Успешно завршениот процес на спојување на мрежите на двете компании го потврди извештајот на Агенцијата за електронски комуникации, кој покажа дека достапноста до мрежата е највисока на Оне.Вип, процентот на прекинати повици е најмал, а брзината на интернетот во населените места е двојно зголемен во однос на лани.
Со повеќе милионската инвестиција, компанијата обезбеди покриеност на повеќе од 99,7 отсто од населението во Македонија со 2Г и 3Г технологија, и 95,8 проценти со ЛТЕ-технологијата.
Спојувањето на мрежите на двете компании е еден од најкомплексните процеси спроведени во Европа и значи спојување на преку 1,1 милион корисници во рекордно време од една година.
Интергацијата и реорганизацијата е исклучително предизвикувачки и тежок процес, а нашиот менаџерски тим успешно го спроведе и чест ми е да бидам дел од него – вели новиот извршен директор на Оне. Вип, Димитар Ковачевски.
За модернизација на мрежата, компанијата инсталираше ореку 3300 нови антени на базните станици, повеќе од 200 километри отпички и напојни кабли и преку 1000 посети на локациите за подесување на мрежните елементи. Оваа година, тимот од 150 инженери работеле напорно 350.000 часа за консолидација на мрежата.
За наредната година, Оне.Вип ќе продолжи со стабилизација и оптимизирање на мрежата, а ќе инвестира неколку десетици милиони евра во мобилната и фиксна телефонија, за која најавуваат новитети.