Промовирани огласи »

Министерството за економија денеска го продолжи рокот за аплицирање за владината мерка за бесплатен одмор за работници со ниски приходи до 20 ноември годинава, со цел да им овозможи на што повеќе граѓани кои ги исполнуваат условите да ги достават потребните документи предвидени со јавниот повик.

Досега над 650 граѓани изразиле интерес за користење на владината мерка, а според средствата што се обезбедени за оваа намена, во износ од 60 милиони денари, се проценува дека бесплатен одмор ќе може да користат 4.000 семејства, во вредност од по 15 илјади денари, во еден од 60-те категоризирани угостителски објекти за сместување во Република Македонија кои се пријавија во Министерството за економија.

Јавниот повик е објавен на 1 септември годинава, а право за добивање на имаат сите физички лица кои се вработени и нивните месечни примања во семејството не го надминуваат нето приходот од 22.000 денари.

За учество по Јавниот повик, работниците со ниски приходи – баратели, до Министерството за економија треба да достават:

  • Пополнет образец на барање (готов формулар кој може да се подигне во архивата на Министерството за економија или да се обезбеди преку интернет страната на министерството: www.economy.gov.mk);
  • Потврда од работодавецот за висината на исплатена нето  плата од последните три месеци и извод од банка за последните три месеци за подносителот на барањето како и на членовите на семејството (сопруг, сопруга и деца) кои заедно со него ќе го користат одморот;
  • Фотокопија од лична карта или патна исправа за него и членовите на семејството кои заедно со него ќе го користат одморот и
  • Изјава дека барателот лично или со членовите на семејството кои се наведени во барањето ќе го користат одморот (готов формулар).

Притоа, едно лице може да поднесе само едно барање за пријавување на интерес за користење на средства за организиран одмор, а потврдата за користење на средства за организиран одмор се издава по принципот „прв дојден прв услужен“.

Барањето треба да се достави до архивата на Министерството за економија лично или преку пошта на адреса „Јуриј Гагарин“ бр. 15 Скопје, а Листата на баратели кои доставиле уредна и комплетна документација се објавува на веб страната на Министерството за економија најдоцна седум дена од денот на утврдувањето на листата.

Корисниците кои ќе ги достават потребните документи и ќе ги исполнат условите за користење на оваа мерка, ќе добијат потврда од Министерството за економија за користење средства за организиран одмор за работници со ниски приходи поточно ќе им биде издадена Потврда за користење на средства за организиран одмор за работници со ниски приходи во споменатата вредност.

Целта на овој проект е да им се овозможи на лицата со ниски приходи да искористат годишен одмор и во исто време да им се помогне на туристичките центри во зголемување на обемот на работа надвор од туристичка сезона.

Промовирани огласи »

Конкуренцијата во бизнис светот станува потешка со секоја минута. Овие денови, количината на брендови и тактики на продажба на која се изложени луѓето е немерлива. Одредени истражувања покажуваат дека просечниот потрошувач дневно е изложен на 10 000 реклами!

Со овие бројки, вредноста на оставање силен прв впечаток е огромна, особено за малите бизниси. Додека сите брендови ја знаат вредноста на првиот впечаток, многумина имаат потешкотии за да остават траен впечаток кај потрошувачите. 

Одличното потрошувачко искуство може да ви помогне во целиот процес на оставање добар и траен впечаток. Веб сајтот на вашата компанија е централно место за сите ваши бизнис операции. Тоа е домашен терен на вашата маркетинг стратегија, платформа за продажба, примарна точка за интеграција со потрошувачот и многу повеќе. На крајот од денот, може да ја имате најдобрата веб страна, но ако корисничкото искуство е ужасно, вашите клиенти никогаш нема да се вратат.

Има повеќе фактори кои влијаат и кои може да го подобрат корисничкото искуство. Осигурајте се за функционалноста и брзината на вашата веб страна. Секоја секунда чекање која мора да ја искуси вашиот клиент ја намалува желбата за повторно враќање. Исто така, добро скроен веб сајт содржи одлично смислен тек на нештата на веб страната. Ставете се на местото на корисникот и размислете како вие би ја поставиле вашата веб страна. Треба да е прилично едноставно да се премине од информација на купување - вие сте одговорни за оставање траги на вашите клиенти во форма на визуелна хиерархија.

Беспрекорниот процес на документирање е дел од секој бизнис. Ова покрива делови како фактурирање, презентации, маркетинг, корисничка услуга и останато. Документацијата влијае на бизнисот и внатрешно и надворешно. Кога корисниците гледаат официјални бизнис документи, првиот впечаток кажува се. А бидејќи живееме во време каде скоро цела работа на фирмите и комуникација е онлајн, многу е лесно да се забележи сето тоа. Колку покомплексен систем на конвертирање, толку полесно е да се направи грешка на официјален документ. Скромно внимание на деталите, во комбинација со едноставен софтвер може да помогне да се создаде прв одличен впечаток кој ќе трае како за корисниците така и за соработниците, осигурувајќи ги за вашиот кредибилитет. 

Она што ја прави клучната разлика помеѓу бизнис кој ќе остане забележан, но не и запомнет и бизнис на кој ќе му успеат и двете е брендирањето. Ако малите бизниси сакаат да бидат забележани од страна на нивната таргетирана публика, мора да направат нешто повеќе од оставање силен прв впечаток. Треба да креираат поквалитетен прв впечаток од секоја друга компанија. Гласот на брендот е тоа што ја прави разликата. Како им се обраќате на вашите потрошувачи и дали тие преку вашата порака може да го почуствуваат поблиску вашиот бренд, е она што може да направи многумина да ве забележат и вашиот прв впечаток да биде долготрајно запаметен.

Промовирани огласи »

Сите сме биле таму - вашата одлична идеја била украдена од ваш колега на состанок или сте биле ставени во сенка пред вашиот претпоставен. 

Конкуренцијата се случува во повеќето работни средини, без разлика дали е пријателски настроена или со намера. Луѓе со различни средини на потекнување работат блиску едни до други, што би можело да води до одлична соработка, но исто така и до различни мислења или директни натпреварувања. 

Во случаите кога ваш колега или колешка со умисла се обидува да ве омаловажи, се препорачува разговор со вашиот менаџер. Но, во некои случаи ќе е потребно да научите да го употребувате во ваша корист. 

Искористете некои од трите совети за како да го направите тоа:

  1. Направете ги ваш сојузник - Една од најдобрите тактики е едноставно спријателете се со ваквите луѓе. Обидете се да разберете што целат да направат, гледајте од позитивната страна на нивното однесување и ако успеете, нека постанат ваш сојузник. Како пример, кога му пристапувате на ваш соработник кој има натпреварувачки и конкурентер дух, може да кажете „Ти имаше одлична идеа на последниот состанок, јас работам на нешто слично, па се прашував дали би сакал да ги здружиме силите?“. Во некои случаи, ова може да значи дека се откажувате од вашите идеи. И додека тоа е е правилно за секоја ситуација, во многу случаи е поважно да се успее заедно отколку да се биде во право постојано. Ова не е секогаш лесно и бара високо ниво на емпатија и способност да се најде заеднички јазик, но не е невозможно. На крајот, можеби ќе го научите вашиот колега за важноста на тимската работа. 
  2. Искористете го како мотивација за да ги подобрите вашите вештини - Ако успеете да ги постигнете вашите цели, вие мора да се осигурате дека сте најдобри во тоа што го правите. Малку конкуренција на работа не е на одмет, ако го претворите во подобрување на себеси. Вие мора да им покажете на вашите колеги и на вашиот претпоставен дека поседувате вештини и способност за водење. Кога вашиот натпреварувачки колега ви стои на патот, искористете ја оваа прилика за развивање на веќе постоечките ваши вештини или за стекнување на нови. Тоа би можело да биде онлајн курс, работење со тренер, превземање повеќе ризици на вашата постоечка работна позиција или нешто слично. Вашиот колега може да проба пак да ве „нападне“, но со вашиот постојан процес на учење ќе сте еден чекор понапред. И на крајот на краиштата, стекнување повеќе вештини никогаш не е на одмет!
  3. Секогаш дејствувајте со интегритет - 84% од бизнис лидерите (вклучувајќи ги и рекрутерите) веруваат дека интегритетот е најважниот квалитет на секој вработен. Останатите високо котирани квалитети вклучуваат професионализам (75%), позитивен став (75%) и добро работење како тимски играч (71%). Со сите овие информации на ваша страна, шансите дека оној кој ве омаловажува ќе биде откриен по некое време. Но најважно, ова значи дека колку повеќе морал вие покажувате, толку подобро вие ќе изгледате на крајот. Без разлика колку натпреварувачки настроени се вашите колеги, најдобро е вие секогаш да останете фер, тимски ориентиран вработен на кој може секој да смета

Со фокусирањето на она што вие го контролирате наместо тие, полесно вие да ги игнорирате и дури и да научите нешто од нив. И тоа е тоа што ве прави победник на крајот. 

Промовирани огласи »

Неколку продолжени викенди и празници кои спаѓаат во неработни денови. Вака изгледа новата програма на неработни денови за 2018 година која ја објави Министерството за труд и социјална политика.

Уште на самиот старт на годината, Бадник се паѓа во сабота, што значи дека денот и онака е неработен за поголемиот дел од граѓаните. 
Божиќ е во недела, но неработен ќе биде понеделникот. 
За среќа Водици се паѓа во петок, па ќе има простор продолжен викенд.

Во април се велигденските празници. Велиден ќе биде на 8ми април, а неработен ќе биде понеделникот, на 9 април. Заедно со неработниот Велики петок на 6ти април, ќе се отвори супер можност за подолг одмор со оглед на тоа што ќе можете да отпатувате на петок до понеделник.

Интересен спој на празници ќе има во мај. На 24 мај четврток нема да се работи за Кирил и Методиј, а во петок, на 25 мај, нема да се работи за Духовден, што е уште еден продолжен викенд, и простор, заедно со четвртокот да се врзат 4 неработни денови. 

Споен викeнд ќе има и на 15 јуни, бидејќи тој петок нема да се работи поради празнувањето на Рамазан Бајрам, ден кој е неработен за сите граѓани. 

Од празниците кои „пропаѓаат“ како неработни денови, поради тоа што се паѓаат во сабота, оваа година ќе ги „загубиме“ Бадник на 6ти јануари, Денот на независноста на 8ми септември и Св. Климент Охридски на 8ми декември.

Во продолжение комплетната листа со неработни денови за 2018 година

За сите граѓани на РМ

• 01 јануари (понеделник), Нова Година

• 07 јануари (недела), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, односно 08 јануари (понеделник) е неработен ден

• 09 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар

• 01 мај (вторник), Ден на трудот,

• 24 мај (четврток) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители

• 15 јуни (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,

• 02 август (четврток), Ден на Републиката

• 8 септември (сабота), Ден на независноста

• 11 октомври (четврток), Ден на народното востание,

• 23 октомври (вторник), Ден на Македонската Револуционерна Борба,

• 8 декември (сабота), “Св. Климент Охридски”

За граѓаните од православна вероисповед

• 06 јануари (сабота), Бадник, ден пред Божик

• 19 јануари (петок), Богојавление (Водици)

• 06 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден

• 25 мај (петок), Духовден, петок пред Духовден

• 28 август (вторник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед

• 02 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден

• 01 ноември (четврток), Празникот на сите светци

• 25 декември (вторник), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска вероисповед

• 21 август (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

• 22 ноември (четврток), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

• 27 јануари (сабота), Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

• 08 април (недела), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

• 23 мај (среда), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

• 19 септември (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

• 28 септември (петок), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

• 21 декември (петок), Ден на настава на турски јазик

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »