Промовирани огласи »

Во  Европскиот парламент 70 пратеници се залагаат за укинување на Директивата на Европската комисија за менување на стрелките од часовникот двапати годишно.


Барањето за укинување на поместувањето на стрелките од часовникот двапати годишно се засновало на сè поголемите докази за негативниот ефект на таа практика. 
Научните истражувања покажуваат дека 20% од населението страдаат од здравствени проблеми поради промената на часовникот- истакнува Павел Свобода, чешки пратеник. 

Освен негативното влијание врз човечкиот биоритам, поместувањето на стрелките на часовникот доведува до поголем број сообраќајни несреќи, повеќе нарушувања во семејствата, како и намалување на продуктивноста на работното место, смета Свобода. 

Свобода најави дека работната група ќе даде предлог за резолуција што ќе бара од Европската комисија да упати предлог за укинување на оваа практика и дека во блиска иднина ќе очекува гласање за ова прашање токму во Европскиот парламент.

Поместувањето на часовникот е воведено со цел да се заштеди енергија, а оваа цел никогаш не била исполнета, додава тој. 

Спроведеното истражување јасно покажува дека укинувањето на промената на часовникот би било добро за нашите 510 милиони граѓани- вели чешкиот пратеник.

Свобода додава дека овој предлог има силна поддршка од земјите-членки, при што Полска веќе ги направила првите законодавни чекори по тоа прашање.

  

Промовирани огласи »

Од декември построги казни за работодавачите кои ќе го злоупотребат  законот за минимална плата.

До тогаш ќе има само  предупредувања за да им се остави простро на фирмите да се адаптираат. Но потоа секое прекршување на законот за минимална плата нема да пројде неказнето. Од министертвото за труд апелираа и до  вработени  да  ја пријават секоја злоупотреба.

Досега е многу мал интересот кај работодавачите за државните субвенции за исплата на минимална плата. Финансиска подршка побарале само 1400 фирми за близу 9000 работници.

Според проценките на надлешните минимална плата од  200 евра треба да добијат  околу 130 илјаид работници.

Државната подршка за исплата на повисока минимлна плата изнесува 1,5 милиони евра месечно,но следната година оваа сума ќе се преполови.

Промовирани огласи »

Вработувањето е најголемата грижа на сопствениците воопшто. Да се пронајдат вистинските луѓе кои ќе работат за вашата компанија е висок ризик. Вработените кои покажуваат лоши резултати може да влијаат катастрофално на вашиот успех. Повеќето извршни директори се изјаснуваат дека сопствениците треба да посветуваат околу 50% од нивното време за да ги донесат вистинските луѓе во својата фирма. 

Ова значи дека прашањата што ги одбирате да ги поставите за време на интервјуто се од суштинско значење. Имате само одредено време со секој од кандидатите и максимизирањето на вашето учење по минута е клучно. Како да го направите тоа е таму каде ви помага KARIERA.mk. Нашата цел е да ви презентираме најдобрите прашања за интервјуа за вработување на најдобрите кандидати.

Постојат седум карактеристи, кои склопени заедно, доведуваат до тоа некој да е најдобар во својата работа. Има доста специфични прашања поврзани со нив кои ќе ви го откријат подобро кандидатот кој седи спроти вас и се именувани како:

  • Страст 
  • Строгост
  • Влијание
  • Тимска работа
  • Почит кон себеси
  • Љубопитност
  • Полирање

За страст, поставете го следново прашање - Кажете ни за времето во вашата кариера кога нешто сте посакувале толку многу што ништо не можело да ве спречи да го остварите. Кои пречки ги поминавте за да стигнете таму? 

  • Кога ќе ги слушате одговорите на ова прашање, обрнете внимание на тоа колку долго ќе издржат. И колку долго се задржале на проблемот отколку на решението. 

За втората карактеристика, строгост, прашајте - Кажете ми за времето кога искористивте некои информации за да донесете одлука. 

  • Барајте ги деталите на комплексноста во потрагата по информации и самите информации и како се случил процесот на донесување одлука, отколку да се фокусирате веднаш на одговорот. 

Кога се работи за влијание, прашањата се - Кажете ни за времето кога имавте мерливо влијание на работата и организацијата; Кажете ми за личност или организација на која се восхитувате. Зошто сметате дека тие имаат некое огромно влијание? 

  • Како работодавач, ги барате знаците дека кандидатот ја разбира големата слика и дека може да разберат важноста на компромисот и правилното донесување на приоритети. 

Тимската работа како карактеристика ве наведува да прашате - Кога работите за тим, што е најтешко за вас? Што може да ми кажете за времето кога сте работеле во комплициран, тежок тим? Која беше вашата улога и искуство? Дали знаете за другите луѓе кои беа вклучени од каде доаѓаа? Кажете ни за ситуацијата од нивна перспектива. Што е тоа што ве прави најсреќни и најефективни при работењето со другите?

  • Овие одговори ќе ви овозможат да забележете дали вашиот кандидат поседува емоционална интелегенција и способност за емпатија. Дали кандидатот е способен да ги осознае и разбере искуствата на луѓето околу него? 

За сопствената почит која ја поседува кандидатот прашајте - Кажете ми за времето кога искусивте нешто за кое вие сметате дека е неправда

  • Без разлика на одговорот, сочувствувајте со кандидатот. Може и да одговорите нешто во стилот на „Па тоа е лудо“, „Тоа е нешто нечуено“ и слични навреди. Кандидатите кои имаат вистинска слика за самопочитта веднаш ќе одговорат со нешто како „Да, но јас веднаш препознав дека не вреди да го трошам моето време жалејќи се за тоа“. Вистинските кандидати нема да поверуваат на вашето „сочуство“ и да почнат дa покажуваат силни емоции во врска со тоа или да се жалат

Прашајте за љубопитност следново - Кое беше последното нешто за кое бевте навистина бубалица

  • Вашата цел со ова прашање е да видите дали навистина се посветиле на нешто толку многу за да дојдат до јадрото на самата работа. Ако не можат да дадат конкретен одговор кога последен пат биле навистина љубопитни да откријат нешто или да се информираат, тогаш најверојатно нема да го направат тоа и за вашата компанија. 

Полирањето е последната карактеристика, која може да се дефинира и како „пресметани спонтани реакции“ - Видете како реагираат кога ќе ги прекинете или ќе им се вмешате во нивното зборување. Забележете дали ви пратиле мејл за благодарност после интервјуто.

  • Барате кандидат кој ќе има смирена самодоверба кога можеби треба да се малку испровоцирани или нервозни. Благодарноста после интервјуто е доказ за човечност и чувство на професионални стандарди кои подоцна ќе се пренасочат и во работата. 

Промовирани огласи »

Веројатно многумина од вас добиле електронска порака со следната содржина „Почитувани, сакаме да ве известиме дека се определивме за друг кандидат“, „Ви благодариме за апликацијата за работа доколку не влеговте во следниот круг на интервјуа“, „Сепак се одлучивме за друг кандидат кој повеќе одговара на бараните критериуми“ и слични пораки со учтиво информирање дека не сте го добиле вработувањето.

Долги години владееше праксата многу кандидати да не ни добиваат повратна информција за текот на конкурсот. Кога ќе пројде извесно време кандидатите сами сфаќаа дека штoм некое време не добиле повратна информација, дека не го добиле ниту вработувањето.

Меѓутоа, секоја сериозна компанија или агенција за посредување при вработување ќе им испрати на своите кандидати кои не го добиле вработувањето повратна информација за одбивањето, дали преку телефон или по електронски пат, се зависи од бројот на кандидати и други фактори.

Главно таа информација за одбивање ја добиваат во вид на електонска пошта и често луѓето се бесни или тажни и доаѓаат во искушение да одговрат во афект на начин кој не е прикладен.

Најдобар совет е да не го правите тоа. Ви препорачуваме на таквиот вид на известувања да одговорите на начин на кој ќе се заблагодарите што ве земале во предвид, да нагласите дека сметате дека и понатаму би можеле да придонесете за развојот на компанијта и слободно да ве земат во предвид доколку во иднина се укаже некоја нова прилика која одговара на вашите карактеристики.

На овој начин на регрутерите ќе им дадете до знаење дека сте личност која е подготвена да прифати одбивање и доколку во иднина навистина се укаже некоја слична прилика, бидете сигурни дека вас полесно ќе ве контактираат отколку некој кој одговорил нервозно, луто и безобразно на одбивањето за работа.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »