисел! Настанот ќе се одржи на 25.10.2024 во  Скопје.

Купи Early Bird влезници за 3.800 ден.

На овој настан, освен забава и дружење, ќе имаме одлична можност да ги дознаеме најдобрите HR практики од водечкиот бренд во автомобилската индустрија. Дополнително ќе зборуваме и за иницијативи кои едноставно не успеале или пак не се применуваат повеќе.

Ќе се разгледуваат практики за регрутирање, процеси за onboarding и интеграција на новите вработени, стратегии за задржување и развивање на врвни таленти, практики за мониторирање и поддршка на вработените кои работат на далечина или хибридно, како и програми за благосостојба и ментално здравје. Ова се само некои од интересните теми од светот на HR кои ќе бидат опфатени.

Ова е HR настан кој ќе ви понуди еден куп нови идеи кои ќе можете да ги интегрирате во вашите компании и ќе ве направи дел од светските трендови!

Влезници во продажба ТУКА

За повеќе информации или групни карти контактирајте не на 077 888 722  или пак на [email protected]

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »