Промовирани огласи »

Дали ова е вистинската форма на притисок за промена, останува да покаже реакцијата на надлежните и јавноста.Во Македонија за овој петок се најавува голем бојкот на големите маркети, како реакција на драстичното поскапување на цените. Организаторите повикуваат граѓаните да се воздржат од купување и користење услуги на маркетите, со цел да испратат јасна порака до одговорните за оваа економска состојба.

Ајде сложно
31 ЈАНУАРИ БОЈКОТ!!!
РТ РТ РТ https://t.co/tPDreBy4be

— ⰱⱁјⰰⱀ ⰲⰰⱄиⰾⰵⰲⱄⰽи🔴⚫️ (@bojanvasil) January 27, 2025

„Повикуваме на масовен бојкот во петок. Воздржете се од купување во големите маркети, избегнувајте ги помалите маркети. Сакаме да испратиме порака дека граѓаните нема да ги толерираат овие нереални поскапувања,“  се вели на социјалните мрежи.

Промовирани огласи »

Двесте британски компании потпишаа иницијатива за воведување четиридневна работна недела за сите вработени, без намалување на нивните плати, објавија денеска британските медиуми.

Поддржувачите на оваа мерка истакнуваат дека петдневната работна недела е воведена пред 100 години во претходната економска ера и дека таа повеќе не служи за цел, пренесува Гардијан.

Луѓето би имале 50 отсто повеќе слободно време и можност да водат посреќен и поисполнет живот, вели Џо Рајл од фондацијата која се залага за четиридневна работна недела.

Досега 30 компании веќе воведоа четиридневна работна недела, предводена од маркетинг и медиумски агенции.

Нивниот пример го следеа 29 други организации од секторите за хуманитарна и социјална заштита и невладини организации, како и 22 компании од секторот бизнис, ИТ и софтверска технологија кои на своите вработени им понудија четиридневна работна недела.

Промовирани огласи »

Повеќе од 200 британски компании трајно се префрлија на четиридневна работна недела без намалување на платите, што ја означува најновата пресвртница во кампањата за промена на начинот на работа на Британците.

Компаниите се движат од маркетинг агенции, ИТ фирми и консултантски куќи до оние во добротворниот сектор, а заедно вработуваат повеќе од 5.000 луѓе.

Џо Рајл, директор на кампањата на Фондацијата „4-дневна недела“, рече дека петдневната работна недела „е измислена пред 100 години и повеќе не е погодна за целта“. Наместо тоа, неговата организација се залага за четиридневна работна недела со иста плата и бенефиции како оние кои работат пет дена од седум.

Тој рече: „Како што веќе покажаа стотици британски компании и еден локален совет, четиридневната недела без намалување на платите може да биде добитна комбинација и за работниците и за работодавците.

Со 50 проценти повеќе слободно време, четиридневната недела им дава на луѓето слобода да живеат посреќни и поисполнети животи“.

списание Феникс/MD/Хина

Промовирани огласи »

Кај јужниот сосед ќе се зголеми старосната граница за пензионирање. Секоја година повеќе од 200.000 Грци одат во пензија, а од 2027 година ќе се зголеми старосната граница.

Според последните податоци на грчкиот Пензиски фонд, барањата за пензија во 2024 година достигнале 201.000. Toa е особено висока бројка, иако не го надмина рекордот од 2021 година, кога бea поднесени вкупно 212.151 барања. Но, треба да се истакне дека во последните пет години се пензионирале околу еден милион вработени (поднесени се вкупно 990.357 барања за технолошки вишок).

Подетално, во 2020 година се поднесени 175.705 барања за пензија, во 2021 година близу 212.151 барање, во 2022 година се поднесени 211.133 барања, во 2023 година се поднесени 190.368 барања за пензија и во 2024 година околу 201.00 барања. Тенденциите на осигурениците да заминат во пензија се засилуваат со сценарија за зголемување на старосната граница за пензионирање по 2027 година поради тешкото оптоварување на осигурителниот систем од демографскиот проблем. Постоечката легислатива веќе предвидува ревизија на старосната граница за пензионирање – од оваа година – во комбинација со очекуваниот животен век во нашата земја. Во јавната расправа веќе се појавија мерки како зголемување на општата старосна граница за пензионирање, продолжување на работниот и осигурителниот живот и намалување на стапките за замена. Изјавите на надлежните владини функционери ја оставаат отворена можноста за промени, кои, сепак, ги поставуваат по 2027 година, анализира То Вима.

Промени има и во други европски земји.  Од 1 јануари во Белгија ќе се оди во пензија со 66 години. Почнувајќи од 1 јануари 2025 година ќе стапат на сила значајните промени во пензискиот систем. Реформите ќе влијаат на возраста за пензионирање, бенефициите и минималните барања за пензија.

Се поместува старосната граница за пензионирање во Германија. 

Редовната старосна граница за старосна пензија постепено ќе се зголемува до 2031 година на 67 години. Право на редовна пензија ќе имаат родените 1960 година од 2025 година кога ќе наполнат 66 години и 4 месеци.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »