Промовирани огласи »

Цената на струјата нема да поскапе повеќе од 1 отсто, но дополнителна евтина тарифа нема да има

Нема промена, евтината дневна тарифа на струјата само од 13 до 15 часот

На денешната прес-конференција, претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски ги соопшти цените за пренос на електрична енергија, за дистрибуција на електрична енергија и цената на операторот на пазарот на електрична енергија. 

Оној дел којшто е најбитен и кој се однесува на домаќинствата и на најголем број на малите потрошувачи, делот од мрежарина, вклучувајќи го и преносот и дистрибуцијата таму имаме намалување за 7%. Во однос на останатите просечни цени, цената на МЕПСО за пренос на електрична енергија се зголемува за 5,68% пришто влијанието на крајната цена е 4%, цента за дистрибуција на електрична енергија се намалува за 5,52%, влијанието на крајната цена изнесува 33% и цената на операторот на пазарот на електрична енергија се зголемува за 19,8% кадешто влијанието е екстремно мало и изнесува само 0,19%. Значи делот од мрежарината којшто го плаќаат домаќинствата и 90% од малите потрошувачи уште еднаш потенцирам се намалува за 7%. Понатака, по носењето на овие одлуки во текот на следните денови ЕВН Хоме како универзален снабдувач до РКЕ ќе ги достави на контрола цените за домаќинствата и за малите потрошувачи, изјави Бислимоски.  

Промовирани огласи »

До крајот на месецов мора да биде исплатен К-15, еве колку пари треба да легнат на вашите сметки

Колкава е сумата што треба да ја добијат работниците од К-15 кој треба да се исплати до крајот на годинава.

Работниците во приватниот и јавниот сектор годинава треба да добијат регрес за годишен одмор. За вработените во приватниот минималната сума што треба да биде исплатена изнесува 16.800 денари, односно 40 отсто од просечната плата исплатена во последните три месеци, додека за вработените во државниот сектор сумата е нешто помаа и изнесува 11 илјади денари.

Исплатата треба да се изврши до крајот на годината, а законски може да почне да се исплаќа од мај. Услов за исплата на К-15 е работникот најмалку шест месеци во календарската година да работи кај ист работодавец. К-15 им следува и на оние работници што ја смениле работата, ако претходно непрекинато работеле половина година во иста компанија.

За работодавците што нема да им исплатат регрес за годишен одмор на своите вработени, Законот предвидува казна до 4.000 евра, од кои од 2.000 до 3.000 евра за компанијата и од 500 до 1.000 евра за одговорното лице во неа.

Промовирани огласи »

Дознајте ги неверојатните 11 тајни на чиа семето

Зошто сите зборуваат за овој супер-херој за слабеење и здравје на цревата?

Чиа семето е богато со растителни влакна, здрави масти, протеини и антиоксиданси. Благодарение на овие својства, тие помагаат во подобрување на здравјето на срцето, намалување на ризикот од хронични заболувања, како и управување со тежината и здравјето на дигестивниот систем. Истражувања од универзитетот во Орегон го потврдуваат нивниот позитивен ефект врз холестеролот и антиинфламаторните својства.

Популарна на социјалните мрежи, чиа водата се прави со мешање на 1-2 лажици чиа семе во вода. Таа се рекламира за подобрување на здравјето на цревата и за поддршка при слабеење, бидејќи високиот процент на влакна создава чувство на ситост. Сепак, лекарите предупредуваат дека прекумерна количина влакна и вода може да предизвика подуеност и непријатности кај некои луѓе.

Истражувањата на универзитетот во Орегон покажуваат дека чиа семето би можело да игра клучна улога во решавањето на глобалните нутритивни предизвици. Чиа може да се одгледува на неплодни почви и да придонесе за ублажување на климатските промени, додека нејзината генетска структура нуди можности за развој на подобрени сорти кои ќе помогнат во долгорочна храна и безбедност.

Промовирани огласи »

Денеска ќе се знае за колку ќе поскапи струјата по Нова година

Домаќинствата во очекување на ново поскапување.

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги соопшти одлуките поврзани со цената на преносниот и дистрибутивен систем за електрична енергија (МЕПСО, Електродистрибуција, МЕМО).

АД ЕСМ на последниот тендер на ЕВН ХОУМ понуди цена од 62 евра за мегават часови што е за две евра повисока од досегашната цена што АД ЕСМ му ја продаваше на универзалниот снабдувач.

Оваа цена ќе има влијание врз цената на струјата што граѓаните ќе ја плаќаат од 1 јануари.

Премиерот Христијан Мицкоски претходно во изјави за медиумите рече дека не очекува големи промени во цената на струјата, а доколку дојде до такво нешто, тогаш според него, зголемувањето би требало да биде минимално од еден до три проценти. 

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »