Промовирани огласи »

Тинекс е првата компанија во Македонија што ја нуди оваа можност за своите потенцијални кандидати! Доколку сакате да бидете дел од големото Тинекс семејство, јавете се на 072 256 438

Промовирани огласи »

Здравата компаниска култура е клучен фактор за успехот на секој бизнис. Таа ја поттикнува мотивацијата на вработените, го подобрува тимскиот дух и придонесува за зголемување на продуктивноста.

Еве неколку совети како да изградите и одржите позитивна и здрава култура во вашата компанија:

1. Јасно дефинирајте ги вредностите и мисијата

Вашата организациска култура започнува со јасно дефинирани вредности и мисија. Овие принципи треба да бидат основа за сите одлуки, активности и комуникации во компанијата. Осигурајте се дека сите вработени ги разбираат и ги поддржуваат.

2. Поттикнувајте отворена комуникација

Создадете средина каде што вработените ќе се чувствуваат комфорно да ги изразат своите идеи, мислења и грижи. Отворената комуникација гради доверба и ја намалува напнатоста во тимовите.

3. Промовирајте соработка и тимска работа

Тимската работа треба да биде сржта на вашата организација. Организирајте заеднички проекти, тим-билдинг активности и можности за вработените да соработуваат. Ова ќе го зајакне чувството на припадност и ќе ја поттикне креативноста.

4. Инвестирајте во развој на вработените

Понудете обуки, работилници и можности за професионален развој. Кога вработените чувствуваат дека компанијата се грижи за нивниот раст, тие се повеќе мотивирани и лојални.

5. Препознајте го и наградете успехот

Секој успех, без разлика колку е мал, заслужува признание. Редовното наградување на постигнувањата ја зголемува мотивацијата и покажува дека трудот на вработените се вреднува.

6. Одржувајте позитивна работна средина

Создадете пријатна атмосфера во која луѓето ќе сакаат да работат. Обратете внимание на физичката средина, како што се просторот и опремата, но и на емоционалната поддршка во тимот.

7. Бидете пример

Лидерите играат клучна улога во формирањето на културата. Бидете пример за вредностите и однесувањето кое сакате да го видите кај вашите вработени.

Изградбата на здрава компаниска култура е процес кој бара време, напор и посветеност. Сепак, кога ќе успеете, ќе добиете тим кој не само што е продуктивен, туку и горд што е дел од вашата организација.

Промовирани огласи »

Од 2026 година да се зголеми старосната граница за пензионирање за мажи и жени на 67 години и истовремено да се зголеми стапката за пензинско осигурување за 0,7 процентни поени, односно да изнесува 19,5 проценти, препорачува Фискалниот совет како предлог на Фискалната стратегија 2025-2029 година, бара Фискалниот совет.

Од Фискалниот совет, кој е е независно тело што изработува анализи и мислења за макроекономските и за фискалните претпоставки користени за изработка на Буџетот на државата и фискалната стратегија, нагласуваат дека ваквите мерки се потребни за одржување на Фондот на ПИОМ, намалување на фискалните ризици и за консолидација на буџетот во наредниот среднорочен период.

Фискалниот совет е на мислење дека за одржување на Фондот на ПИОМ, намалување на фискалните ризици и консолидација на буџетот во наредниот среднорочен период, потребни се дополнителни мерки како зголемување на работниот век на вработените и постепено зголемување на придонесот на пензиско и инвалидиско осоригување (тековно е на 18,8 проценти што е намалување од 2,4 проценти во однос на 2008 година кога изнесуваше 21,2 проценти). Кога на тоа би се додало старењеето на населението, а со тоа и секоја година зголемувањето на бројот на пензионери за околу 1500-1700 нови пензионери секоја година, придружувано и со преференцата за емигрирање на младите во странство, а со тоа и релативно намалување на покриеноста на пензионите приходи со наплатените придонеси, проблемот уште повеќе станува комплексен. Оттука фискалната одржливост на Фондот на ПИОМ претставува посебен фискален ризик, се наведува во мислењето од Фискалниот совет.

Во однос на зголемувањето на стапката за пензиско осигурување, од Фискалниот совет препорачуваат во 2027 година да се направи анализа за фискалната одржливост на Фондот на ПИОМ и во зависност од трендот и потребата, постепено да се зголемува придонесот до 21 проценти до 2029 година.

Промовирани огласи »

Претстојната 2025 година ќе ни донесе помалку продолжени викенди од годината којашто изминува. Погледнете кои денови ќе бидат неработни, а кои викенди ќе бидат продолжени за да можете однапред да ги испланирате вашите патувања, авантури, семејни или пријателски дружби...

За да ја преземете сликата кликнете ТУКА.

За сите граѓани на РМ:

  • 1 јануари (среда), Нова Година,
  • 7 јануари (вторник), Божиќ, првиот ден на Божиќ според православниот календар,
  • 30 март (недела), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 31 март (понеделник) е неработен ден.
  • 21 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
  • 1 мај (четврток), Ден на трудот,
  • 24 мај (сабота) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители,
  • 2 август (сабота), Ден на Републиката,
  • 8 септември (понеделник), Ден на независноста,
  • 11 октомври (сабота), Ден на народното востание,
  • 23 октомври (четврток), Ден на македонската револуционерна борба,
  • 8 декември (понеделник), „Св. Климент Охридски“.

За граѓаните од православна вероисповед

  • 6 јануари (понеделник), Бадник, ден пред Божиќ,
  • 19 јануари (недела), Богојавление (Водици),
  • 18 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
  • 6 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
  • 28 август (четврток), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

  • 21 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
  • 1 ноември (сабота), Празникот на сите светци,
  • 25 декември (четврток), првиот ден на Божиќ.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

  • 6 јуни (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,
  • За граѓаните припадници на албанската заедница
  • 22 ноември (сабота), Ден на албанската азбука.

За граѓаните припадници на српската заедница

  • 27 јануари (понеделник), Свети Сава.

За граѓаните припадници на ромската заедница

  • 8 април (вторник), Меѓународен ден на Ромите.

За граѓаните припадници на влашката заедница

  • 23 мај (петок), Национален ден на Власите.

За граѓаните припадници на еврејската заедница

  • 2 октомври (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур.

За граѓаните припадници на бошњачката заедница

  • 28 септември (недела), Меѓународен ден на Бошњаците.

За граѓаните припадници на турската заедница

  • 21 декември (недела), Ден на настава на турски јазик.
Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »