Промовирани огласи »

Од денеска до 15 март возачите во возилата со учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително да поседуваат пропишана зимска опрема.

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од 15 ноември до 15 март, согласно одребите од “Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“ (Сл.весник на Р.М. бр. 169/15, 226/15, 55/16, 11/18, 83/18 и 191/18), и Законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19, 302/20 и 122/21), возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема, соопштуваат од МВР.

Согласно одребите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, за безбедно учество во сообраќајот на патиштатa како зимска опрема на моторните возила се подразбира:

За моторни возила кои не надминуваат 3.500 кг.

  • зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од четири милиметри;
  • пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

За моторни возила со погон на четири тркала (4x4):

  • зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм;
  • пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.

За моторни возила кои надминува 3.500 кг:

  • зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм.
  • пневматици со летен профил на сите четири тркала, со длабочина на шарите на нагазниот слој, по обем и широчина со минимум 4 мм, ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала;
  • автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат - лопата.

Од МВР појаснуваат дека зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS”, “M+S”, “M & S” и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

Согласно одредбите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, во патниот сообраќај на возилата е забрането поставување на пневматици со клинци.

Апелираме до возачите да се придржуваат кон законската обврска за поседување на зимска опрема, бидејќи така овозможуваме непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови.

Промовирани огласи »

МВР објави дека донесена е нова машина за печатење на лични документи со која тројно ќе се зголеми капацитетот. Гужвите се веќе минато за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој денес беше во одделението за персонализација каде беше промовирана новата машина.

Денес ја пуштаме во употреба новата машина за печатење на лични документи која ја набави министерството за внатрешни работи и која тројно ќе го зголеми капацитетот и ќе го забрза издавањето на издавање на документи. Машината ги печати сите видови картични документи кои ги издава министерството за внатрешни работи како лични карти, возачки дозволи, картички за привремен претстој... Тоа во превод значи нема повеќе гужви какви што гледавме, нема повеќе нарушување на достоинството на граѓаните туку брзо и навремено издавање документи за секој граѓанин. Целосно сме посветени на креирање на брзи и квалитетни услуги за граѓаните преку унапредување и дигитализација на процесите и услугите. Граѓаните заслужуваат да добиваат брзи и ефикасни услуги од своите институции, потенцираше Тошковски.

Министерот апелираше уште еднаш до сите граѓани дека важноста на возачките дозволи со старото уставно име согласно со промената на законот која беше направена во февруари, e заклучно со 31.12.2024 година и да го искористат преостанатиот период што побрзо да ја обноват својата возачка дозвола.
 

Промовирани огласи »

 Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на платформата „100% посветени за тебе на тема „Фокус на правдата, безбедноста и одбраната“ денеска во Владата, прашан кога ќе биде пуштен во употреба системот за безбеден град „Сејф сити“, рече оти се надева дека во текот на 2025 година овој систем ќе има целосна функционална примена.

Тошковски рече дека претходните власти извршиле набавка, но не направиле стратешки план како сето тоа ќе го стават во функција и не направиле законски процедури, каде точно тоа треба да се имплементира, како ќе се доставуваат казните, дали судот ќе може да одговори на предизвикот да постапува по десетици ијлади предмети на месечна основа.

По завршување на техничката влада и по формирање на нормална влада, се посветив круцијално особено на овој проект, затоа што сметам дека оние бројки кои ги имаме од типот на 146, 126, 138 – ова се бројки на луѓе кои изгубиле живот како последица на сообраќајна незгода. овие цифри мора да ги намалиме, целта на воведувањето на овој систем на сообраќајна култура е да ги намалиме овие бројки. Еден човечки живот нема цена. Поради тоа, мора да го имплементираме овој систем, но како што треба, мора да го поставиме целокупниот систем на здрава основа. Ако јас се прашувам најдобро е да почне во функција во јануари 2025, но тоа е невозможно, имајќи ги сите овие чекори што треба да се преземат и би бил среќен доколку во текот на 2025 го пуштиме во финална употреба, нагласи Тошковски.

Тој појасни дека граѓаните ќе имаат временски период во којшто ќе бидат предупредувани од страна на ова софтверско решение, коешто ќе треба да ја процесуира целокупната постапка.

Истакна дека тоа значи оти ќе има преоден период, кога граѓаните ќе можат да увидат на лична основа колку пати сториле одреден прекршок во делот на управување моторно возило и сите други сообраќајни правила што се пропишани.

Така што се надевам дека во 2025 ќе имаме целосна функционална примена – да го затвориме целосно системот, не само камерата да изврши фотографија на одредено лице, туку на крајот да стигнеме со наплата на предметната казна и еднаш засекогаш да се знае дека нема повеќе „ало началниче“, „ало министре“, нема веќе завршување работа надвор од системот и тоа треба да им е јасно на сите. Ако сакаме да бидеме нормална држава и да ги уживаме европските вредности кои претходните седум години не лажеа дека ни биле „втемелени во крвтококт“, мораме да се договориме она што ќе го почитуваме, да го почитуаме сите од прв до последен и само така ќе можеме да имаме нормална држава, нагласи Тошковски.

Системот ќе регистрира сообраќајни прекршоци како што се минување на црвено светло, возење со брзина поголема од дозволената и непрописно паркирање со крајна цел зголемување на сообраќајната култура и намалување на сообраќајните несреќи со човечки жртви чии бројки се очекува драстично да се намалат.

Промовирани огласи »

Таксистите во Скопје бараат зголемување на цените на такси-услугите. Според нив, стартот треба да изнесува 60 денари, а за секој изминат километар треба да се наплаќа по 35 денари. За чекање во место тарифата, според нив, треба да изнесува 480 денари за час.

Тие истакнуваат дека сегашниот ценовник не се менувал 11 години, што веќе не е одржливо поради зголемените трошоци за гориво, резервни делови и одржување на возилата. Додаваат и дека покачувањето е неопходно за да можат да го покријат растечкото оптоварување и да продолжат да работат во услови на инфлација.

Доколку предложените промени бидат прифатени, цените на такси-услугите во Скопје ќе пораснат за околу 20%.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »