Промовирани огласи »

Работниците во приватниот и јавниот сектор годинава треба да добијат регрес за годишен одмор. За вработените во приватниот минималната сума што треба да биде исплатена изнесува 16.800 денари, односно 40 отсто од просечната плата исплатена во последните три месеци, додека за вработените во државниот сектор сумата е нешто помаа и изнесува 11 илјади денари.

Исплатата треба да се изврши до крајот на годината, а законски може да почне да се исплаќа од мај. Услов за исплата на К-15 е работникот најмалку шест месеци во календарската година да работи кај ист работодавец. К-15 им следува и на оние работници што ја смениле работата, ако претходно непрекинато работеле половина година во иста компанија.

За работодавците што нема да им исплатат регрес за годишен одмор на своите вработени, Законот предвидува казна до 4.000 евра, од кои од 2.000 до 3.000 евра за компанијата и од 500 до 1.000 евра за одговорното лице во неа.

Промовирани огласи »

Чиа семето е богато со растителни влакна, здрави масти, протеини и антиоксиданси. Благодарение на овие својства, тие помагаат во подобрување на здравјето на срцето, намалување на ризикот од хронични заболувања, како и управување со тежината и здравјето на дигестивниот систем. Истражувања од универзитетот во Орегон го потврдуваат нивниот позитивен ефект врз холестеролот и антиинфламаторните својства.

Популарна на социјалните мрежи, чиа водата се прави со мешање на 1-2 лажици чиа семе во вода. Таа се рекламира за подобрување на здравјето на цревата и за поддршка при слабеење, бидејќи високиот процент на влакна создава чувство на ситост. Сепак, лекарите предупредуваат дека прекумерна количина влакна и вода може да предизвика подуеност и непријатности кај некои луѓе.

Истражувањата на универзитетот во Орегон покажуваат дека чиа семето би можело да игра клучна улога во решавањето на глобалните нутритивни предизвици. Чиа може да се одгледува на неплодни почви и да придонесе за ублажување на климатските промени, додека нејзината генетска структура нуди можности за развој на подобрени сорти кои ќе помогнат во долгорочна храна и безбедност.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги соопшти одлуките поврзани со цената на преносниот и дистрибутивен систем за електрична енергија (МЕПСО, Електродистрибуција, МЕМО).

АД ЕСМ на последниот тендер на ЕВН ХОУМ понуди цена од 62 евра за мегават часови што е за две евра повисока од досегашната цена што АД ЕСМ му ја продаваше на универзалниот снабдувач.

Оваа цена ќе има влијание врз цената на струјата што граѓаните ќе ја плаќаат од 1 јануари.

Премиерот Христијан Мицкоски претходно во изјави за медиумите рече дека не очекува големи промени во цената на струјата, а доколку дојде до такво нешто, тогаш според него, зголемувањето би требало да биде минимално од еден до три проценти. 

Промовирани огласи »

Во Белгија денеска во сила стапи Закон со кој на сексуалните работници им се гарантираат основните работнички права – да имаат здравствено осигурување, платено отсуство, надомест за породилно боледување, помош за невработени и пензија.

Со Законот се воспоставуваат и правила за работното време, платите и безбедноста. Односно сексуалните работници ќе имаат право да одбијат клиент и да ја прекинат работата во кој било момент.

Работодавците мора да добијат овластување, да се придржуваат до строгите безбедносни протоколи и да ги исполнуваат основните барања – без претходна пресуда за сексуален напад или трговија со луѓе. Тие мора да обезбедат чиста постелнина, кондоми и средства за хигиена и да инсталираат копчиња за итни случаи во работните области.

Независната сексуална работа останува дозволена, но нерегулираниот ангажман на трети лица или прекршувањето на законската рамка ќе бидат кривично гонети.

Законот уследи откако Белгија во 2022 година ја декриминализира проституцијата. Иако соседните земји како Германија и Холандија ја легализираа проституцијата, ниту една не спроведе сеопфатна заштита на трудот како Белгија.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »