Промовирани огласи »

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ поскапува за половина, а Екстра лесното масло за домаќинство за еден денар по литар, додека цените на ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,63 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 79,5, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 73 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС – 98 и понатаму ќе се продава за 81,5, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 73 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,542 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 48,011 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,198 отсто, кај екстра лесното масло за 1,055 и кај мазутот за 1,452 отсто, додека кај дизелот има намалување за 0,043 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот, пак, по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,0815 отсто.

Промовирани огласи »

Нептун е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа на производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/Аудио/Видео, компјутери, телефони, фото апарати и камери, производи за нега и убавина, ладење и греење, во Македонијa.

Моментално вработува:

Референт за продажба во Скопје
Референт за продажба во Битола
Менаџер за Б2Б продажба
Референт за продажба во Струмица
Референт за грижа за корисници
Продукт менаџер

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции ќе ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Meta, матичната компанија на Facebook, објави дека следната недела ќе спроведе отпуштања на вработени ширум компанијата. Според внатрешни меморандумите, истовремено се очекува забрзување во процесот на вработување инженери специјализирани за машинско учење.

Известувањата за отпуштања ќе започнат во понеделник во 5 часот наутро по локално време во повеќето земји, вклучувајќи ги и САД. Оваа информација беше откриена во една од објавите напишани од Женел Гејл, директор на човечки ресурси во Meta. Меѓутоа, вработените во Германија, Франција, Италија и Холандија нема да бидат засегнати од овие отпуштања поради локални регулативи.

Вработените кои живеат во повеќе од десетина други земји ширум Европа, Азија и Африка ќе ги добијат нивните известувања за одземање работни позиции помеѓу 11 и 18 февруари, според внатрешните меморандуми. Портпарол на Meta одби да ги коментира објавите.

Промовирани огласи »

Романтичните врски на работното место отсекогаш биле тема што предизвикува интерес и дискусија. Додека некои веруваат дека љубовта може да ја зголеми мотивацијата и продуктивноста, други сметаат дека може да донесе предизвици во тимската динамика. Но, како навистина љубовните врски влијаат врз нашата работа?

Во духот на месецот, KARIERA.mk спроведува за да ја истражи оваа тема и да дознае како романтичните релации меѓу колегите влијаат на работната атмосфера и перформансите. Дали љубовта ги поттикнува успесите или создава тензии? Дали ситуацијата е онаква како што ја замислуваме или е сосема поинаква во реалноста?

Прашалникот е краток, целосно анонимен и бара само 2 минути за пополнување.

Вашето искрено мислење ќе придонесе кон подобро разбирање на динамиката на работното место и како различните аспекти на човечките релации можат да влијаат на успехот на компаниите и индивидуалните кариери.

👉 Ако сакате да бидете дел од ова истражување, одвојте 2 минути и пополнете го ПРАШАЛНИКОТ.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »