Столар

За компанијата: Фејдом Фурнитуре ДОО е светски производител на гарнитури произведени во Македонија, од кои 95% се за извоз во Европа, Канада и Америка. Повеќе од 15 години е препознаен по својот модуларен и прилагодлив дизајн, како и високиот квалитет. повеќе за компанијата »

За компанијата : Фејдом Фурнитуре Доо-Скопје ,светски реномиран производител на гарнитури лоциран во Визбегово – Скопје, на  ул.1550 бр.52,  контакт  тел. 02 2610-800 или 076315883

Опис на компанијата

Фејдом Фурнитуре ДОО е светски производител на гарнитури  произведени во Македонија, од кои 95%  се за извоз во Европа, Канада и Америка.

Повеќе од 15 години е препознаен по својот модуларен и прилагодлив дизајн, како и високиот квалитет.

За растечките потреби на нашиот производен капацитет Фејдом Фурнитуре ДОО,  лоциран во Индустриската Зона Визбегово – Скопје, отвараме работни места за следните позиции:

Работно место: СТОЛАР

  • Врши визуелна проверка на алатот за работа пред отпочнување со работа
  • Преземање на репро материјал од машински сектор согласно  потребите за извршување на
  • дневниот налог
  • Го подготвува и селектира репро материјалот
  • Врши проверка на квалитетот на материјалот
  • Склопува и спојува дрвен материјал со пневматски пиштол и лепак според однапред зададени спецификации за склопување за секој модел
  • Навремено и точно изработува дневни налози
  • Извршува работни обврски со голема претпазливост и прецизност
  • Ги одржува алатот, опремата и машината за работа и соодветно ги користи
  • Изработениот налог правилно го распоредува по линии на палета и го издава за пренесување до
  • нареден погон
  • Задолжително користи шаблони зададени по спецификација за изработка на модели
  • Запазува процедури и спецификации за производство и склопување
  • Рационално го користи репро материјалот и маскимално води грижа за искористување на
  • направениот дрвен отпад за производствени потреби
  • Се грижи за ефикасно и продуктивно извршување на својата работа
  • Веднаш реагира и исполнува доколку се појави недостаток или неправилност на склопен елемент во одреден сектор
  • Одговара за правилно сортирање и означување на склопени елементи  по модели и линии
  • Се однесува согласно Правилникот за работа, избегнува конфликити и се грижи за пријатна работна атмосфера
  • При забележана неправилност задолжително го известува Раководителот на сектор
  • Го почитува куќниот ред на комапнијата и не го злоупотребува определеното време за пауза
  • Изготвува дневни извештаи за работа.
  • Ги почитува правилата за безбедност дефинирани на локацијата каде што извршува работни задачи
  • Се придржува до добрите хигиенски пракси на своето работноместо ,одржување на лична хигиена и хигиена во просторот во кој работи

Што нудиме:

  • Бараме работник кој ќе работи 8 часа активно
  • Работа само во прва смена
  • 7 дена пробен период
  • Работно време од понеделник до петок од 07-15 часот
  • Регрес за годишен одмор
  • Бесплатен топол оброк
  • Овозможени 2 паузи за оброк и кафе
  • Колективен платен одмор летен и зимски
  • Обезбеден платен превоз
  • Бонус за редовност
  • Можност за кариерна патека и напредување

Доколку сте заинтересирани  испратете го Вашето CV (работна биографија), на e-mail  [најави се за да го видиш е-маилот]  или јавете се на тел.

02 2610 800 и 076315 883

**Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »