Промовирани огласи »

Дали некогаш сте се запрашале колку вкупно пари има на светот? Одговорот не е сосема едноставен, бидејќи под парични вредности денес се подразбираат нешто повеќе поими од самиот кеш.

Тоа што прво ни паѓа на памет кога ќе кажеме пари, е кешот, а економистите тоа го нарекуваат "M0". Сите банкноти и сите монети во светот на едно место денес би имале вредност од 5.200 милијарди долари. 

Следи количината на пари која економистите ја нарекуваат "M1", а која е сочинета од сиот кеш и сите пари кои се наоѓаат на сите сметки во банките во светот. Тоа се парите кои ги имате или немате во банка на сметка, а кои можете да ги земете кога ќе посакате. такви пари во светот има двојно повеќе од банкноти и монети. Парите во оваа категорија изнесуваат 25.000 милијарди долари. 

Под тоа што економистите го нарекуваат "M2" се подразбира сиот износ под "M1" плус сите светски мали, краткорочно орочени заштеди. Во оваа категорија доаѓаме до вкупен износ од 60.000 милијарди долари. 

На крајот имаме и категорија "М3", до која се доаѓа кога на "М2" се додаваат сите долгорочно орочени вредност, институционални пари и сите други влогови. Тука вкупниот износ е 80.900 милијарди долари. 

Промовирани огласи »

Магазинот Economist анализираше 49 индикатори во сите аспекти на безбедност за да дојде до резултат од 100.

Врз основа на индексот на безбедност рангирани се 60 градови ширум светот и тоа врз основа на личната безбедност, дигиталната сигурност, здравствената и инфраструктурната безбедност.

Еве кои градови се во топ 10:

1. Токио, Јапонија

2. Сингапур

3. Осака, Јапонија

4. Торонто, Канада

5. Мелбурн, Австралија

6. Амстердам, Холандија

7. Сиднеј, Австралија

8. Стокхолм, Шведска

9. Хонгконг

10. Цирих, Швајцарија

Промовирани огласи »

Денес во Скопје почнува шестиот по ред регионален бизнис САМИТ 100 на лидери од Југоисточна Европа. На дводневниот самит ќе учествуваат над 150 бизнис лидери од Словенија, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија, Србија и Косово.

Според програмата на самитот, вториот ден е предвиден премиерски панел, на кој ќе учeствуваат премиерите: Зоран Заев од Македонија, Денис Звиздиќ од БИХ, Душко Марковиќ од Црна Гора, Рамуш Харадинај од Косово, Еди Рама од Албанија, а можно е да дојде и Андреј Пленковиќ од Хрватска.

Премиерот на Македонија Заев ќе има свое излагање на тема: „Нов договор за новото време, или, дали регионот е подготвен за натпревар на глобалната сцена“. На самитот ќе се зборува за енергијата, за економиите засновани на знаење, за брендирањето, за дигиталната економија и за стратегиите за поврзување на регионот и за заеднички иницијативи во областа на туризмот.

Официјално самитот ќе го отвори Живко Мукаетов, генерален директор на „Алкалоид АД“ Скопје и претседател на управниот одбор на САМИТ100 и претседателот на Македонија Ѓорге Иванов.

Клучна тема на годинешниот самит на бизнисмени од Западен Балкан ќе биде поврзувањето во различни области и на различни нивоа, а еден од главните говорници ќе биде еврокомесарката за транспорт Виолета Булц.

Живко Мукаетов на прес конференцијата, што се одржа минатата недела во Скопје, најави дека на овој самит ќе се разговара и за реализација на Едисон проектот, кој бил договорен на претходниот самит, лани во Сараево. Тој објасни дека со овој проект се предвидува на патиштата во регионот да се стават полначи за електромобили за да може да се воведуваат електрични автомобили, а со тоа да се исфрлат од употреба автомобилите кои користат дизел и други горива кои ја загадуваат животната средина.

Промовирани огласи »

Возачите кои заради брзо возење или возење под дејство на алкохол ќе предизвикаат сообраќајка со смртни последици ќе добијат доживотен затвор. 

Ваква одлука донесе Владата на Велика Британија. Казната за ова дело од 14 години колку што изнесува сега ќе биде зголемена на доживотен затвор. 

Со ова казната ќе биде изедначена како онаа за извршено убиство. 

Индипендент пишува дека лани 157 лица се осудени заради предизвикување на сообраќајни несреќи со смртни последници, но не е објавено за колкави затворски казни станува збор.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »