Промовирани огласи »

Европа се соочува со голем пад во продажбата на автомобили. За месец август се продадени 644.000 нови автомобили или за 18,3% помалку од истиот период лани. Намалена продажба е забележана на четирите најголеми европски пазари – Германија, Италија, Франција и Шпанија.

Но, во истиот период во Македонија, и покрај тоа што е многу мал пазар во споредба со Европа, забележан е пораст на продажбата на автомобили за околу 50 отсто во однос на 2023 година. Во јули продадени се 750 возила - 640 патнички возила и над 100 превозни.

Во зголемувањето на продажбата на пазарот во Македонија најголемо влијание имаше Geely, новата кинеска марка на еколошки возила. За само 6 месеци, Geely продаде над 100 возила.

Промовирани огласи »

Кинеските научници тврдат дека радијацијата од Starlink сателитите може да им помогне во откривање на стелт авиони. Во нивниот труд, објавен во Journal of Signal Processing, тие го демонстрирале овој метод со помош на DJI Phantom 4 Pro дрон, кој го користеле како замена за стелт авион.

Тие користеле земски радар за следење на радијацијата од Starlink сателит и успеале да го откријат дронот, иако тој бил дизајниран да остане невидлив за радарот. Според нив, овој метод може да се користи за детекција на стелт авиони без разлика на нивната форма или материјал.

Иако тестирањето било спроведено на дронови со ниска височина, научниците веруваат дека оваа технологија би можела да биде ефективна и за откривање на поголеми и посложени стелт авиони, што би можело да ѝ даде значајна предност на кинеската војска.

Промовирани огласи »

Се работи на техничко решение покрај кое ни треба и законско за функционален систем при следењето на сообраќајот со камери, информира денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тој истакна дека целта е што поскоро ставање во функција на камери со кои ќе се утврдуваат и казнуваат сообраќајните прекршоци, да се намалат жртвите во собраќајот и да се зголеми сообраќајната култура.

Поставувањето на камерите треба да покрие и дел од криминалистичката работа на Министерството за внатрешни работи.

Фокусирани сме на тоа да предвидиме соодветно и техничко, моментално се работи на техничко, но и законско решение кое што ќе ни овозможи функционален систем. И кога е отпочнат проектот никој не размислувал во насока на тоа како навистина да ќе биде ставен во функција целиот тој систем. Колку казни ќе продуцира на дневна основа, дали тие ќе може да се сработат од страна на вработените во рамки на Министерството како ќе се процесираат. Кој ќе води постапката дали треба да се зголеми бројот на вработени во рамки на Министерството коишто ги работел прекршоците од аспект на изрекување на прекршоци. Ќе одат во суд, како ќе постапува судот моментално еден судија за прекршоци во Скопје работи на повеќе од 2 000 предмети на дневна основа закажува повеќе од 45 судење. Кој ќе ги сработи тие предмети?. Целта ни е на крајот да го видиме бенефитот од аспект да се намалат жртвите да се покрене сообраќајната култура, изјави Тошковски при посетата на Јегуновце.

Појасни дека камерите би требало конкретно да утврдат сторен прекршок во три сегменти: погрешно паркирање, преминување на црвено светло и недозволена брзина.

Еден од клучните проекти ако не сакаме да има по стотина жртви на годишна основа, мораме сообраќајната култура да ја подигнеме не едно скалило, туку три, четири скалила нагоре, рече Тошковски.

На новинсрако прашањето уште колку од граѓаните ги немаат променето личните документи потенцраше дека е останат помал број и оти хаосот е решен пред еден месец.

Останат е уште помал број. Конкретно не можам да кажам колку. Не е точна информацијата која што беше пренесен во јавноста дека еден милион возачки дозволи ќе треба да се реиздадеме. Мислам дека бројката е негде околу 200 000 кој што треба да се ре-издадат во останатиот период од прилика. Мислам дека имаме капацитет да го направиме тоа. Повторно тука имаме дезинформации ширење на лаги од страна на луѓе кои што не си ја сакаат држава во насока да уплашат или да, дефокусираат или не знам што да направат. МВР ќе работи во интерес на граѓаните, рече Тошковски.

Тој беше во посета на новата канцеларија на управните служби која почна да работи во полицискиото одделение во Јегуновце и општински центар.

Промовирани огласи »

Фолксваген би можел да укине до 30.000 работни места во Германија. Покрај тоа, финансискиот директор Арно Антлиц сака да ги намали средствата на 160 милијарди евра за планирање на инвестициите во следните пет години, објави Менаџер-Магазин, цитирајќи свои информации.

Неодамна издвои 170 милијарди евра за среднорочно планирање од 2025 до 2029 година.

Во планираните мерки за штедење во Германија ќе се разговара и за вкупно до 30.000 работни места. Портпаролот на компанијата не сакаше да ги коментира овие информации.

Преговорите со синдикатот почнуваат следната недела

Фолксваген се бори со високите трошоци во својата основна марка патнички автомобили. Производителот на автомобили стави крај на децениската безбедност на работните места со синдикатите во Германија, со разговори за затворање на фабрики и принудни отпуштања.

Шефот на брендот, Томас Шефер, сака да го подигне оперативниот поврат на инвестицијата на целното ниво од 6,5 проценти во наредните години.

Преговорите со ИГ Метал започнуваат на 25 септември.

Очигледно, притисокот е толку голем што на маса се и далекосежни технолошки вишок. Според „Манаџер магазин“, бројот на вработени во Германија се очекува да падне за 30.000 на среден рок, според идејата за 130.000 вработувања на тврдокорните. Управниот директор Оливер Блум, исто така, сметаше дека тоа е реално на долг рок.

Неговиот претходник, Херберт Дис, веќе наиде на силен отпор со идејата за кратење на работните места во овој обем и мораше брзо да ги откаже соодветните планови.

Според магазинот, работите би можеле да бидат особено горчливи во истражувањето и развојот. Според некои предвидувања, од околу 13.000 вработени во Германија, од 4.000 до 6.000 би требало да бидат отпуштени. Делумно пензионирање и отпремнина не би биле доволни мерки за ова.

Блиц.рс

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »