Промовирани огласи »

Тимот на KARIERA.mk со вас го споделува правилото на 5 минути. Сметаме дека на многумина ќе им помогне!

Со ова правило имате можност да се ослободите од одолговлекувањето и мрзеливоста:

Доколку нешто не сакате да правите, а знаете дека морате, направете договор со самите себеси дека тоа ќе го правите барем 5 минути. По петте минути, Вие сосема ќе заборавите на зададениот рок и ќе ја завршите задачата

И тоа е точно. Сетете се колку пати сте чуле дека најдобриот начин да се заврши нешто е да се започне со истото. Мотивирањето на почетокот е најголемата борба – потоа е многу полесно да се преземат првите чекори.

Промовирани огласи »

Ма­ке­до­ни­ја е ед­на од зем­ји­те во Ев­ро­па со нај­ви­сок про­цент на сопс­тве­ни­ци на до­мо­ви, ду­ри 85 от­сто од Ма­ке­дон­ци­те жи­ве­ат во сопс­тве­но жи­ве­а­лиш­те. По овој по­ка­за­тел пред нас е са­мо Ро­ма­ни­ја, со ре­чи­си 95 от­сто сопс­тве­ни­ци на ста­но­ви. Со Хр­ва­ти­те го де­ли­ме ис­ти­от про­цент, а сле­ду­ва­ат Лит­ва­ни­ја (84 от­сто), Сло­вач­ка (81 от­сто), Бу­га­ри­ја (80 от­сто), Ср­би­ја (79 от­сто) и Пол­ска (74 от­сто). Нај­ни­зок про­цент на сопс­тве­ни­ци на до­мо­ви има во Швај­ца­ри­ја, Хо­лан­ди­ја и Швед­ска со под 10 от­сто, но та­му е мно­гу по­го­лем про­цен­тот (од 50 до 60 от­сто) на тие што по­се­ду­ва­ат жи­ве­а­лиш­те под хи­по­те­ка или го от­пла­ќа­ат пре­ку дол­го­ро­чен кре­дит. Ова го по­ка­жу­ва­ат по­да­то­ци­те од „Из­веш­тајот за до­му­ва­ње­то“ на ме­ѓу­на­род­на­та ор­га­ни­за­ци­ја „Ха­би­тат фор ху­ма­ни­ти“.

Во из­веш­та­јот се на­ве­ду­ва ка­ко до­бар при­мер при­ва­ти­за­ци­ја­та на оп­штес­тве­ни­те ста­но­ви во зем­ји­те од по­ра­неш­ни­от со­ци­ја­лис­тич­ки блок и на СФР Ју­гос­ла­ви­ја по 1990 го­ди­на, ко­ја до­ве­де до тоа го­лем број жи­те­ли на овие др­жа­ви да ста­нат сопс­тве­ни­ци на ста­но­ви.

- Ре­чи­си 80 про­цен­ти од стан­бе­ни­от фонд на Ма­ке­до­ни­ја бе­ше соз­да­ден ме­ѓу 1960 и 1980 го­ди­на- се ве­ли во де­лот на из­веш­та­јот за Ма­ке­до­ни­ја.

Спо­ред ана­ли­за­та на „Ха­би­тат“ ма­ке­дон­ски­те до­ма­ќин­ства од­во­ју­ва­ат 19,7 от­сто од вкуп­ни­те при­хо­ди за тро­шо­ци­те по­вр­за­ни со до­му­ва­ње­то, во кои вле­гу­ва­ат ки­ри­и­те, ко­му­нал­ни­те смет­ки и одр­жу­ва­ње­то. Овој про­цент ја ста­ва Ма­ке­до­ни­ја мал­ку под про­се­кот на Ев­ро­па за тро­шо­ци за до­му­ва­ње, кој из­не­су­ва 22 от­сто. По­ве­ќе од нас тро­шат Гр­ци­те, на кои за до­му­ва­ње им одат ре­чи­си тре­ти­на од те­ков­ни­те при­хо­ди, Бу­га­ри­те и Ср­би­те со 28 от­сто, Ун­гар­ци­те со 24 от­сто, а Ро­ма­ни­ја и Сло­вач­ка се блис­ку до ев­роп­ски­от про­сек од 22 от­сто. Ев­роп­ски­от про­сек го кре­ва­ат уш­те и Дан­ци­те, кои тро­шат 27 от­сто од при­хо­ди­те за до­му­ва­ње, Гер­ман­ци­те со 23 от­сто и Че­си­те со 21 от­сто.

Оп­што зе­ме­но по­ве­ќе од 10 от­сто од ев­роп­ски­те до­ма­ќин­ства тро­шат над по­ло­ви­на од до­маш­ни­те при­хо­ди за тро­шо­ци­те за до­му­ва­ње, по­ка­жу­ва­ат по­да­то­ци­те на „Ха­би­тат“. До­ма­ќинс­тва­та со ни­ски при­хо­ди кои тро­шат над 40 от­сто од бу­џе­тот за стан­бе­ни тро­шо­ци ста­ну­ва­ат се пом­но­губ­рој­ни во це­ла Ев­ро­па, а овој тренд е осо­бе­но из­ра­зен во ур­ба­ни­те цен­три со ди­на­ми­чен раз­вој и во не­раз­ви­е­ни­те ре­ги­о­ни.

Си­ту­а­ци­ја­та е по­теш­ка во Цен­трал­на и Ис­точ­на Ев­ро­па, ка­де што не­кои до­ма­ќин­ства од­де­лу­ва­ат за смет­ки­те за гре­е­ње по­ме­ѓу 30 и 50 от­сто од сво­и­те при­хо­ди во те­кот на зи­ма­та. Спо­ред ана­ли­за­та, др­жа­ви­те што се прик­лу­чи­ја кон ЕУ во 2004 го­ди­на ка­ко Ун­га­ри­ја, Пол­ска и Сло­вач­ка се спра­ву­ва­ат зна­чи­тел­но по­доб­ро од Ро­ма­ни­ја, Бу­га­ри­ја и зем­ји­те над­вор од ЕУ.

Промовирани огласи »

Вложување во биткоини е помалку предвидливо од играње рулет во казино, вели рускиот министер за економски развој на Русија Максим Орешкин.

Според неговите зборови, неквалификуваните инвеститори не би требало да имаат пристап до инструменти со така висока волатилност.

Што се однесува до биткоинот, ако погледнете како се движи неговата вредност, се зголемува за десетина проценти, а потоа толку падне ... тоа е полошо од казино. Прво, заработувате, заработувате, добро ви оди, а потоа изгубите се, и немате ништо, рекол Орешкин.

Оние кои не знаат како да управуваат со ризици и такви средства со таква нестабилност не би требало да имаат опција да инвестираат, бидејќи во 99,9 одсто, случаи резултатот е загуба за такви луѓе и потоа ќе се најде во тешка животна ситуација што не е добро, додал Орешкин.

Рускиот министер предложил трговија со биткоини да им се овозможи само на квалификувани инвеститори. На пример, за да го добиете тој статус, потребно е да имате најмалку шест милиони рубљи на ваша сметка, или сте работеле најмалку две години во финансиска институција која тргувала со хартии од вредност.

Рускиот претседател Владимир Путин конечно дал зелено светло за создавање национални криптовалути. 

Орешкин важи за министер кој му е омилен на Путин. Се споменува како човек за иднината и иден премиер.

Промовирани огласи »

Британското Кралство го прикажа првиот индекс на трошење во 1914 година. Индексот премина преку многу промени од тогаш. Индексот на малопродажбата бил прикажан во 1947 и индексот на потрошувачките цени во 1996. Во март оваа година, британскиот Завод за статистика воведе нов начин за мерење на инфлацијата наречен „Индекс на потрошувачки цени и трошоците за домување“, кој ги вклучува специфичните трошоци на поседување на дом, како што се кириите и надоместоците на агентите за недвижнини.

Наједноставно кажано, инфлацијата е мерење на колку брзо цените растат. За да се процени цената, статичарите одбираат што тие веруваат дека е репрезентативна „кошница“ од добра и услуги конзумирани од населението. Бројките најчесто се искажани во однос со процентот променет на претходната година. Ова можеби звучи едноставно, но не е. 

Најпрво, тука се поставува прашањето што да се стави во кошницата. Навиките на потрошувачите се менуваат постојано и потребно е претходно истражување и анкети за собирање точни податоци. Како за пример, Британија ја менува кошницата еднаш годишно и се чини веродостојна, но Америка ја менува на секои две години, а порано и на десет години. Исто така, потребно е да се земе во предвид и функцијата на производите и услугите кои се вклучени во кошницата. Оваа година мобилните телефони можеби ќе чинат повеќе, но и ќе имаат повеќе функции. 

Последицата од нередовното менување на кошницата и редовното истражување за потребите на потрошувачите за појасен приказ на кошницата, може да значи дека стапката на инфлација може да биде погрешна и до 0,6% на годишно ниво

Исто така, постои и поделбата на богати и сиромашни. Во многу случаеви, производите и услугите кои се наоѓаат во кошницата се последицата на куповните навики на богатите луѓе, по принципот на „богатите трошат повеќе“. Ова може да значи дека богатите и сиромашните искусуваат различна стапка на инфлација. Пример, сиромашните луѓе повеќе пари трошат на храна, а цените на храната во последните години се драстично повисоки. 

Соочувањето и решавањето на овие проблеми не е воопшто едноставно и се чини дека инфлацијата ќе остане мерка во сивата зона која е јавно призната. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »