Промовирани огласи »

Извршниот директор на Apple, Тим Кук реши да се приклучи кон ново избраниот претседател Донал Трамп и се сретна со него и со уште десетина други технички директори во кулата на Трамп во Њу Јорк минатата недела.

Кук не сакал да сподели детали за средбата, меѓутоа некои информации биле споделени внатрешно во компанијата:

На прашањето дали навистина е важно Apple да се впушти во политика, Кук одговорил, дека во моментот е навистина важно поради различните политики кои ги контролира владата, кои истовремено можат да влијаат на судбината на Apple, и на сите вработени. Како најважни теми ги издвоил следните:

  • Приватноста и безбедноста
  •  Образование
  •  Човечки права
  •  Животна средина и енергија
  •  Вработувања
  •  Даночната реформа
  •  Реформи околу интелектуалната сопственост

,,Владата  може да влијае врз она што го правиме. Тие можат да влијаат на позитивен и негативен начин. Она што го правиме во моментот е да се фокусираме на политиките'' напиша Кук.

Apple веќе се соочи со паѓање на владата oколу прашања по безбедноста, како пукањето во Сан Бернардино,  кога Apple одби да обезбеди техничка помош која ќе им помогне на ФБИ, и не дозволи пристап до iPhone-от кој бил користен од страна на напаѓачот Сеад Фарук. Како и за климатските промени, Apple вети дека ќе се залага за бизнис кој се темели врз 100 проценти обновливи извори на енергија.

Со цел да ги задржи овие политики непроменети, Кук рече дека тој морал да се сретне со Трамп.

,,Лично, јас никогаш не сум бил на страна од настаните", напиша Кук. "Начинот на кој ќе се влијае на овие прашања е да се биде во арената. Значи без разлика дали тоа е во оваа земја, или на Европската унија или во Кина или Јужна Америка, ние ќе се вклучиме. Ние се вклучиме кога се согласуваме но исто така и кога не се согласуваме. "

Мислам дека е многу важно да се направи тоа затоа што работите не се променуваат самите од себе со карање. Работите се променуваат кога на другите им покажуваш зошто твојот начин е најдобар. На крајот би рекол дека се работи за размена на идеи, изјавил Кук.

Сепак кога сме кај личната определба на Кук, тој водеше кампања за кандидатот на демократите, Хилари Клинтон. Во август, тој беше главниот кој собираше средства за кандидатот, и беше објавено дека Кук е на листата за потенцијални кандидати за потпретседател, заедно со Бил Гејтс и Мелинда Гејтс.

Ова не е прв пат Кук да разговара со неговиот тим за Трамп. Кук испратил допис до сите вработени во Apple во САД по победата на Трамп, каде што тој ја истакна посветеноста на компанијата за разновидност.

Кук беше еден од среќните да имаат место на тркалезната маса минатата недела со Трамп. Извршниот директор на Twitter Џек Дорси, дури и не доби покана.

Промовирани огласи »

Успешно завршениот процес на спојување на мрежите на двете компании го потврди извештајот на Агенцијата за електронски комуникации, кој покажа дека достапноста до мрежата е највисока на Оне.Вип, процентот на прекинати повици е најмал, а брзината на интернетот во населените места е двојно зголемен во однос на лани.

Со повеќе милионската инвестиција, компанијата обезбеди покриеност на повеќе од 99,7 отсто од населението во Македонија со 2Г и 3Г технологија, и 95,8 проценти со ЛТЕ-технологијата.

Спојувањето на мрежите на двете компании е еден од најкомплексните процеси спроведени во Европа и значи спојување на преку 1,1 милион корисници во рекордно време од една година.

Интергацијата и реорганизацијата е исклучително предизвикувачки и тежок процес, а нашиот менаџерски тим успешно го спроведе и чест ми е да бидам дел од него – вели новиот извршен директор на Оне. Вип, Димитар Ковачевски.

За модернизација на мрежата, компанијата инсталираше ореку 3300 нови антени на базните станици, повеќе од 200 километри отпички и напојни кабли и преку 1000 посети на локациите за подесување на мрежните елементи. Оваа година, тимот од 150 инженери работеле напорно 350.000 часа за консолидација на мрежата.

За наредната година, Оне.Вип ќе продолжи со стабилизација и оптимизирање на мрежата, а ќе инвестира неколку десетици милиони евра во мобилната и фиксна телефонија, за која најавуваат новитети.

Промовирани огласи »

Македонската економија следната година се очекува да има раст од 3 проценти според проекцијата на Владата и 3,5 проценти според Народната банка на Република Македонија. 

Владата очекува растот на економската активност следната година да биде придвижен од извозот на стоки и услуги, кој е проектиран со раст од 6 проценти на реална основа. Позитивно влијание се очекува да има разрешувањето на политичката криза со завршување на изборите врз довербата на домашните компании, што пак ќе придонесе за зголемен раст на инвестициите и потрошувачката.

Градежништвото се очекува да има раст од 5,2 проценти, услужниот сектор 2,8 отсто, земјоделскиот сектор 2,3 процента и индустријата раст од околу 2 процента.

Годинава што изминува се очекува да заврши со раст на БДП над проекцијата од 2,3 процента. 

Во првите три квартали, како што рече министерот за финансии Кирил Миноски, има континуирани стапки на раст на БДП кои се движат над 2,5 процента.

Народната банка на РМ, според последната проекција, смета дека растот на македонската економија за годинава ќе изнесува 2,3 процента.

НБРМ очекува закрепнување на економијата и растот да достигне 3,5 проценти во 2017 и 2,7 проценти во 2018 година.

Носители на растот за годинава се инвестициите и увозот, а дополнителен импулс дава и приватната потрошувачка.

Промовирани огласи »

За околу 270.000 ученици, од кои 188.000 основци и 80.000 средношколци, денеска е последниот училишен ден од првото полугодие на 2016/2017 година. Зимскиот распуст ќе трае до 18 јануари 2017 кога ќе продолжи наставата. 

Во учебната година треба да има 180 работни денови, а со оглед на тоа дека во оваа повеќе празници се во работни денови, зимскиот распуст е пократок за еден ден, појаснуваат во Министерството за образование и наука.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »