Промовирани огласи »

Германската амбасада ги демантира информациите кои ги пласираа дел од медиумите дека вработувањето во Германија за работниците од земјите од екс Југославија ќе се одвива на ист начин како што тоа е за работници кои доаѓаат од земјите членки на Унијата.

Не е точно дека во Германија ќе стартува нов закон за вработување од јануари следната година.

“Информациите, дека од 01.01.2018 г. ќе влезе во сила нов закон, кој ќе овозможи лица коишто не се граѓани на ЕУ да може да се вработат под исти услови како граѓаните од ЕУ, не се точни. Ве молиме да се информирате на веб страната на Амбасадата преку линкот: Услови и време на чекање за издавање на работни визи”.-стои во демантот од германската амбасада.

Промовирани огласи »

Бугарскиот дневен весник „Труд“ пишува дека германските пензионери веќе ги потиснуваат Британците за купувањето на недвижнини во Бугарија, пренесува БТА.

Бугарија е финансиски рај за повозрасните Германци, кои дома едвај би составиле крај со крај со 958 евра, колку што е просечната пензија за 15,9% од речиси 21 милион пензионери, колку што вкупно ги има во Германија.

Германската телевизија РТЛ наведува дека пензионерите со тие пари можат богато да живеат во Бугарија, затоа што во таа земја цените на храната се двојно пониски отколку во Германија, а недвижнините се многу поевтини.

За разликата од бројните Руси кои купуваат викендици во Бугарија за да заработат со нивното издавање, Германците повеќе сакаат цела година да живеат тука, затоа што не ги интересира ниту туризмот, туку само сакаат да ги трошат своите пензии и да уживаат во животот.

Промовирани огласи »

Сигурно сте слушнале - такво ни е општеството, жената треба да биде посветена мајка, треба да ја жртвува кариерата а мажот треба да носи пари и да биде успешен.

Меѓутоа, во поново време некако работите драстично се сменија и на амбициозните жени им се нудат високи плати, одлични позиции, и се повеќе отсуство од домот.

Како ова влијае на семејниот живот или поблиску на посилната половина од бракот - мажот во домот.

Психијатрите предупредуваат дека во последните години мажите на успешните жени се почесто провајуваат симптоми на нова модерна болест која се темели врз непочит и себичност која води до нетолерантност и големи забрани во поглед на кариерата на својата жена.

Експертите препорачуваат:

  • Немој да им се предаваш на тешките околности
  • Не престанувај да го работиш она за кое имаш страст
  • Опкружи се со група која ќе ти дава поддршкa

На крајот не престанувајте да бидете посветени мајки и жени меѓутоа живејте го животот според амбициите кои ги имате и не дозволувајте истите да бидат скршени по првата расправија заради доцното работење еднаш во неделата.

Промовирани огласи »

Вработените во воздухопловен транспорт во август земале нето плата од  56 311 денари, објави Државниот завод за статистика. 

Просечна нето плата од 38 375 денари земале вработените во секторот информации и комуникации. 

Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности е сектор со плата од  54 319 денари. 

Во финансиско-услужни дејности просекот е  41 725 денари. 

Во правни и сметководствени дејности просечната нето плата во август изнесувала 40 650 денари. 

На дното се работниците кои се занимаваат со производството на облека со 13 452 денари, и  производство од кожа со 12 720 денари. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »