Секој викенд некој од пријателите ќе рече, не може да се видиме викендов, на тим билдинг сум. Македонските компании се чини дека прифаќаат трендови поврзани со уживање се повеќе и повеќе, па дестинациите ги шират не само во нашата држава, туку се почесто се случува тим билдингот да го реализираат со помош на ефтините летови до некои од големите градови во Европа.
Сепак, тим билдингот се чини дека не е само мода, туку е и функционална алатка на менаџерите во компаниите.
Ова е место и време каде ќе дознаат за вашите планови за планирање на семејство, инвестирање, како и болест или можни отсуства заради некои членови во семесјтвото.
Наредниот пат кога ќе ве поканат на тим билдинг бидете сигурни дека низ неколку редови разговор по 2 чаши алкохол, сепак ќе бидат извлечени од вас и некои информации кои не може да ги добијат на работното место.
Еве неколку причини зошто се организираат тим билдинзи секоја година во успешните компании во светот:
Зголемена мотивација
Мотивацијата за работа несомнено се зголемува по завршувањето на настан како Тим билдингот. Во работната атмосфера се чувствува опуштеност, позитивна енергија, со еден збор поинаква вибрација за работа. Успешноста на еден Тим билдинг настан се рефлектира позитивно врз сите вработени лица.
Зголемување на самодовербата
Вежбите и игрите од коишто ќе бидете дел за време на Tим билдингот дефинитивно ќе направат да е опуштите и да го дадете најдоброто од себе без дополнителен притисок од околината или строго зацртани временски рокови.
Издвојување на водач
На секој тим му е потребен квалитетен водач кој ќе ги предводи во работните предизвици. Тој вообичаено секогаш се истакнува на Тим билдинг настаните како некој кој ужива голема доверба меѓу вработените и истовремено е подготвен да помогне и да соработува подеднакво како и сите останати, без оглед на неговата функција.
Поголемо почитување
Тим билдингот фрла една поинаква светлина како врз вработените, така и кон врвното раководство. По настанот најчесто имате многу повеќе почит за поголемиот дел од луѓето. Од вашето работно опкружување.