Промовирани огласи »

Неколку продолжени викенди и празници кои спаѓаат во неработни денови. Вака изгледа новата програма на неработни денови за 2018 година која ја објави Министерството за труд и социјална политика.

Уште на самиот старт на годината, Бадник се паѓа во сабота, што значи дека денот и онака е неработен за поголемиот дел од граѓаните. 
Божиќ е во недела, но неработен ќе биде понеделникот. 
За среќа Водици се паѓа во петок, па ќе има простор продолжен викенд.

Во април се велигденските празници. Велиден ќе биде на 8ми април, а неработен ќе биде понеделникот, на 9 април. Заедно со неработниот Велики петок на 6ти април, ќе се отвори супер можност за подолг одмор со оглед на тоа што ќе можете да отпатувате на петок до понеделник.

Интересен спој на празници ќе има во мај. На 24 мај четврток нема да се работи за Кирил и Методиј, а во петок, на 25 мај, нема да се работи за Духовден, што е уште еден продолжен викенд, и простор, заедно со четвртокот да се врзат 4 неработни денови. 

Споен викeнд ќе има и на 15 јуни, бидејќи тој петок нема да се работи поради празнувањето на Рамазан Бајрам, ден кој е неработен за сите граѓани. 

Од празниците кои „пропаѓаат“ како неработни денови, поради тоа што се паѓаат во сабота, оваа година ќе ги „загубиме“ Бадник на 6ти јануари, Денот на независноста на 8ми септември и Св. Климент Охридски на 8ми декември.

Во продолжение комплетната листа со неработни денови за 2018 година

За сите граѓани на РМ

• 01 јануари (понеделник), Нова Година

• 07 јануари (недела), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, односно 08 јануари (понеделник) е неработен ден

• 09 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар

• 01 мај (вторник), Ден на трудот,

• 24 мај (четврток) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители

• 15 јуни (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,

• 02 август (четврток), Ден на Републиката

• 8 септември (сабота), Ден на независноста

• 11 октомври (четврток), Ден на народното востание,

• 23 октомври (вторник), Ден на Македонската Револуционерна Борба,

• 8 декември (сабота), “Св. Климент Охридски”

За граѓаните од православна вероисповед

• 06 јануари (сабота), Бадник, ден пред Божик

• 19 јануари (петок), Богојавление (Водици)

• 06 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден

• 25 мај (петок), Духовден, петок пред Духовден

• 28 август (вторник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед

• 02 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден

• 01 ноември (четврток), Празникот на сите светци

• 25 декември (вторник), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска вероисповед

• 21 август (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

• 22 ноември (четврток), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

• 27 јануари (сабота), Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

• 08 април (недела), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

• 23 мај (среда), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

• 19 септември (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

• 28 септември (петок), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

• 21 декември (петок), Ден на настава на турски јазик

Промовирани огласи »

Стив Вознијак, ко-основачот на Епл, верува дека Биткоинот е подобар од златото и од американскиот долар, кој го нарече „лажен“ бидејќи владата во секој момент може да испечати уште.

Вознијак говореше на конференцијата Money 20/20 во Лас Вегас каде што кажа дека тоа што ќе има ограничен и однапред познат број на биткоини ја прави валутата стабилна.

Постои одредена, конечна сума на биткоини што ќе постојат, рече Вознијак објаснувајќи дека владата може да одлучи да испечати повеќе пари поради политички причини поради што американскиот долар го нарече „лажен“, додека за Биткоинот рече дека е вистински и реален.

Тој додаде дека и златото не мора да значи дека има конечна сума, бидејќи луѓето откриваат нови начини за ископување.

Златото се ископува и ископува. Можеби постои конечна сума на злато во светот, но кај Биткоинот тоа е јасно математички регулирано, а никој не може да ја промени математиката, смета Вознијак.

Тој напомена дека за него Биткоин е интересен од технолошката и математичката гледна точка, а не од неговата финансиска страна, иако беше еден од првите кои го оценија Биткоинот како валута.

Промовирани огласи »

Романските работодавци бараат автоелектричари, автомеханичари, градежни, индустриски и угостителски работници. 

Просечната плата која може да се очекува со плус бенефиции е 340 евра. 

„Нас за почеток ни требаат 30 работници, со тоа што тој број во иднина ќе се зголемува“ - вели Дана Аврам од 'Moda Tim'' од Романија. 

Од ''Zopas'' велат месечно им требаат по сто луѓе и тоа од техничките струки. 

За работа во земјите во ЕУ голема предност е познавањето на странски јазици. 

Промовирани огласи »

Танчарите со Даунов синдром од танцовото студио „Денсерс јунајтед“ учествуваа на Светското првенство во хипхоп електрик буги и брејкденс кое се одржа во главниот град на Данска, Копенхаген, каде што го освоија третото место.

„Денсерс јунајтед“ постои веќе пет години, од кои четири години работи со овие лица со Даунов синдром кои се државни прваци на Република Македонија. Ова им е второ учество на Светските првенства откако минатата година завршија шести на натпреварувањето кое се одржа во Грац, Австрија.

Сопственичката на танцовиот клуб, Сара Кочан, изјави дека танцот е многу важен за психофизичкиот развој на лицата со Даунов синдром и дека им е од голема помош при социјализацијата и инклузија во општеството.

Лицата со Даунов синдром од ова танцово студио за овогодишното светско првенство во модерни танци се подготвувале неколку месеци, но, сепак, не очекувале да издвојат ваков успех на натпреварувањето.

За овогодишното светско првенство се спремавме неколку месеци наназад, но не очекувавме ваков успех. Дечките беа презадоволни, имаше многу насмевки и солзи радосници, вели кореографот на оваа танцова група, Виолета Балшевска.

Оваа талентирана екипа на брејкденсери која се надева на уште подобар пласман наредната година е составена од 7 члена, Ана Беќарска, Моника Бисовска, Христијан Стојанов, Дарко Ефтимовски, Ена Митревска, Александар Матовски и Оливер Блажевски.

Натпреварувањето траеше од 17 до 21 овој месец, а лицата со попреченост се натпреваруваат во повеќе танцови дицсиплини. Танчарите од „Дансерс јунајтед МК“ се натпреваруваа во интегративна паратанц група во Хип хоп. Првото и второто место во оваа група го освоија танчари од Германија.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »