Промовирани огласи »

Кромберг и Шуберт се фокусира на развој и производство на комплексни системи за ожичување за автомобилската индустрија.

Моментално вработува:

Техничар за одржување на тест табли
Доставувач на материјали на прозиводна линија
Оператор во производство - Битола

Се уште невработени?! Сите останати огласи за вработување ќе ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

По 13 години во шенгенскиот коридор, Бугарија и Романија сега се целосно во зоната на слободно движење, а 25 милиони жители на двете земји сега им се приклучија на речиси 450 милиони граѓани на ЕУ кои веќе имаат слобода на движење во Шенген зоната. 

Во март 2024 година беа укинати контролите на аеродромите и поморските пристаништа, а кон средината на декември Бугарија и Романија добија согласност од нивните европски партнери да ги укинат контролите и на копнените гранични премини. Влезот во Шенген зоната се означи на граничните премини на полноќ.

За Бугарите и Романците, ова значи дека сега ќе можат да возат до Франција, Шпанија или Норвешка без пасош. Возачите и патниците повеќе не мора да покажуваат никакви лични документи, а автомобилите ќе поминуваат без преглед.

Две земји ги исполнија критериумите од 2011 година, но секој пат земјите-членки имаа приговори. Со текот на годините, овој проблем стана извор на фрустрација што антиевропските партии го искористија критикувајќи го нефер третманот, како на неодамнешните романски претседателски избори на кои неочекувано победи кандидат на екстремната десница, само за на крајот изборите да бидат поништени.

Лидерите на двете земји ја поздравија „историската одлука“, нагласувајќи дека тоа е „клучна цел“ од нивниот пристап во ЕУ во 2007 година.

Шенген зоната, основана во 1985 година, сега вклучува 25 од 27-те земји-членки на ЕУ и придружните земји Швајцарија, Норвешка, Исланд и Лихтенштајн.

Ќе се зголеми надзорот на бугарско-турската граница која станува надворешна граница на Шенген зоната.

Промовирани огласи »

Во 2025 година македонските граѓани ќе имаат пет продолжени викенди. Од вкупно 11 неработни денови за сите граѓани, пет се или се во петок или понеделник и се поврзуваат со викендот, или пак се во недела и согласно Законот неработните денови се префрлаат во понеделник. 

Првиот продолжен викенд ќе биде за време на божикните празници, кога неработни се понеделник и вторник – 6 јануари Бадник и 7 јануари, Божик. Граѓаните на продолжен викенд ќе празнуваат и за Курбан Бајрам, кој е на 30 март, па согласно закон се префрла како неработен ден за понеделник 31 март.

Граѓаните подолго за викенд ќе одмараат и за христијанскиот празник Велигден, кога неработен ден за сите граѓани е 21 април (понеделник) Велигден. За време на овие празници за верниците од православна вероисповед неработен е и Велики Петок – 18 април.  

Продолжен викенд ќе има и Денот на независноста – 8 Септември кој годинава е во понеделник, како и за 8 декември – Свети Климет Охридски, кој исто така е во понеделник.  

Неработни денови за сите граѓани се и 1 мај (четврток) и 24 Мај – Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“ (сабота), 1 јануари (среда), Нова Година, 2 август (сабота) Ден на Републиката, 11 октомври (сабота), Ден на народното востание,  и 23 октомври (четврток), Ден на македонската револуционерна борба.

За граѓаните од православна вероисповед неработни се и 19 јануари (недела) – Богојавление (Водици), 
18 април (петок) – Велики Петок, 6 јуни (петок) – Духовден, петок пред Духовден, како и 28 август (четврток) – Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица). 

За граѓаните од католичка вероисповед неработни се 1 ноември (петок), Празникот на сите светци, и
25 декември (четврток), првиот ден на Божик.  

За граѓаните од муслиманска вероисповед неработен ден е 6 јуни (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам. 

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2025 година неработни денови се:

За сите граѓани на РСМ

  • 1 јануари (среда), Нова Година, 
  • 7 јануари (вторник), Божик,  првиот ден на Божик според православниот календар, 
  • 30 март (недела), Рамазан Бајрам,  првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 31 март (понеделник) е неработен ден,
  • 21 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
  • 1 мај (четврток), Ден на трудот
  • 24 мај (сабота) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители, 
  • 2 август (сабота), Ден на Републиката, 
  • 8 септември (понеделник), Ден на независноста, 
  • 11 октомври (сабота), Ден на народното востание, 
  • 23 октомври (четврток), Ден на македонската револуционерна борба,
  • 8 декември (понеделник), „Св. Климент Охридски”. 
  • За граѓаните од православна вероисповед
  • 6 јануари (понеделник), Бадник, ден пред Божик,  
  • 19 јануари (недела), Богојавление (Водици), 
  • 18 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, 
  • 6 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден, 
  • 28 август (четврток), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица). 
  • За граѓаните од католичка вероисповед 
  • 21 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден, 
  • 1 ноември (петок), Празникот на сите светци, 
  • 25 декември (четврток), првиот ден на Божик.  
  • За граѓаните од муслиманска  вероисповед 
  • 6 јуни (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам 
  • За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ 
  • 22 ноември (сабота), Ден на албанската азбука 
  • За граѓаните припадници на српската заедница во РСМ
  • 27 јануари (понеделник), Свети Сава 
  • За граѓаните припадници на ромската заедница во РСМ
  • 8 април (вторник), Меѓународен ден на Ромите  
  • За граѓаните припадници на влашката заедница  во РСМ
  • 23 мај (петок), Национален ден на Власите
  • За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ
  • 2 октомври (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур  
  • За граѓаните припадници на бошњачката заедница  во РСМ
  • 28 септември (недела), Меѓународен ден на Бошњаците  
  • За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ
  • 21 декември (недела), Ден на настава на турски јазик.

Промовирани огласи »

Работењето од дома, кое на почетокот беше видено како привремено решение за време на пандемијата, денес е тема на постојани дебати. Некои го сметаат за идеален модел за работа, додека други го гледаат како „лош експеримент“ кој негативно влијае врз продуктивноста и тимската динамика.

Но, дали навистина е така?

Позитивните страни на работата од дома: Работењето од дома овозможува флексибилност и баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот. Многу вработени се чувствуваат помалку под стрес, имаат повеќе време за семејството и лични обврски, а истовремено штедат на време и пари за патување. Дополнително, компаниите често пријавуваат намалени трошоци за канцеларии.

Предизвиците на овој модел: Од друга страна, работата од дома може да го намали чувството на припадност кон тимот, да создаде комуникациски бариери и да влијае врз креативноста и иновациите кои често се резултат на спонтаните интеракции во канцеларија. За некои вработени, недостигот на јасна граница помеѓу работното време и слободното време може да доведе до прегорување.

Дали е лош експеримент?

Работењето од дома не е ниту целосно лошо, ниту совршено. Успехот на овој модел зависи од индустријата, природата на работата и способноста на компаниите да ги адаптираат своите процеси. Некои компании успешно имплементираа хибриден модел, каде вработените комбинираат работа од дома и од канцеларија.

Клучот е во адаптацијата: На крајот, работата од дома не треба да се гледа како „лош експеримент“, туку како можност за учење и подобрување. Со соодветна комуникација, технолошка поддршка и јасни очекувања, може да се постигне одличен баланс помеѓу потребите на вработените и целите на компанијата.

Дали ќе се покаже како долгорочно решение или само како фаза во еволуцијата на работните модели, зависи од тоа колку сме подготвени да се адаптираме и да извлечеме максимум од ова искуство.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »