Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетија објави дека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.09.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 76,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.09.2024 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 67,50 ден/лит.

Промовирани огласи »

ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден.

Моментално вработува:

Фарбари
Фарбар за антикорозивна заштита
Техничари за греење, вентилација и климатизација
Тест возач
Припремач - фарбара

Преостанатите огласи од ВАН ХООЛ можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции ќе ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

КАРИЕРА.mk со гордост најавува ексклузивна работилница за сите HR ентузијасти и експерти со Kaltrina Lloncari, сениор HR партнер од Mercedes Benz во Брисел! Настанот ќе се одржи на 25.10.2024 во  Скопје.

Купи Early Bird влезници за 3.800 ден.+ ддв

Ќе се разгледуваат практики за регрутирање, процеси за onboarding и интеграција на новите вработени, стратегии за задржување и развивање на врвни таленти, практики за мониторирање и поддршка на вработените кои работат на далечина или хибридно, како и програми за благосостојба и ментално здравје. Ова се само некои од интересните теми од светот на HR кои ќе бидат опфатени.

Ова е HR настан кој ќе ви понуди еден куп нови идеи кои ќе можете да ги интегрирате во вашите компании и ќе ве направи дел од светските трендови!

Побрзајте и купете ги вашите карти ТУКА

Или за повеќе информации или групни карти контактирајте не на 077 888 722 или пак на [email protected]

Не ја пропуштајте ја оваа можност! Се гледаме на настанот!

Промовирани огласи »

Цената на златото достигна ново рекордно ниво оваа недела, со спот цена од 2.657 долари за тројска унца, што е највисока регистрирана цена досега. Тоа значи дека златна шипка од 400 тројски унци денес вреди повеќе од 1,06 милиони долари. Во текот на последната година, цената на златото е зголемена за стотици долари по унца, со пораст од речиси 30% од почетокот на 2024 година, надминувајќи го растот на S&P 500 индексот.

Главните фактори зад овој пораст се глобалната економска несигурност, геополитичките тензии како војните во Газа и Украина, и зголемената побарувачка од централните банки. Пазарната нестабилност и стравот од инфлација го прават златото атрактивно за инвеститорите како "сигурно прибежиште". Кинеските економски мерки исто така придонесуваат за дополнително зголемување на побарувачката.

Иако златото се смета за добра алатка за диверзификација на портфолиото, експертите предупредуваат против ризикување на сите средства само поради растот на цената. Пазарните аналитичари очекуваат корекција на цената ако геополитичките тензии се намалат, но долгорочните прогнози остануваат позитивни. Сепак, не се препорачува инвестирање без јасна стратегија и внимание кон можните измами.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »