Промовирани огласи »

Процесот за учество во лотаријата за зелена карта за 2026 година започна на 2 октомври во 18 часот и ќе трае до 5 ноември, 2024 година, до 18 часот по локално време. Ова е голема можност за сите кои ги исполнуваат критериумите да аплицираат за иселеничка виза за САД и да добијат шанса да го продолжат својот живот во Америка.

Бесплатно учество и важни насоки

Лотаријата е целосно бесплатна и не постојат скриени трошоци за пријавување. Амбасадата на САД предупредува граѓаните да бидат претпазливи од посредници и агенции кои ветуваат зголемени шанси за извлекување во замена за паричен надомест. Секој треба лично да ја пополни својата пријава и да го чува својот единствен број. Овој број е од суштинска важност бидејќи преку него кандидатите ќе можат да проверат дали се избрани преку програмата во мај 2025 година.

Препораки за успешна апликација

Кандидатите се охрабруваат што е можно порано да ја поднесат својата апликација и да избегнат поднесување повеќе од една лична пријава, бидејќи тоа може да доведе до дисквалификација. Важно е да се вклучат сите членови на семејството, како сопружникот и сите неженети/немажени деца под 21 година, дури и ако тие не планираат да патуваат или имигрираат.

Најважно е кандидатите самостојно да ја пополнат апликацијата на официјалната веб-страница https://dvprogram.state.gov, бидејќи ова е единствениот начин за учество. Важно е секој кандидат да ја испечати и зачува потврдната страница од пријавата, заедно со својот единствен број, кој треба да го чува до 30 септември, 2026 година.

Избегнување на измами

САД веќе долго време предупредува за појавата на лажни посредници кои бараат дополнителни средства за да го вратат единствениот број на кандидатите. Затоа, кандидатите треба да бидат внимателни и да не им веруваат на оние кои ветуваат сигурни победи во замена за пари. Единствениот начин да се учествува во лотаријата е преку официјалниот сајт на програмата, каде што апликацијата мора да се пополни правилно и навремено.

За повеќе информации, кандидатите можат да ги прочитаат целосните инструкции на travel.state.gov/dv и да се информираат за сите чекори на процесот на аплицирање.

Промовирани огласи »

По повод Меѓународниот ден за стари лица, Институтот за јавно здравје го објави извештајот за населението во Македонија. Во него се вели дека за десет години, во периодот од 2013 до 2023 година учеството на старото население на 65 и повеќе години се зголемило од 13.1% на 18.1%. Според последните податоци на Државниот завод за статистика вкупениот број на население над 65 години во Македонија е 315. 331 жител, додека бројот на новородени се намалува.

Жените имаат тенденција да живеат подолго од мажите и на тој начин го сочинуваат мнозинството постари лица како кај нас така и во светски рамки.

Стареењето на населението е неповратен глобален тренд. Во 2021 година 1 од 10 луѓе во светот биле на возраст од 65 години и повеќе. Во 2050 година оваа возрасна група се предвидува да опфаќа 1 од 6 луѓе на глобално ниво.

Вообичаени здравствени состојби поврзани со стареењето се: губење на слухот, катаракта, остеоартритис, хронична опструктивна белодробна болест, дијабетес, деменција и депресија. Како што луѓето стареат, тие имаат поголема веројатност да искусат неколку состојби истовремено, се вели во извештајот на ИЈЗ.

Во постара возраст карактеристични се и појави на некои по сложени здравствени состојби кои вообичаено се нарекуваат геријатриски синдроми. Тие често се последица на повеќе основни фактори и вклучуваат слабости, уринарна инкотиненција, падови, делириуми, чирови од притисок.

Иако некои од варијациите во здравјето кај постарите лица се генетски, повеќето се должат на физичката и на социјалната средина на луѓето вклучувајќи ги нивните домови, нивните соседства и заедници како и нивните лични карактеристики како што е пол, етничката припадност или социо-економскиот статус. Сите овие карактеристики придонесуваат за тоа на каков начин луѓето ќе стареат. Физичката и социјалната средина може дирекно да влијае на здравјето, преку бариери или пак преку стимулации кои влијаат на можностите како и на одлуките за добро здравственото поведение.

Промовирани огласи »

Компанијата „Кромберг & Шуберт Mакедонија Бт ДООЕЛ“ во Битола официјално објави покачување на платите на своите вработени, како дел од континуираните напори за подобрување на работните услови. Ова е дел од стратегијата на компанијата за привлекување и задржување на квалификуван кадар, како и за создавање стабилна и мотивирачка работна средина.

Со новото зголемување на платите „Кромберг & Шуберт Mакедонија Бт ДООЕЛ“ покажаа висока свесност за важноста на економската сигурност на своите вработени, кои се клучен фактор во производниот процес. Компанијата ја препознава важноста на инвестицијата во човечкиот капитал како предуслов за одржлив раст и развој, при што се фокусира на обезбедување подобри услови за работа, со што истовремено ги поттикнува продуктивноста и задоволството на вработените.

Со ова покачување „Кромберг & Шуберт Mакедонија Бт ДООЕЛ“  испраќа силна порака за својата решеност да биде лидер не само во индустриското производство, туку и во однос на општествената одговорност и грижата за вработените. Компанијата е свесна дека задоволството на вработените е основен предуслов за постигнување на висококвалитетни производствени резултати.

„Кромберг & Шуберт Mакедонија Бт ДООЕЛ“ редовно ги следи економските трендови и инфлациските движења, прилагодувајќи ги платите на вработените за да обезбеди соодветен животен стандард. Со ваквите иницијативи, компанијата не само што ги задоволува потребите на своите вработени, туку и придонесува кон подигнување на економскиот стандард во пошироката заедница.

Покрај покачувањето на платите, „Кромберг & Шуберт Mакедонија Бт ДООЕЛ“ во Битола воведува и дополнителни програми за професионален развој и унапредување на вештините на вработените, со што се стреми да ги подготви за новите предизвици во индустријата. Оваа иницијатива е само еден дел од посветеноста на компанијата да биде пример за успешен индустриски капацитет кој постојано вложува во својот највреден ресурс – луѓето.

Согласно долгорочните цели за развој, компанијата најавува дека ќе продолжи со имплементација на проекти за подобрување на условите за работа и зголемување на задоволството на своите вработени, при што покачувањето на платите ќе биде само една од мерките во насока на остварување на таа визија.

Промовирани огласи »

SGP Group создава меѓународна мрежа која покрива поголем дел од Европа. Работејќи на пазарот од 2006 година со долгогодишно искуство, SGP Group е специјализирана за давање услуги како што се избор, сортирање, поправка на детали, компоненти и готови производи.

Моментално вработува:

Оператор за контрола на квалитет - Локација Струмица
Оператор - Охрид, Струга
Оператор за контрола на квалитет - Локација Битола
Оператор - Скопје, Куманово
Оператор - Кичево, Македонски Брод
Оператор за контрола на квалитет - Локација Св.Николе, Штип
Оператор за контрола на квалитет - Локација Велес

Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »