Промовирани огласи »

Во денешниот конкурентен пазар на труд, компаниите се соочуваат со предизвик не само да пронајдат, туку и да задржат високо квалификувани и талентирани работници. Ова е клучно за долгорочниот успех на секоја организација.

Еве неколку практични совети како да го постигнете тоа:

1. Изградете атрактивна работна култура

Работната култура е една од најважните причини зошто талентираните лица избираат одредена компанија. Обезбедете позитивна, отворена и поддржувачка атмосфера. Промовирајте инклузија, тимска работа и почитување на индивидуалните придонеси.

2. Конкурентни плати и бенефиции

Талентираните работници сакаат да бидат наградени соодветно за нивните вештини и напори. Покрај основната плата, понудете атрактивни бенефиции како здравствено осигурување, флексибилно работно време, бонуси, и можности за професионален развој.

3. Инвестирајте во развојот на вработените

Професионалниот развој е од суштинско значење за задржување на талентите. Организирајте обуки, семинари и работилници кои ќе ги подобрат нивните вештини. Ова не само што ги мотивира, туку и ја зголемува нивната лојалност кон компанијата.

4. Обезбедете флексибилност

Флексибилното работно време и можноста за работа од дома станаа стандарден дел од модерните работни услови. Овие опции покажуваат дека ја цените рамнотежата помеѓу приватниот и професионалниот живот на вашите вработени.

5. Препознајте ги и наградете успесите

Признавањето на трудот на вработените е моќен мотиватор. Било да е тоа јавна пофалба, унапредување или паричен бонус, секое признание придонесува за создавање на чувство на вредност кај вработените.

6. Редовна комуникација и фидбек

Одржувајте отворени канали за комуникација со вработените. Редовно давајте фидбек и охрабрувајте ги да го изразат своето мислење. Ова помага да се идентификуваат можни проблеми и да се создаде чувство на заедништво.

7. Создадете јасна визија и мисија

Луѓето сакаат да работат за компании со јасна цел. Кога вработените се идентификуваат со визијата и мисијата на компанијата, тие се почувствуваат дел од нешто поголемо, што ја зголемува нивната ангажираност.

8. Мерете и анализирајте

Користете анкети, интервјуа и други алатки за да го мерите задоволството и ангажираноста на вработените. Врз основа на добиените податоци, донесувајте информирани одлуки за подобрување на условите за работа.

Привлекувањето, задржувањето и ангажирањето на талентираните работници е постојан процес кој бара посветеност, внимание и ресурси. Компаниите кои ќе вложат во создавање на поволна средина за своите вработени не само што ќе го намалат одливот на таленти, туку и ќе ги зголемат своите шанси за успех на долг рок.

Промовирани огласи »

Ревизијата утврди повеќе нерегуларности и кадровски проблеми во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ).

Според извештајот на Државниот завод за ревизија лани во ПИОМ биле ангажирани 206 лица со договор на дело за период од 2 до 12 месеца, за кои Фондот имал обезбедено согласности од министерството за финансии, за извршување на работни задачи, а за кои биле потрошени над 800.000 евра.

Ревизорите укажуваат дека не постои евиденција за присуство на ангажираните лица поради што постои можност од исплата на парични средства на лица кои не биле присутни на работните места и не ги извршувале работните обврски. Во договорите не е предвидена обврска ангажираните лица да доставуваат извештаи за извршената работа, што не обезбедува уверување во однос на исполнувањето на нивните работни задачи и обврски за кои се ангажирани при што поголем дел од договорите не се потпишани од страна на извршителите, се наведува во извештајот.

Нотирано е и дека ПИОМ лани собрал рекордни 63 милијарди денари од придонеси, но повеќе од 30 проценти од потребните средства за исплата на пензии биле покриени со државни трансфери. Причина за тоа е недоволниот број активни осигуреници – трошоците за еден пензионер во просек ги покриваат двајца вработени.

Според извшетајот, ПИОМ долги години се соочува и со недостиг на стручен кадар, особено во клучните сектори како подрачните единици, ИТ одделението и внатрешната ревизија.

Промовирани огласи »

Двете фирми на ЕСМ, „Производство“ и „Дистрибуција“ имаат поднесено барање до Регулаторната комисија за енергетика за покачување на цената на парното. Ова тие го правдаат со зголемените трошоци за набавка на гориво.

Трошокот кој треба да се корегира според ЕСМ би изнесувал 21 отсто што во пракса би значело дека само за набавка би се одвоиле 14,5 милиони евра, со што би се испорачале околу 254,7 милиони киловат часа топлинска енергија.

Во барањето ЕСМ наведуваат дека имаат потреба од покривање на зголемените трошоци за набавка на гориво што директно влијае врз цената. Од компанијата посочуваат дека неопходно е да се одржи стабилноста на снабдувањето со топлина за да се обезбеди непрекината услуга за потрошувачите.

Останува на Регулаторна да одлучи дали ќе го одобри барањето на ЕСМ за покачување. Пресметките покажуваат дека ако се прифати барањето на ЕСМ тогаш цената на парното би поскапела од 10 до 11 отсто.

Промовирани огласи »

Извршниот директор на BlackRock, Лери Финк, го опишува традиционалното пензионирање на 65 години како „лудо“ и потсетува дека оваа возраст била утврдена во време кога животниот век бил значително пократок. Денес луѓето живеат подолго, што е позитивно, но го оптоварува пензискиот систем, кој не бил дизајниран за пензии кои траат со децении. 
 

Финк предупредува дека Фондот за старосно осигурување и осигурување на преживеани ќе се испразни во следната деценија, а социјалното осигурување ќе се потпира само на даноци од платите, што ќе покрива околу 79% од ветените бенефиции. Тој ја посочува и генерацијата на беби-бумерите, кои, според него, го искористиле системот, оставајќи ги миленијалците и Ген З со несигурна основа за пензија

Финк смета дека продолжувањето со работа по 65 години може да биде решение за пензиската криза. Ова би им овозможило на луѓето да заштедат повеќе, да ги зголемат своите социјални осигурителни бенефиции и да го намалат притисокот врз системот. Оваа идеја е поддржана и од други политичари и експерти, кои истакнуваат дека долготрајната кариера може да обезбеди финансиска стабилност

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »