Промовирани огласи »

На „Reddit“ се појави приказна од човек кој тврди дека целосно ја трансформирал потрагата по работа со помош на AI бот. Ботот, кој го програмирал самиот, автоматски анализирал огласи за работни места, генерирал уникатни CV-ја и мотивациски писма, одговарал на прашања од регрутерите и аплицирал за работни позиции – сè додека тој мирно спиел.

Резултатот? Во рок од еден месец, добил над 50 интервјуа. Според него, прилагодените документи што ботот ги креирал за секоја апликација направиле огромна разлика, а автоматизацијата му помогнала да ги помине системите за скрининг што ги користат многу компании.

Корисникот објасни дека гледањето на оваа технологија како средство за олеснување на потрагата по работа не е ништо поразлично од тоа како самите компании користат AI за селекција на кандидати. Но, смета дека иако ефикасно, ова отвора важни етички прашања. Тој верува дека постои ризик автоматизацијата да го потисне човечкиот елемент во професионалните односи, што е клучен дел од секоја работна средина.

Оваа приказна предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. Некои го пофалија за неговата иновативност и снаодливост, гледајќи го како пример за тоа како технологијата може да се искористи за лична корист. Други, пак, го критикуваа, сметајќи дека ваквиот пристап е нечесен и го избегнува вистинскиот труд што е потребен за да се најде работа.

Дали ова е паметен потег или нечесен начин за постигнување резултати?

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,01 % во однос на одлуката од 13.01.2025 година.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,051 ден/кг и сега ќе изнесува 46,336 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

Од 17.1.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 79,50 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 81,50 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 75,50 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,00 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 46,336 (денари/килограм)

Промовирани огласи »

Велес, како еден од позначајните индустриски центри во Македонија, нуди разновидни можности за вработување во различни сектори. Компаниите во градот често бараат квалификуван кадар, но исто така има и огласи за почетни работни позиции кои не бараат претходно работно искуство, што е идеално за младите кои штотуку го започнуваат своето кариерно патување.

Со огласите достапни онлајн, кандидатите можат да добијат информации за различни позиции, потребните квалификации, и условите на работа во компаниите од Велес.

Доколку го барате своето работно место во Велес може да аплицирате за следниве позиции:

Мерчендајзер (Редач на роба) - Велес, Неготино и Кавадарци
Раководител на машинска обработка
Овластен сметководител
Електроинженер во производство на електрични возила
Отчитувач на броила (м/ж) - Велес и Охрид
Регионален менаџер Велес

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Денеска е денот каде ќе се знае дали трговците ќе ги вратат цените по старо откако новогдишната кошничка што ја воведе Владата се со цел да им се олесни на граѓаните заврши вчера.

Според надлежните новогодишнат кошничка ги дала посакуваните ефекти, а цените на храната и пијалоците во декември бележат намалување во однос на ноември. Граѓаните со забелешка дека нема некоја голема промена во намалувањето на цените, а од опозицијата, ваквите мерки ги оценија како целосно промашени.

Се очекува и во статистичките податоци за јануари 2025 година во однос на декември 2024 година да се потврдат ефектите од новогодишната кошница, односно да се оствари дополнително намалување на трошоците за живот кај храна и безалкохолни пијалоци. Благодарност до сите производители, дистрибутери и трговци кои се приклучија и учествуваа во оваа акција и ги намалија цените на прехранбените производи и на дел од пијалоците за време на новогодишните и божиќните празници, велат од Министерството за економија.

Новогодишната кошничка беше креирана на иницијатива на бизнис секторот и вклучуваше 1178 производи од 96 производители и дистрибутери. Во акцијата беа вклучени 51 маркети. Креирана како иницијатива на бизнис секторот, за новогодишната кошничка немаше владина одлука, а Државниот пазарен инспекторат можеше да врши само мониторингот на цените во согласност со Законот за заштита на потрошувачи и Законот за трговија, односно да мониторира дали има отстапки во однос на цените на производите кои се во Новогодишната кошница и најниските цени на истите производи кои биле во последните 30 дена.

На самиот старт на новогодишната кошничка имаше реакции од јавноста дека за сметка на одредени прехранбени производи коишто се намалени, значително поскапеле други производи кои не беа дел од кошничката. Надлежното Министерство за економија и труд апелираше до трговците да се придржуваат до договореното, најавувајќи дека доколку тоа не се случи, ќе се активира одлука за замрзнување на цените или ограничување на маржите но до тоа не дојде.

Од опозициската СДСМ вчера излегоа со став дека политиките на Владата се погрешни и дека наместо да се намалат цените, во изминатиот период зголемени се цените на дел од основните прехранбени производи.

Последните податоци од Државниот завод за статистика покажуваат дека трошоците за живот во декември 2024 година се зголемени за 4,4 проценти, а цените на основните производи пораснале за 4,3 проценти. Се зголеми и инфлацијата, во декември 2024 година е за 4,4 проценти повисока. Овие податоци јасно укажуваат дека политиките на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се целосно промашени и погрешни, изјави вчера портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Во декември, пораст од 840 денари забележа и синдикалната минимална кошничка во однос на ноември. Нејзината висина изнесуваше 62.861 денар, а со трошоците за изнајмен стан од 60 м2, минималните трошоци на едно четиричлено семејство беа проектирани на 78.236 денари. За храната и пијалоци во декември, според пресметките на синдикатот, минимум биле потребни 23.075 денари што е зголемување за околу 40 денари во споредба со септември.

Од Сојузот на синдикати, кој ја изработува синдикалната кошничка, тогаш оценија дека загрижува тоа што трговците го искористиле периодот пред стапување на сила на последната акција и евидентно ги зголемиле цените.

Статистичките податоци за декември во делот на трошоци на живот покажуваат дека на годишни ниво има зголемување од 4,4 проценти, а на месечно ниво за 3,5 проценти. Цените на мало на годишно ниво се зголемени за 4,3 проценти, а на месечно ниво за 3,8 проценти.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »