Промовирани огласи »

Во Белгија денеска во сила стапи Закон со кој на сексуалните работници им се гарантираат основните работнички права – да имаат здравствено осигурување, платено отсуство, надомест за породилно боледување, помош за невработени и пензија.

Со Законот се воспоставуваат и правила за работното време, платите и безбедноста. Односно сексуалните работници ќе имаат право да одбијат клиент и да ја прекинат работата во кој било момент.

Работодавците мора да добијат овластување, да се придржуваат до строгите безбедносни протоколи и да ги исполнуваат основните барања – без претходна пресуда за сексуален напад или трговија со луѓе. Тие мора да обезбедат чиста постелнина, кондоми и средства за хигиена и да инсталираат копчиња за итни случаи во работните области.

Независната сексуална работа останува дозволена, но нерегулираниот ангажман на трети лица или прекршувањето на законската рамка ќе бидат кривично гонети.

Законот уследи откако Белгија во 2022 година ја декриминализира проституцијата. Иако соседните земји како Германија и Холандија ја легализираа проституцијата, ниту една не спроведе сеопфатна заштита на трудот како Белгија.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика утре на прес-конференција ќе ги соопшти одлуките поврзани со цената на преносниот и дистрибутивен систем за електрична енергија (МЕПСО, Електродистрибуција, МЕМО).

АД ЕСМ на последниот тендер на ЕВН ХОУМ понуди цена од 62 евра за мегават часови што е за две евра повисока од досегашната цена што АД ЕСМ му ја продаваше на универзалниот снабдувач. Оваа цена има најголемо влијание врз цената на струјата што граѓаните ќе ја плаќаат од 1 јануари.

Премиерот Христијан Мицкоски неколкупати досега во изјави за медиумите рече дека не очекува големи промени во цената на струјата, а доколку дојде до такво нешто, тогаш според неги, зголемувањето би требало да биде минимално од еден до три проценти

Промовирани огласи »

Приватните превозници од утре се враќаат на улиците откако сe откажаа од блокадите на главниот град в понеделник. Но, според нивните тврдења нема да возат со полн капацитет, туку ќе сообраќаат со онолку возила за колку што имаат обебзедено нафта.

За Телма потврдуваат дека нема да можат сите 200 автобуси да ги пуштат во оптек, бидејќи со месеци не им се ипалтени трошоците и не се во можност да набават нафта.

Одлуката за воопшто да излезат во пресрет на граѓаните во наредните две недели доаѓа по синоќешната координативна средба во Град Скопје на која се постигна договор во рок од 15 дена, независни експерти да направат анализа колку точно приватните превозници ќе добијат зголемување по извозен километар.

Новите цени би се применувале од 1 јануари 2025 година.

Анализата со предлог решение и одлуки да се презентира од страна на стручните служби на 16 декември пред истиот состав на координативен состанок, по кој членовите на Советот на Град Скопје ќе имаат можност да се изјаснат со носење на одлука со која ќе се изврши корекција на надоместокот за приватните превозници од страна на Советниците во Советот во Град Скопје – се наведува во соопштението од Град Скопје.

Ваквиот предлог дојде од градските советниците на СДСМ, откако заклучот за покачување на цената за 30 денари по километар, од градот Скопје беше отфрлен од скопската градоначалничка, Данела Арсовска како невалиден.

Промовирани огласи »

Автомобилската индустрија се соочува со револуција благодарение на две нови технологии - водородниот мотор H2 Starfire од Astron Aerospace и ротирачкиот клипен мотор MA-250 од Avadi. Овие мотори носат нови стандарди во ефикасноста, моќта и еколошката одржливост, надминувајќи ги традиционалните мотори и предизвикувајќи ги електричните возила како примарно зелено решение.

Моторот H2 Starfire постигнува 60% ефикасност, што е повеќе од двојно поголемо од традиционалните мотори, и емитува само водена пареа. Со компактна конструкција од помалку од 100 делови, тој обезбедува висока сигурност и ниско одржување, со животен век над 100.000 часови. Неговата примена се проширува од патнички возила до тешки камиони, воздухопловство и земјоделски машини.

Ротирачкиот мотор MA-250 од Avadi, тежок само 12 килограми, произведува 15,5 коњски сили—двојно повеќе од слични мотори - додека задржува компактен и ефикасен дизајн. Неговата разновидност овозможува употреба во дронови, мотоцикли и продолжувачи на домет за електрични возила. И покрај потенцијалот за почисти решенија, остануваат предизвици како што се производство на водород и трошоци за редизајн.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »