Промовирани огласи »

Секој викенд некој од пријателите ќе рече, не може да се видиме викендов, на тим билдинг сум. Македонските компании се чини дека прифаќаат трендови поврзани со уживање се повеќе и повеќе, па дестинациите ги шират не само во нашата држава, туку се почесто се случува тим билдингот да го реализираат со помош на ефтините летови до некои од големите градови во Европа.

Сепак, тим билдингот се чини дека не е само мода, туку е и функционална алатка на менаџерите во компаниите.

Ова е место и време каде ќе дознаат за вашите планови за планирање на семејство, инвестирање, како и болест или можни отсуства заради некои членови во семесјтвото.

Наредниот пат кога ќе ве поканат на тим билдинг бидете сигурни дека низ неколку редови разговор по 2 чаши алкохол, сепак ќе бидат извлечени од вас и некои информации кои не може да ги добијат на работното место.

Еве неколку причини зошто се организираат тим билдинзи секоја година во успешните компании во светот:

Зголемена мотивација

Мотивацијата за работа несомнено се зголемува по завршувањето на настан како Тим билдингот. Во работната атмосфера се чувствува опуштеност, позитивна енергија, со еден збор поинаква вибрација за работа. Успешноста на еден Тим билдинг настан се рефлектира позитивно врз сите вработени лица.

Зголемување на самодовербата

Вежбите и игрите од коишто ќе бидете дел за време на Tим билдингот дефинитивно ќе направат да е опуштите и да го дадете најдоброто од себе без дополнителен притисок од околината или строго зацртани временски рокови.

Издвојување на водач

На секој тим му е потребен квалитетен водач кој ќе ги предводи во работните предизвици. Тој вообичаено секогаш се истакнува на Тим билдинг настаните како некој кој ужива голема доверба меѓу вработените и истовремено е подготвен да помогне и да соработува подеднакво како и сите останати, без оглед на неговата функција.

Поголемо почитување

Тим билдингот фрла една поинаква светлина како врз вработените, така и кон врвното раководство. По настанот најчесто имате многу повеќе почит за поголемиот дел од луѓето. Од вашето работно опкружување.

Промовирани огласи »

Според последните анализи, реалноста за економската состојба станува исклучително интересна.

Иако сите ние знаеме дека богатите стануваат сè побогати, а сиромашните сè посиромашни, разликата помеѓу овие две групи станува сè поголема и поголема. Како што вели статистиката, само осум луѓе на светот имаат богатство коешто е идентично на богатството на 3.6 милиони индивидуи, заедно!

Потенцирајќи ги растечките економски разлики, овој извештај ни покажува како избегнувањето на плаќањето на даноците, намалувањето на заработката и употребата на моќта на богатите имале силно влијание на финансиската криза којашто владее во денешницата.

Извештајот предвидува дека првиот “трилионер” ќе го добиеме во текот на наредните 25 години, ако нештата и понатаму се одвиваат по овој тек. Во периодот помеѓу 1988-та и 2011-та година, приходите на најсиромашните десет отсто жители пораснале за само 65 долари, додека во споредба со тоа, приходите на најбогатите луѓе пораснале за 11.800 долари.

Промовирани огласи »

KARIERA.mk открива кој бил најголемиот совет кој Алберт Ајнштајн му го дал на својот син во врска со изборот на својата професија. ВО едно од своите писма тој открива дека во еден момент го посоветувал вака:

- Многу ми е драго што ти се допаѓа да свириш на клавир. Тоа и столарството, според моето мислење се двете најдобри занимации за едно момче на твои години. Можеби дури подобри и од самото училиште. Тоа се нештата коишто одлично им прилегаат на младите луѓе како што си ти.

- Гледај колку што е можно почесто на клавирот да ги свириш нештата што ги сакаш, дури и ако твојот учител не се согласува со тоа. Тоа е најдобриот начин за нешто навистина да научиш – бидејќи кога правиш нешто со толку голема радост и страст, не ни забележуваш дека времето буквално лета. Јас понекогаш сум толку опседнат со својата работа, што заборавам и да јадам.

Промовирани огласи »

Никогаш  не е доцна да направите промена во животот, но и во кариерата. 

Ова го потврдува Пол Таснер, кој по 40 години работа за други основаше своја фирма и тоа на 66 години. 

Тој ги споил идејата, искуството и страста. 

„PulpWorks, Inc“ е неговата фирма која произведува амбалажа која лесно се распаѓа. 

Заврши работа од 40 години за различни компании, големи и мали. Имав контакти, добра репутација, верував дека ќе биде добро. Пензионирањето не беше опција за мене. Така на 66 години, по 40 години работа бев претприемач за прв пат - вели тој. 

Но, за финансирањето на проектот морал да се натпреварува со многу помлади луѓе. 

Но, по пет години имал двојно поголема заработка на годишно ниво. 

Вели дека немал некој пример во работата кого сакал да го следи. 

Таснер додава дека сака да работи нешто за светскиот пазар.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »