Промовирани огласи »

Купувањето животно осигурување не е лесна одлука. Отвара многу несигурни прашања кои не оставаат прашувајќи се што е тоа што може да направиме за да им олеснеме да нашите најблиски во случај на неочекувани настани. 

Најчести грешки кои луѓето ги прават при купувањето на животно осигурување:

  • Потрага по најдобрата цена, наместо по најдоброто покривање - Фактите го зборуваат следново - ние купуваме животно осигурување за да имаме мирна совест доколку нешто непланирано ни се случи. Поради ова, секогаш сме насочени кон плаќање премногу за покривање, за полиса. Поевтините полиси (оние кои се премногу добри за да бидат вистинити) може да содржат потенцијални сомнителни прашања. Детално читање на полисата, истражување на покриените делови и најважно, прегледајте ги назначените исклучувања од полисата, односно сите можни случувања кои полисата нема да ви ги покрие. 
  • „Не ми е потребен совет, на ТВ го видов, лесно е“ - Купувањето на полиса за животно осигурување е едноставно како купување чоколадо. Во денешно време, се сведува на еден телефонски повик кон агент за животно осигурување или посета на канцеларии, што го прави процесот многу достапен. Меѓутоа, достапноста може да биде и опасна. Ако изгледа како да е премногу добро за да биде вистинито, најверојатно е. Животното осигурување кое е лесно и брзо за да се добие може да има необјавени, скриени клаузули, исклучоци и истото може да биде одбиено поради тоа. Разговор со квалификуван и независен финански советник може да ви користи многу и да ви помогне да си направите полиса според вашите мерки и потреби.
  • Животот се менува, затоа треба и вашето осигурување - Потрудете се за привремен преглед на полисата и менувајте ја по потреба. Можеби ќе треба да извршите промени во делот на:

  • Сте стапиле во брак или развод (да се надеваме не во иста година!)
  • Очекувате дете или имате деца кои го напуштиле домот
  • Имате зголемени приходи, поголеми долгови или отплаќате хипотека.

Сите овие животни ситуации го формираат нивото на полиса која ја имате и според животниот тек, се менуваат. 

Ние никогаш не купуваме животно осигурување поради себеси, Тоа е мала инвестиција која ќе не осигури дека не ги напуштаме нашите најблиски без финансиска сигурност во случај на изненадна смрт. 

Промовирани огласи »

Што ќе донесе Пеленската Револуција? Дали оваа иницијатива е предвремена или навремена? Дали Македонија е подготвена за ваков чекор?

Граѓанската инцијатива „450 Породилно (Пеленска револуција) организираше референдум за донесување на предлог Закон за работни односи со кој ќе се зголеми времетраењето на платено отсуство од работа поради бременост, раѓање и родителство од сегашните 9 месеци (за едно дете) и 15 (за повеќе деца, на 18 месеци за сите мајки без разлика колку деца раѓаат. Потребните потписи за почеток на постапката се собрани.

Женски Магазин истражува што ќе добиеме, а што ќе изгубиме.

Повторно би сакала да го нагласам балансот кој континуирано мора да се гради помеѓу професионалниот и семејниот живот. Според мене, социјалната сигурност на мајките кои работат, подеднакво зависи како од успешно исполнување на својата улога на мајка, така и од посветување внимание на својата кариера. За постигнување на оваа цел, не е неопходно породилното отсуство да трае 18 месеци.

Ставот на овие прашања од Пенка Мукаетова, сопственик и генерален менаџер на КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП прочитајте го на Женски Магазин .

Промовирани огласи »

Во април Србија, Хрватска, БиХ, Словенија и Македонија се согласија да се продаде имотот на СФРЈ во Њујорк. 

Договорени се и цените на објектите. Така објект во Третата авенија кој е купен за 300.000 долари во 1946 година сега чини 50 милиони долари. 

Има шест заинтересирани купувачи, а земјите наследнички на СФРЈ се договориле дека нема да се продаде под 40 милиони долари. 

На крај кога ќе се приберат понудите, сите земји ќе дадат свое мислење за понудите.

Засега се шпекулира дека меѓу купувачите се познати холивудски актери, но оваа информација не е потврдена. 

Промовирани огласи »

Развојот на секој бизнис зависи од поставувањето на продуктот или услугата на конкретна таргет публика. Без постоењето на дефинирана таргет група, ризикувате да не оставите добар впечаток на пазарот како и непотребно трошење ресурси. 

Истражувањето на пазарот може да го направите со користење на два методи - примарен и секундарен истражувачки метод. Методот кој ќе го употребите кое ќе ви користи за понатамошно истражување на корисниците како индивидуи. 

Примарен метод на истражување 

Преку различните форми на примарно истражување како што се „еден на еден“ интервјуа, фокус групи, телефонски повици, истражувања, вашиот бизнис има можност да го тестира идентитетот на својот бренд и маркетинг пораките. Исто така се поврзувате и со потенцијални идни таргети, се за време на истражувањето. 

  • „Еден на еден“ интервјуа: Може да одберете 1 од 100 клиенти кои ја посетуваат вашата веб страна или вашата канцеларија за овој вид на интервју. На овој начин, вие создавате врска помеѓу ваш и вашите клиенти, им покажувате дека се интересирате за нив и им нудите шанса да ви ја доловат својата страна од нивното искуство со вашите услуги. 
  • Анкети: Предноста во создавањето и имплементирањето на анкетите е што може да се соберат информации за вашиот таргет онлајн, а тоа значи брзо. Доколку овозможите и некој вид на награда за пополнување на анкетата, како промотивен код или попуст на одреден продукт, вашата таргетирана публика ќе има уште поголема желба да ја пополни анкетата. 
  • Фокус групи: Со фокус групите, се собираат истиот тип на информации како и со анкетите, но со предноста на лице во лице интеграција и подетални информации на индивидуално ниво. На учесниците им е овозможено да ги видат и допрат продуктите, што е одлична предност. Исто така, преку фокус групите учесниците добиваат чувство на грижа од страна на компанијата кон нивното мислење, а тоа е основа за создавање на верен клиент. 

Употребете некои од следниве прашања кои може да ги поставите на потенцијалниот таргетиран клиент за да дознаете повеќе зошто вашиот клиент би купил од вас или би ги користел вашите услуги:

  • Како го поминувате слободното време?
  • Кои вредности се најважни за вас?
  • Кои фактори влијаат на вашата одлука при купување?
  • На кој начин најчесто се информирате? 
  • Каде сакате да пазарувате онлајн?

Секундарен метод на истражување 

Во секундарниот метод на истражување, дел од работата веќе била завршена за вас. Овој вид на истражување користи информации кои се собирани од надворешни организации (како маркет истражувања или владини агенции). Преку секундарното истражување, може многу да научите за вашите конкуренти и за вашата индустрија. Информирањето за тоа кој го идентификувале како таргет вашите конкуренти и позиционирањето на нивниот бренд, може многу да ви помогне со вашите маркетинг стратегии. Идентификувањето на таргет пазарот и услужување на специфичните потреби на вашиот клиент е клучно за поуспешен бизнис.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »