Промовирани огласи »

Фолксваген би можел да укине до 30.000 работни места во Германија. Покрај тоа, финансискиот директор Арно Антлиц сака да ги намали средствата на 160 милијарди евра за планирање на инвестициите во следните пет години, објави Менаџер-Магазин, цитирајќи свои информации.

Неодамна издвои 170 милијарди евра за среднорочно планирање од 2025 до 2029 година.

Во планираните мерки за штедење во Германија ќе се разговара и за вкупно до 30.000 работни места. Портпаролот на компанијата не сакаше да ги коментира овие информации.

Преговорите со синдикатот почнуваат следната недела

Фолксваген се бори со високите трошоци во својата основна марка патнички автомобили. Производителот на автомобили стави крај на децениската безбедност на работните места со синдикатите во Германија, со разговори за затворање на фабрики и принудни отпуштања.

Шефот на брендот, Томас Шефер, сака да го подигне оперативниот поврат на инвестицијата на целното ниво од 6,5 проценти во наредните години.

Преговорите со ИГ Метал започнуваат на 25 септември.

Очигледно, притисокот е толку голем што на маса се и далекосежни технолошки вишок. Според „Манаџер магазин“, бројот на вработени во Германија се очекува да падне за 30.000 на среден рок, според идејата за 130.000 вработувања на тврдокорните. Управниот директор Оливер Блум, исто така, сметаше дека тоа е реално на долг рок.

Неговиот претходник, Херберт Дис, веќе наиде на силен отпор со идејата за кратење на работните места во овој обем и мораше брзо да ги откаже соодветните планови.

Според магазинот, работите би можеле да бидат особено горчливи во истражувањето и развојот. Според некои предвидувања, од околу 13.000 вработени во Германија, од 4.000 до 6.000 би требало да бидат отпуштени. Делумно пензионирање и отпремнина не би биле доволни мерки за ова.

Блиц.рс

Промовирани огласи »

Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше дека Владата на вонредна седница донела одлука со која ќе се ограничи маржата на 10 отсто и ќе бидат опфатени стотина основни прехрамени производи во трговијата на големо и мало, леб, пекарски и млечни производи, млеко, месо и преработки од месо, дел од конзервните производи, овошје, зеленчук.
Има, рече Мицкоски, стотици продукти кои што ќе бидат опфатени со оваа мерка. Ќе имаме вакви акции, кои што ќе траат по месец, месец и половина, два месеци, во која што бруто профитот ќе биде ограничен, односно до ниво од десет проценти за да не ни се случуваат удари по стандардот на граѓаните, изјави Мицкоски.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше дека Владата на вонредна седница донела одлука со која ќе се ограничи маржата на 10 отсто и ќе бидат опфатени стотина основни прехрамени производи во трговијата на големо и мало, леб, пекарски и млечни производи, млеко, месо и преработки од месо, дел од конзервните производи, овошје, зеленчук.

Има, рече Мицкоски, стотици продукти кои што ќе бидат опфатени со оваа мерка. Ќе имаме вакви акции, кои што ќе траат по месец, месец и половина, два месеци, во која што бруто профитот ќе биде ограничен, односно до ниво од десет проценти за да не ни се случуваат удари по стандардот на граѓаните, изјави Мицкоски.

Мицкоски, исто така, најави дека континуирано ќе се носат мерки, со кои, како што рече, ќе се обидат да го подобрат стандардот на граѓаните и да се олесни живејачката. Предлогот, како што беше претходно инофмирано, е изготвен во консултација со трговците и производителите како кракторочна мерка која се предвидува да трае еден месец и да се носи за време на празниците кога обично цените се зголемуваат.

Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

ФЕЈДОМ Фурнитуре ДОО е светски производител на гарнитури произведени во Македонија, од кои 95% се за извоз во Европа, Канада и Америка. Повеќе од 15 години е препознаен по својот модуларен и прилагодлив дизајн, како и високиот квалитет.

Моментално вработува:

КРОЈАЧ НА ЦИРКУЛАР
СТОЛАР

АКРОН Д.О.О Скопје веќе 19 години успешно се занимава со изработка на вградени плакари, преградни лизгачки врати, утилити простори по Ваша мерка и барање.

Моментално вработува:

РАБОТНИЦИ ВО СТОЛАРСКИ ПОГОН

КРОМБЕРГ И ШУБЕРТ се фокусира на развој и производство на комплексни системи за ожичување за автомобилската индустрија.

Моментално враборува:

SPECIALIST ANALYSIS AND PREVENTION
ADMINISTRATIVE ASSISTANT
ОБУЧУВАЧ ВО ПРОИЗВОДСТВО
PRODUCTION TEAM LEADER
ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО – СКОПЈЕ
ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО – БИТОЛА
ДОСТАВУВАЧ НА МАТЕРИЈАЛИ НА ПРОЗИВОДНА ЛИНИЈА

ГРУПАЦИЈАТА ВИНДИЈА опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

ВДЛ ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА е дел од холандската Групација ВДЛ. Компанијата дојде во земјава во 2012 година кога ја изгради и фабриката во Технолошко индустриската развојна зона Скопје2 во Бунарџик, со што ја врати традицијата на автобуската индустрија во земјата.

Сите огласи од Ван Хоол Македонија можете да ги најдете ТУКА.

ПИВАРА СКОПЈЕ АД е една од водечките компании во Македонија, заедничко вложување помеѓу Coca-Cola HBC и Heineken.

Моментално вработува:

УНАПРЕДУВАЧ НА ПАЗАРОТ - РЕОН ОХРИД
УНАПРЕДУВАЧ НА ПАЗАРОТ - РЕОН КАВАДАРЦИ
УНАПРЕДУВАЧ НА ПАЗАРОТ - РЕОН СКОПЈЕ

LEAR CORPORATION компанијатакоја се бави со производство на автомобилски навлаки и седишта во ТИРЗ - Тетово.

Моментално вработува:

СУПЕРВИЗОР НА СМЕНА ВО КРОЈАЧНИЦА
РАКОВОДИТЕЛ НА СМЕНА ВО ПРОИЗВОДСТВО
СУПЕРВИЗОР ЗА ДЕКОРАТИВНО ШИЕЊЕ
MATERIALS ADMINISTRATOR -SKOPJE

КАМ доо е најголем национален хард-дисконт и трговец-лидер во малопродажбата во Македонија. КАМ ги следи принципите на хард-дисконт: висок квалитет по ниски цени.

Моментално вработува:

СОРАБОТНИК ЗА КОНТРОЛИНГ

ГРАНТ ТОРНТОН Северна Македонија е дел од глобалната мрежа на Грант Торнтон Интернационал составена од независни ревизорски, даночни и советодавни фирми, со преку 73.000 луѓе во над 149 земји во светот.

Моментално вработува:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2024 година, изнесува 40 961 денари покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според ДЗС индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година, изнесува 112.9.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (19.1 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување (18.6 %) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (16.7 %).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (9.9 %), Административни и помошни услужни дејности (5.6 %) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (5.4 %).

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »