Промовирани огласи »

Casumo е основана во 2012 година и оттогаш ги предводи иновациите во iGaming индустријата. Позната по своите уникатни брендови, вклучувајќи ги Casumo и Dunder, групата продолжува да ги развива и испорачува најдобрите производи и искуства за игри во својата област.

Моментално вработува:

Communications Designer / 2D/3D Animator
Data Protection Assistant
Risk, Fraud & Payments Analyst

Се уште невработени?! Сите останати огласи можете да ги погледнете ТУКА.

Промовирани огласи »

Движејќи се кон врвот полека, но сигурно, Бојан Ковачевски ја слави својата 9-та година во Compass Management International (CMI). Вистински виртуоз во транспортната индустрија, Бојан без напор ги менува брзините, полека на состаноците, а брзо на отворените патишта. Од аспиративен продажен агент до инспиративен колега – приказната за кариерата на Бојан е приказна којашто ќе ве инспирира да се осмелите да пробате нешто различно.

1. Пред скоро 10 години, Бојан ја започна својата кариера како продажен агент во CMI. Се сеќаваш ли на очекувањата кои ги имаше во 2015?

Пред една деценија, само сакав да ѝ дадам шанса на оваа индустрија и CMI се чинеше како одлична почетна точка за тоа. Гледајќи наназад, од оваа перспектива, можам со сигурност да кажам дека одлуката да станам дел од CMI беше една од најдобрите одлуки што сум ги донел. Моето време во компанијата ме обликуваше како на професионален, така и на личен план, и се гордеам со растот и достигнувањата што ги постигнав заедно со компанијата.

2. Како се развиваше твојата улога во CMI?

Своевремено, почнав како претставник за продажба, а денес мојата позиција е Senior Account Executive, па можам да кажам дека и мојата улога се развиваше заедно со CMI во изминатата деценија. Мојата првична улога се фокусираше на таканареченото cold calling, што во груб превод се сведува на остварување факторинг продажби по телефонски пат и генерирање нови потенцијални клиенти. Генерирањето клиенти сметам дека беше многу поголем предизвик тогаш за разлика од денес, од аспект на развојот на технологијата. И, иако сум човек кој сака предизвици, таа позиција, искрено, не ми дозволуваше да ги искористам сите свои вештини. За среќа, менаџментот го препозна ова и ми понуди нова можност во различен сектор само околу една година откако започнав во одделот за продажба. Сега, на шега умеам да кажам дека од генерирање leads стигнав до склопување deals. Во секој случај, моите работни обврски во моментот, не само што одговараат на мојот карактер, туку и ми даваат простор да ги користам сите свои вештини, но и да учам нови. Уживам што можам да им помагам на луѓето со нивните финансиски прашања и доаѓам на работа со нестрпливост и елан за она што ќе го донесе денот.

3. Што е она што те одвојува од тимот, нешто по кое си препознатлив?

Мојата смисла за хумор и мојот карактер! Додека трае работното време, во потполност сум фокусиран на своите работни обврски и го давам својот максимум работата да е сериозно и професионално завршена. Но, секогаш останува тој 1% од мојот карактер кој изглегува на површина да ги сподели моите ставови, а моите ставови често умеат да им се ужасно хумористични на моите колеги.

4. Кој е најголемиот предизвик со кој си се соочил откако стана дел од тимот?

Најголемиот предизвик откако станав дел од CMI беше КОВИД пандемијата. Модделот на работа од дома не одговара на мојот практичен карактер, бидејќи се чувствувам многу попродуктивно кога сум во канцеларија, но со помош на тимот, сите предизвици се надминаа со леснотија. Од првиот ден, ние бевме тука едни за дриги 24/7 – се слушавме на телефон, ја користевме секоја можна алатка за да обезбедиме квалитетна услуга за нашите клиенти, а истовремено и да се поддржиме меѓусебно. Комуникацијата беше клучна за надминување на овие пречки, и иако самиот предизвик беше оддржување на комуникацијата, благодарение на технологијата и силниот тимски дух, не само што успеавме да ја контролираме работата, туку и ги надминавме очекувањата.

5. Која е најважната вештина што треба да ја поседува еден Senior Account Executive?

Најважната вештина сметам дека е способноста да се слуша и да се разбере не само она што луѓето го кажуваат, туку и она што го изразуваат без зборови. Во суштина, би ја издвоил способноста да се читаат или предвидат потребите на луѓето и да се поседува специфичен вербален арсенал со кој би се смирила тензијата. Во денешната сложена економска клима, оваа вештина е клучна. Секој Senior Account Executive треба да ја поседува способноста јасно да им доближи на клиентите кои бараат заеми дека, со правилна стратегија, плановите за плаќање може да бидат приспособени на начин кој би осигурал бенефит и за двете странки.

6. Што уживаш да правиш во слободното време?

Уживам да патувам со својот мотор заедно со други ентузијасти, да се дружам со моите пријатели и да поминувам колку што можам повеќе време со семејството! Исто така, се обидувам да сум општествено свесен и одговорен, па често умеам да се вклучам во кампањи за подигање на свеста, како и волонтерски активности и активности за граѓански права. Сметам дека е многу важно човек да има цели и идеали за кои што се бори, па затоа моите микро-обиди да направам некаква општествена разлика и да допринесам кон тоа мојата заедница да е подобро место за сите нас е нешто што ми предизвикува вистинско задоволство. Сепак, нели, ние треба да бидеме промената која сакаме да ја видиме во светот?

7. Постои ли нешто што повеќето луѓе не го знаат за тебе?

Имам ОГРОМЕН страв од жаби. Само, не кажувајте никому, шшшш...

8. Можеш ли да се сетиш на некои моменти кога си се чувствувал особено горд што си дел од CMI?

За време на пандемијата, кога ситуацијата беше кризна и никој не се надеваше на ништо позитивно, CMI успеа не само да се носи со предизвиците, туку и да напредува. Имаше соработка помеѓу секој член од тимот, помеѓу тимовите меѓусебно, и најнакрај и помеѓу различните сектори. До моментот кога се вративме во канцеларијата, не само што се зголеми нашиот тим, туку се зголеми и бројот на нашите достигнувања.

Исто така, би кажал дека сум горд и на силниот тимски дух во канцеларијата. Верувам дека клучот за формирање стабилна професионална врска е разбирањето на специфичните карактерни црти на секој член на тимот. Кога ги знаеш навиките, тенденциите, наравот на луѓето со кои поминуваш поголем дел од денот, многу полесно можеш да им помогнеш ако наидат на пречка во работата, но и точно да знаеш како да побараш помош од нив. Доаѓањето на работа не треба да биде монотона задача, треба да се заснова на само-подобрување и развој, како на професионален, така и на личен план. Ова моите колеги многу добро го знаат и во оваа прилика би сакал да споменам дека сум горд на нашата тимска атмосфера.

Морам да го истакнам и исклучителниот професионализам и грижата за вработените во CMI. Компанијата се труди да не` мотивира и секој вработен да се чувствува дека неговиот труд вистински се вреднува. Постои здрава рамнотежа помеѓу работните обврски и слободното време, што е особено добро за луѓето како мене, кои сакаат понекогаш да го запалат моторот и да видат нешто различно.

Развојот на Бојан во CMI е доказ за издржливоста, снаодливоста и оддржувањето рамнотежа – без разлика дали е тоа на автопатот или во салата за состаноци. Со скоро деценија искуство, Бојан е олицетворение на тимски дух, професионализам и континуирано усовршување. Неговата способност да се премостуваат потешкотиите со хумор и емпатија е тоа што го прави посебен и важен дел од CMI.

Промовирани огласи »

Вашето прво интервју може да биде стресно, но со правилна подготовка и позитивен пристап, можете да оставите одличен впечаток.

Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да бидете забележани и да ги зголемите вашите шанси за успех:

1. Истражете ја компанијата

Започнете со темелно истражување за компанијата каде што ќе се интервјуирате. Запознајте се со нивната мисија, вредности, култура и најнови достигнувања. Ова не само што ќе ве подготви за потенцијални прашања туку и ќе ви помогне да поставувате релевантни прашања на интервјуто, покажувајќи дека сте навистина заинтересирани за компанијата.

2. Вежбајте заеднички прашања за интервју

Некои прашања често се поставуваат на првото интервју, како „Кои се вашите силни страни?“ или „Зошто сакате да работите за нас?“. Подгответе одговори за овие прашања и обидете се да ги дадете природно и уверено, а не како научен текст. Ако можете да дадете примери од претходни искуства, тоа ќе остави уште подобар впечаток.

3. Бидете точни

Доаѓањето на време е основен знак за професионалност и почитување на времето на другите. Планирајте да пристигнете барем 10-15 минути порано за да имате време за прилагодување и релаксирање пред интервјуто. Доцнењето може да остави негативен впечаток и да ги намали вашите шанси за успех.

4. Облечете се професионално

Вашата облека игра важна улога во создавањето прв впечаток. Облечете се уредно и професионално, соодветно на позицијата и компанијата. Изберете облека што е удобна и која ќе ве натера да се чувствувате самоуверено.

5. Бидете љубезни и позитивни

Покажете пријатно однесување уште од моментот кога ќе влезете во просторијата. Љубезноста кон рецепционерите, интервјуерите и другите вработени е клучна, бидејќи секој аспект од вашето однесување придонесува за целокупниот впечаток. Покажете ја вашата енергија и позитивност во текот на интервјуто, бидејќи овие карактеристики се ценети на секое работно место.

6. Бидете внимателни и слушајте активно

Добар впечаток се остава не само со одговорите што ги давате туку и со тоа како ги слушате прашањата. Бидете фокусирани на интервјуерот, не го прекинувајте и покажете интерес преку активното слушање. Ова покажува дека сте внимателни и почитувате што се бара од вас.

7. Поставувајте прашања

При крајот на интервјуто, најчесто ќе ви биде дадена можност да поставите прашања. Искористете го овој момент за да прашате за деталите околу работната позиција, тимот, или идните цели на компанијата. Ова ќе покаже дека сте заинтересирани за работата и дека размислувате долгорочно за вашата улога во организацијата.

8. Изразете благодарност и следете по интервјуто

По завршувањето на интервјуто, изразете благодарност кон интервјуерите за можноста. По неколку дена, испратете кратка порака со благодарност што ве интервјуирале и покажете го вашиот ентузијазам за позицијата. Овој мал чекор може да го засили позитивниот впечаток.

Вашето прво интервју е шанса да се претставите во најдобро светло. Со добра подготовка, позитивен пристап и внимателно однесување, ќе успеете да оставите траен впечаток и значително да ги зголемите вашите шанси за вработување.

Промовирани огласи »

Кинескиот гигант за е-трговија Alibaba претстави нов пребарувач заснован на вештачка интелигенција наречен Accio, наменет за малите бизниси во Европа и Америка. Овој алат овозможува побрзо наоѓање на производи на големо со едноставни текстуални или визуелни команди и анализа на популарноста на производите и потенцијалниот профит. Според почетните тестови, Accio ја зголемува намерата за купување за 40% во споредба со традиционалните пребарувачи.

Accio користи генеративна вештачка интелигенција од Tongyi Qianwen, голем јазичен модел на Alibaba, и податоци од 50 милиони бизниси и 1 милијарда производи. Компаниите од Европа и Северна Америка се најголемите купувачи на платформата, а Accio им нуди можност за директен контакт со снабдувачите. Alibaba изјави дека алатот поддржува неколку јазици, вклучувајќи англиски, германски и француски.

Меѓународниот бизнис на Alibaba забележува значителен раст, и покрај тоа што главниот извор на приход останува домашниот е-трговски пазар. Во последниот шопинг фестивал во Кина, многу продавачи користеле AI алатки за корисничка поддршка и генерирање содржини, со што се зголемила продуктивноста.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »