Развојот на секој бизнис зависи од поставувањето на продуктот или услугата на конкретна таргет публика. Без постоењето на дефинирана таргет група, ризикувате да не оставите добар впечаток на пазарот како и непотребно трошење ресурси.
Истражувањето на пазарот може да го направите со користење на два методи - примарен и секундарен истражувачки метод. Методот кој ќе го употребите кое ќе ви користи за понатамошно истражување на корисниците како индивидуи.
Примарен метод на истражување
Преку различните форми на примарно истражување како што се „еден на еден“ интервјуа, фокус групи, телефонски повици, истражувања, вашиот бизнис има можност да го тестира идентитетот на својот бренд и маркетинг пораките. Исто така се поврзувате и со потенцијални идни таргети, се за време на истражувањето.
- „Еден на еден“ интервјуа: Може да одберете 1 од 100 клиенти кои ја посетуваат вашата веб страна или вашата канцеларија за овој вид на интервју. На овој начин, вие создавате врска помеѓу ваш и вашите клиенти, им покажувате дека се интересирате за нив и им нудите шанса да ви ја доловат својата страна од нивното искуство со вашите услуги.
- Анкети: Предноста во создавањето и имплементирањето на анкетите е што може да се соберат информации за вашиот таргет онлајн, а тоа значи брзо. Доколку овозможите и некој вид на награда за пополнување на анкетата, како промотивен код или попуст на одреден продукт, вашата таргетирана публика ќе има уште поголема желба да ја пополни анкетата.
- Фокус групи: Со фокус групите, се собираат истиот тип на информации како и со анкетите, но со предноста на лице во лице интеграција и подетални информации на индивидуално ниво. На учесниците им е овозможено да ги видат и допрат продуктите, што е одлична предност. Исто така, преку фокус групите учесниците добиваат чувство на грижа од страна на компанијата кон нивното мислење, а тоа е основа за создавање на верен клиент.
Употребете некои од следниве прашања кои може да ги поставите на потенцијалниот таргетиран клиент за да дознаете повеќе зошто вашиот клиент би купил од вас или би ги користел вашите услуги:
- Како го поминувате слободното време?
- Кои вредности се најважни за вас?
- Кои фактори влијаат на вашата одлука при купување?
- На кој начин најчесто се информирате?
- Каде сакате да пазарувате онлајн?
Секундарен метод на истражување
Во секундарниот метод на истражување, дел од работата веќе била завршена за вас. Овој вид на истражување користи информации кои се собирани од надворешни организации (како маркет истражувања или владини агенции). Преку секундарното истражување, може многу да научите за вашите конкуренти и за вашата индустрија. Информирањето за тоа кој го идентификувале како таргет вашите конкуренти и позиционирањето на нивниот бренд, може многу да ви помогне со вашите маркетинг стратегии. Идентификувањето на таргет пазарот и услужување на специфичните потреби на вашиот клиент е клучно за поуспешен бизнис.