Промовирани огласи »

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, со цел воведување ред во користењето на националните богатства и фер наплата, од 1 јануари 2025 година започнува со наплата на до 100% зголемени надоместоци за експлоатација на природните ресурси.

Со измените во Тарифник за утврдување на висината на надоместоците за издавање на дозволи и концесии за вршење детални геолошки истражувања и концесии за експлоатација на минерални суровини, надоместоците за минерални суровини се зголемуваат до 100%, што ќе значи и значајно зголемување на приходите за државата. Предлогот на министерството за зголемување на надоместоците е усвоен од Владата и објавен во Службен весник, со што новиот Тарифник почнува да се применува на 1 јануари.

Клучните измени вклучуваат:

  • За користење на просторот за експлоатација: Надоместокот се зголемува за околу 30%.
  • За експлоатација на мермер: Надоместокот ќе изнесува 5% од приходот од продадената минерална суровина, наместо досегашниот процент од фиктивна цена.
  • Металични минерални суровини: Зголемување од досегашните 2% на 4%.
  • Неметалични минерални суровини: Зголемување во просек над 100%.

Измените не ги засегаат надоместоците за енергетски минерални суровини, како јаглен, со цел да се спречи дополнителен раст на цената на електричната енергија.

Со оваа мерка, годишниот приход од концесиските надоместоци, кој моментално изнесува околу 10 милиони евра, значително ќе се зголеми. Овие средства ќе бидат насочени кон подобрување на јавните услуги и поддршка на економскиот развој.

Со новите измени обезбедуваме фер наплата за користење на нашите национални богатства, штитиме одржлив развој и гарантираме придобивки за сите – и за државата, и за приватниот сектор, изјави министерката Сања Божиновска.

Министерството се раководеше од детална анализа на регионалните и светските практики, како и препораките од Државниот завод за ревизија. Извештајот од април 2024 година потенцира дека концесиските надоместоци во Македонија се најниски во регионот, што ја поттикна потребата за измени.

Министерството продолжува со залагањата за фер управување со природните ресурси и зајакнување на економските придобивки од нивната експлоатација, соопшти Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини.

 
 

Промовирани огласи »

Велес, како еден од позначајните индустриски центри во Македонија, нуди разновидни можности за вработување во различни сектори. Компаниите во градот често бараат квалификуван кадар, но исто така има и огласи за почетни работни позиции кои не бараат претходно работно искуство, што е идеално за младите кои штотуку го започнуваат своето кариерно патување.

Со огласите достапни онлајн, кандидатите можат да добијат информации за различни позиции, потребните квалификации, и условите на работа во компаниите од Велес.

Доколку го барате своето работно место во Велес може да аплицирате за следниве позиции:

Фарбари/Припремачи
Референт за логистика
Персонал за продажба во Велес
Комерцијален референт
Референт за архивско работење

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Скопје наскоро ќе добие нова жичница што ќе овозможи превоз од Капиштец до врвот на Водно, откако Владата го најави продолжувањето на проектот за изградба на втората фаза – од Средно Водно до Капиштец, пренесува САКАМДАКАЖАМ.

Директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Тони Томовски, истакна дека жичницата ќе го поврзе градот со Водно, олеснувајќи го пристапот до ова популарно излетничко место.

Во следниот период ќе се прават анализи за да утврдиме што предвидувал претходниот проект, дали е потребно нешто да се коригира, по што ќе ја информираме јавноста, изјави Томовски за СДК.

Жичницата од Средно Водно до Милениумскиот крст беше пуштена во употреба во 2011 година и чинеше 6,7 милиони евра. Веднаш по завршувањето на првата фаза беше најавена изградбата на втората. Според тогашните планови на Министерството за транспорт и врски, почетната станица требаше да биде кај црквата Свети Јован во Капиштец, со станици кај детската болница Козле и Средно Водно, а конечната дестинација – Милениумскиот крст.

Со оваа нова фаза, граѓаните ќе добијат побрз и полесен пристап до Водно, што ќе придонесе за подобрување на туристичката понуда и олеснување на сообраќајниот метеж.

Промовирани огласи »

Доколку трговците и маркетите не покажат општествена одговорност ќе се ограничат цените на прехранбените производи , кои не се дел од Новогодишната кошничка, најавува Владата. Пазарните инспектори, според изјавите на надлежните, се на терен и за два до три дена ќе завршат нивните анализи по што ќе се знае дали ќе се донесат поригорозни мерки.

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вчера ги повика трговците да ги коригираат цените на најосновните производи во овој период и најави дека доколку не го сторат тоа, Владата пред Нова година ќе донесе одлука за воведување поригорозни мерки.

Не може тоа што на нив им беше дадено како право и можност за едни производи, сега да го надоместуваат со драматично зголемување на цените на некои други производи кои што ги користат граѓаните како што е маслото, лебот, млекото, млечни производи, шеќер, сол, кафе, јајца и слично. Апелирам до големите трговски синџири да си го преиспитаат однесувањето во спротивно ќе ги искористам сите механизми кои ги имаме и ќе донесеме одлука со цел да го заштитиме стандардот на граѓаните, изјави Дурмиши.

И премиерот Христијан Мицкоски, вчера и завчера, повтори дека не е во ред трговците да си играат со трпението на граѓаните и во период пред празници да ги зголемуваат цените на основните прехранбени производи коишто не се дел од новогодишната кошничка.

Тоа што тие мислеа дека ќе не надмудрат на овој начин и си играат со трпението на граѓаните и на Владата мислам дека не е добро и треба да си го преиспитаат однесувањето. Ова не е коректно однесување, посебно пред празници на ваков начин не треба да се прават големи профити. Затоа што граѓаните очекуваат од нивна страна разбирање и во најмала мерка да биде така како што било, а не наеднаш да се зголемуваат цените на одредени продукти. На одредени продукти за 25 проценти се зголемени цените на производите. Тоа не е етичко однесување, туку би рекол нечовечно однесување, рече вчера Мицкоски во изјава за медиумите.

Посочи дека во Владата бил одржан состанок со сите сите големи супермаркети и оти тие изразиле добра волја да не се воведува пристап кој би значел ограничување на цени.

Сакавме да слушнеме од нив, на добра волја да се поразговара и да се донесе заедничко решение, кое ќе биде прифатено. И тоа се случи. Тоа што некои од нив се служат со трикови, тоа е друга работа. За тоа ќе има соодветни процедури, трае анализата и тие процедури деновиве ќе бидат аплицирани, рече Мицкоски.

Новогодишната кошничка почна да се применува од 15 декември и ќе трае до 15 јануари. Со неа се опфатени над илјада производи. Мерката е воведена во соработка со трговците и производителите со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните за време на новогодишните и божикните празници.

Сојузот на синдикати на Македонија, кој секој месец излегува со пресметка колкави се минималните трошоци на едно четиричлено семејство, пресмета дека во декември минималните трошоци се зголемени за 840 денари во однос на ноември. Вредноста на синдикалната потрошувачка кошничка во декември изнесува 62.861 денари, а со изнајмен стан од 60  квадратни метри 78.236 денари.

Според ССМ, забележително е дека од септември кога е воведена првата мерка за ограничувањето на маржите и со последната мерка односно акција за намалување на цените за најмалку 10 отсто, тие даваат резултат, но загрижува тоа што трговците го искористиле периодот пред стапување на сила на последната акција и ги зголемиле цените.

Од 1 јануари треба да стапи на сила и Законот за нефер трговски практики со кој се очекува да има поголемо регулирање на цените на производите и да се средат односите меѓу производителите, добавувачите и трговците. Досега во мониторинг периодот утврдени се 26 нефер трговски практики, а спрема тарифникот се внесени 2.546 префрлени земјоделски производи во овој Закон. Казните ќе се движат околу 20.000 евра

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »