Промовирани огласи »

Вкупниот ефект од зголемувањето на минималната плата и покачувањето од два процента кај вработените во градинките ќе биде до 2.040 денари во зависност од нивното работно место.

Основната бруто плата пред зголемувањето од два процента за септември за одредено работно место би изнесувало 15.090 денари, со зголемувањето од два отсто на бруто платата добиваме сума од 15.392 денари, а со зголемувањето на минималната плата за истата бруто плата добиваме 17.130 денари. Тоа значи дека зависно од одредено работно место ефектот од зголемувањето од два процента и зголемувањето на минималната плата за вработените во градикните ќе изнесува до 2.040 денари, рече на денешната прес-конференција министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Додаде дека овие средства на вработените во градинките им се исплатени со септемвриската плата која се исплаќа во октомври.

Минималната плата во иднина ќе мора да се исплаќа бидејќи, како што рече министерката, тоа е регулирано преку Управата за јавни приходи, каде нема да можат да поминат плати пониски од законски предвидената минимална плата од 12 илјади денари.

Првата зголемена минимална плата е септемвриската, исплатена овој месец.

Промовирани огласи »

Земјите во светот страдаат од последиците од зголемената внатрешна нееднаквост и треба сериозно да размислат за прераспределба на богатството преку даночна политика и трансфер исплати, соопшти Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), цитиран од агенциите.

Иако генерално глобалната нееднаквост како да е намалена во последните децении поради економскиот раст на земјите како Кина и Индија, нееднаквоста во некои земји се зголемила нагло, особено во големите како САД и Кина. Фондот предупреди дека прекумерната нееднаквост може да го намали економскиот раст.

Прогресивните плаќања за оданочување и трансферите се клучните компоненти на ефективната фискална редистрибуција, се вели во извештајот „Фискален монитор“ на ММФ.

Препораките на ММФ изгледа се разминуваат со ставовите на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, чии нови даночни предлози се базираат главно на намалување на даноците за компаниите и на богатите.

Во извештајот ММФ наведува дека падот на вкупната светска нееднаквост во последните 30 години, кој е резултат на глобализацијата и технолошкиот напредок, ги прикрива длабоките проблеми во земјите.

Во истиот период, 53 отсто од земјите известуваат за зголемување на нееднаквоста во приходите, објави ММФ. Латинска Америка останува со најголемата нееднаквост во светот.

Особено е силен порастот на нееднаквоста во развиените економии, но се шири низ целиот свет.

Во многу развиени економии, како САД на пример, зголемувањето на нееднаквоста е резултат на поголемата концентрација на богатство во најбогатиот еден процент од населението.

ММФ, исто така, препорачува стеснување на празнините во образованието за да се елиминираат нееднаквостите во приходите.

Во исто време, Фондот предупреди за засилени ризици за финансиската стабилност на Кина во врска со големината, комплексноста и динамиката на растот во финансиската сфера на земјата. Ова е наведено во Извештајот за глобалната финансиска стабилност.

„Постојаниот раст во Кина и цврстите политики во финансискиот сектор во последните квартали ја намалија загриженоста во врска со можното забавување на растот во краткорочна перспектива и негативните секундарни ефекти за светската економија. Димензиите, комплексноста и динамиката на раст во финансиската сфера на Кина сепак покажуваат зголемување на ризиците за финансиска стабилност“, истакнаа експерти од ММФ.

Тие објаснуваат дека средствата на кинескиот банкарски сектор се зголемија од 240 отсто од БДП-то на крајот на 2012-та година на 31 отсто од БДП-то од оваа година.

„Покрај тоа поширокото користење на краткорочното финансирање на големо и „сивото кредитирање“ доведе до зајакнување на ранливоста на банките“, забележуваат авторите на извештајот.

Според нив Пекинг се судрил со потребата „точно да балансира стврднување на политиката во финансискиот сектор и забавување на економскиот раст“. „Одложувањето на темпото на раст на „сивото кредитирање, иако умерено, ќе се одрази негативно на профитабилноста и поширокото обезбедување на кредити од малите и средните банки“, заклучува извештајот на ММФ.

Промовирани огласи »

Што ќе донесе Пеленската Револуција? Дали оваа иницијатива е предвремена или навремена? Дали Македонија е подготвена за ваков чекор?

Граѓанската инцијатива „450 Породилно(Пеленска револуција) организираше референдум за донесување на предлог Закон за работни односи со кој ќе се зголеми времетраењето на платено отсуство од работа поради бременост,раѓање и родителство од сегашните 9 месеци(за едно дете) и 15 (за повеќе деца, на 18 месеци за сите мајки без разлика колку деца раѓаат. Потребните потписи за почеток на постапката се собрани.

Женски Магазин истражува што ќе добиеме, а што ќе изгубиме...Анализата прочитајте ја овде!

Промовирани огласи »

Новaтa холандскa влада објави дека е усвоено решение сите нови автомобили кои се продаваат во земјата по 2030 година да имаат нулата вредни емисии.. Тоа практично значи дека Холандија ќе се приклучи на листата на земји кои ќе ги забранат автомобилите на дизел и бензин во наредните години.

Коалицискиот кабинет, составен по повеќе од 2 месечни преговори, се огласи исто за поагресивни цели за намалување на штетните емисии во целина - 49% намалување на емисиите на CO2 во земјата до 2030 година во споредба со нивото од 1990 година.

Холандија не е првата земја која предвидува забрана за фосилни горива. Франција вели дека сака да ја забрани продажбата на бензин и дизел автомобили до 2040 година, а Кина и Велика Британија ја следеа со слични планови, иако Кина уште не ги објави роковите.

Холандија, слично на Франција, исто така, повика на затворање на сите јаглен централи во земјата до 2030 година и за поширока употреба на зафаќање и складирање на јаглерод диоксид (CCS - caption carbon storage), за да ги постигне своите цели за намалување на емисија на CO2 за 49%.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »