Промовирани огласи »

Рускиот претседател Владимир Путин ја посети компанијата „Автоваз“ и му беше врачен новиот автомобил Лада Искра. Почетокот на производството на овој автомобил е закажан за април оваа година, пренесува РИА Новости.

„Искра“ е „седан“ што припаѓа на сегментот Б, бидејќи Русите, како и сите Словени, ја ценат елеганцијата на таквата форма.

Најавено е производство на комби и на теренски (крос) комби.

Светската премиера на овој автомобил беше на 5 јуни 2024 година, како дел од Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.

На шефот на државата му беше покажан автомобил во различни каросериски стилови и бои – црвена, бела и сина. Путин ја отвори вратата од црвената лимузина и погледна внатре, но не влезе во автомобилот.

Изгледот е сличен и припаѓа на веќе познатиот X-дизајн, со испакнати и вдлабнати крила, врати и хауба, како материјалот да е свила за балски фустан, а не челик, пишува RT Balkan.

Iskra изгледа мирно и елегантно, за разлика од западните возила, кои генерално се дизајнирани да изгледаат агресивно и застрашувачки. Должината е 4.396 m, ширината е 1.848 m, висината е 1.501 m, а меѓуоскиното растојание е 2.649 m. 

Промовирани огласи »

НЛБ Груп е водечка банкарска и финансиска групација со седиште и ексклузивен стратешки интерес во нашиот матичен регион – Југоисточна Европа. Покрај НЛБ д.д., главен субјект во Словенија и јавно претпријатие, НЛБ Груп се состои од шест банки-ќерки и неколку компании за помошни услуги меѓу кој е и НЛБ Банка С.Македонија.

Моментално вработува:

Бизнис аналитичар
Проектен менаџер
Соработник за сметководство

Се уште невработени!? Сите останати работни позиции ќе ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Во денешниот конкурентен пазар на труд, компаниите се соочуваат со предизвик не само да пронајдат, туку и да задржат високо квалификувани и талентирани работници. Ова е клучно за долгорочниот успех на секоја организација.

Еве неколку практични совети како да го постигнете тоа:

1. Изградете атрактивна работна култура

Работната култура е една од најважните причини зошто талентираните лица избираат одредена компанија. Обезбедете позитивна, отворена и поддржувачка атмосфера. Промовирајте инклузија, тимска работа и почитување на индивидуалните придонеси.

2. Конкурентни плати и бенефиции

Талентираните работници сакаат да бидат наградени соодветно за нивните вештини и напори. Покрај основната плата, понудете атрактивни бенефиции како здравствено осигурување, флексибилно работно време, бонуси, и можности за професионален развој.

3. Инвестирајте во развојот на вработените

Професионалниот развој е од суштинско значење за задржување на талентите. Организирајте обуки, семинари и работилници кои ќе ги подобрат нивните вештини. Ова не само што ги мотивира, туку и ја зголемува нивната лојалност кон компанијата.

4. Обезбедете флексибилност

Флексибилното работно време и можноста за работа од дома станаа стандарден дел од модерните работни услови. Овие опции покажуваат дека ја цените рамнотежата помеѓу приватниот и професионалниот живот на вашите вработени.

5. Препознајте ги и наградете успесите

Признавањето на трудот на вработените е моќен мотиватор. Било да е тоа јавна пофалба, унапредување или паричен бонус, секое признание придонесува за создавање на чувство на вредност кај вработените.

6. Редовна комуникација и фидбек

Одржувајте отворени канали за комуникација со вработените. Редовно давајте фидбек и охрабрувајте ги да го изразат своето мислење. Ова помага да се идентификуваат можни проблеми и да се создаде чувство на заедништво.

7. Создадете јасна визија и мисија

Луѓето сакаат да работат за компании со јасна цел. Кога вработените се идентификуваат со визијата и мисијата на компанијата, тие се почувствуваат дел од нешто поголемо, што ја зголемува нивната ангажираност.

8. Мерете и анализирајте

Користете анкети, интервјуа и други алатки за да го мерите задоволството и ангажираноста на вработените. Врз основа на добиените податоци, донесувајте информирани одлуки за подобрување на условите за работа.

Привлекувањето, задржувањето и ангажирањето на талентираните работници е постојан процес кој бара посветеност, внимание и ресурси. Компаниите кои ќе вложат во создавање на поволна средина за своите вработени не само што ќе го намалат одливот на таленти, туку и ќе ги зголемат своите шанси за успех на долг рок.

Промовирани огласи »

Ревизијата утврди повеќе нерегуларности и кадровски проблеми во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ).

Според извештајот на Државниот завод за ревизија лани во ПИОМ биле ангажирани 206 лица со договор на дело за период од 2 до 12 месеца, за кои Фондот имал обезбедено согласности од министерството за финансии, за извршување на работни задачи, а за кои биле потрошени над 800.000 евра.

Ревизорите укажуваат дека не постои евиденција за присуство на ангажираните лица поради што постои можност од исплата на парични средства на лица кои не биле присутни на работните места и не ги извршувале работните обврски. Во договорите не е предвидена обврска ангажираните лица да доставуваат извештаи за извршената работа, што не обезбедува уверување во однос на исполнувањето на нивните работни задачи и обврски за кои се ангажирани при што поголем дел од договорите не се потпишани од страна на извршителите, се наведува во извештајот.

Нотирано е и дека ПИОМ лани собрал рекордни 63 милијарди денари од придонеси, но повеќе од 30 проценти од потребните средства за исплата на пензии биле покриени со државни трансфери. Причина за тоа е недоволниот број активни осигуреници – трошоците за еден пензионер во просек ги покриваат двајца вработени.

Според извшетајот, ПИОМ долги години се соочува и со недостиг на стручен кадар, особено во клучните сектори како подрачните единици, ИТ одделението и внатрешната ревизија.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »