Во 2025 година македонските граѓани ќе имаат пет продолжени викенди. Од вкупно 11 неработни денови за сите граѓани, пет се или се во петок или понеделник и се поврзуваат со викендот, или пак се во недела и согласно Законот неработните денови се префрлаат во понеделник.
Првиот продолжен викенд ќе биде за време на божикните празници, кога неработни се понеделник и вторник – 6 јануари Бадник и 7 јануари, Божик. Граѓаните на продолжен викенд ќе празнуваат и за Курбан Бајрам, кој е на 30 март, па согласно закон се префрла како неработен ден за понеделник 31 март.
Граѓаните подолго за викенд ќе одмараат и за христијанскиот празник Велигден, кога неработен ден за сите граѓани е 21 април (понеделник) Велигден. За време на овие празници за верниците од православна вероисповед неработен е и Велики Петок – 18 април.
Продолжен викенд ќе има и Денот на независноста – 8 Септември кој годинава е во понеделник, како и за 8 декември – Свети Климет Охридски, кој исто така е во понеделник.
Неработни денови за сите граѓани се и 1 мај (четврток) и 24 Мај – Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“ (сабота), 1 јануари (среда), Нова Година, 2 август (сабота) Ден на Републиката, 11 октомври (сабота), Ден на народното востание, и 23 октомври (четврток), Ден на македонската револуционерна борба.
За граѓаните од православна вероисповед неработни се и 19 јануари (недела) – Богојавление (Водици),
18 април (петок) – Велики Петок, 6 јуни (петок) – Духовден, петок пред Духовден, како и 28 август (четврток) – Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).
За граѓаните од католичка вероисповед неработни се 1 ноември (петок), Празникот на сите светци, и
25 декември (четврток), првиот ден на Божик.
За граѓаните од муслиманска вероисповед неработен ден е 6 јуни (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам.
Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2025 година неработни денови се:
За сите граѓани на РСМ
- 1 јануари (среда), Нова Година,
- 7 јануари (вторник), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар,
- 30 март (недела), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 31 март (понеделник) е неработен ден,
- 21 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
- 1 мај (четврток), Ден на трудот
- 24 мај (сабота) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители,
- 2 август (сабота), Ден на Републиката,
- 8 септември (понеделник), Ден на независноста,
- 11 октомври (сабота), Ден на народното востание,
- 23 октомври (четврток), Ден на македонската револуционерна борба,
- 8 декември (понеделник), „Св. Климент Охридски”.
- За граѓаните од православна вероисповед
- 6 јануари (понеделник), Бадник, ден пред Божик,
- 19 јануари (недела), Богојавление (Водици),
- 18 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
- 6 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
- 28 август (четврток), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).
- За граѓаните од католичка вероисповед
- 21 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
- 1 ноември (петок), Празникот на сите светци,
- 25 декември (четврток), првиот ден на Божик.
- За граѓаните од муслиманска вероисповед
- 6 јуни (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам
- За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ
- 22 ноември (сабота), Ден на албанската азбука
- За граѓаните припадници на српската заедница во РСМ
- 27 јануари (понеделник), Свети Сава
- За граѓаните припадници на ромската заедница во РСМ
- 8 април (вторник), Меѓународен ден на Ромите
- За граѓаните припадници на влашката заедница во РСМ
- 23 мај (петок), Национален ден на Власите
- За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ
- 2 октомври (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур
- За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ
- 28 септември (недела), Меѓународен ден на Бошњаците
- За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ
- 21 декември (недела), Ден на настава на турски јазик.