Вработувањето е најголемата грижа на сопствениците воопшто. Да се пронајдат вистинските луѓе кои ќе работат за вашата компанија е висок ризик. Вработените кои покажуваат лоши резултати може да влијаат катастрофално на вашиот успех. Повеќето извршни директори се изјаснуваат дека сопствениците треба да посветуваат околу 50% од нивното време за да ги донесат вистинските луѓе во својата фирма.
Ова значи дека прашањата што ги одбирате да ги поставите за време на интервјуто се од суштинско значење. Имате само одредено време со секој од кандидатите и максимизирањето на вашето учење по минута е клучно. Како да го направите тоа е таму каде ви помага KARIERA.mk. Нашата цел е да ви презентираме најдобрите прашања за интервјуа за вработување на најдобрите кандидати.
Постојат седум карактеристи, кои склопени заедно, доведуваат до тоа некој да е најдобар во својата работа. Има доста специфични прашања поврзани со нив кои ќе ви го откријат подобро кандидатот кој седи спроти вас и се именувани како:
- Страст
- Строгост
- Влијание
- Тимска работа
- Почит кон себеси
- Љубопитност
- Полирање
За страст, поставете го следново прашање - Кажете ни за времето во вашата кариера кога нешто сте посакувале толку многу што ништо не можело да ве спречи да го остварите. Кои пречки ги поминавте за да стигнете таму?
- Кога ќе ги слушате одговорите на ова прашање, обрнете внимание на тоа колку долго ќе издржат. И колку долго се задржале на проблемот отколку на решението.
За втората карактеристика, строгост, прашајте - Кажете ми за времето кога искористивте некои информации за да донесете одлука.
- Барајте ги деталите на комплексноста во потрагата по информации и самите информации и како се случил процесот на донесување одлука, отколку да се фокусирате веднаш на одговорот.
Кога се работи за влијание, прашањата се - Кажете ни за времето кога имавте мерливо влијание на работата и организацијата; Кажете ми за личност или организација на која се восхитувате. Зошто сметате дека тие имаат некое огромно влијание?
- Како работодавач, ги барате знаците дека кандидатот ја разбира големата слика и дека може да разберат важноста на компромисот и правилното донесување на приоритети.
Тимската работа како карактеристика ве наведува да прашате - Кога работите за тим, што е најтешко за вас? Што може да ми кажете за времето кога сте работеле во комплициран, тежок тим? Која беше вашата улога и искуство? Дали знаете за другите луѓе кои беа вклучени од каде доаѓаа? Кажете ни за ситуацијата од нивна перспектива. Што е тоа што ве прави најсреќни и најефективни при работењето со другите?
- Овие одговори ќе ви овозможат да забележете дали вашиот кандидат поседува емоционална интелегенција и способност за емпатија. Дали кандидатот е способен да ги осознае и разбере искуствата на луѓето околу него?
За сопствената почит која ја поседува кандидатот прашајте - Кажете ми за времето кога искусивте нешто за кое вие сметате дека е неправда.
- Без разлика на одговорот, сочувствувајте со кандидатот. Може и да одговорите нешто во стилот на „Па тоа е лудо“, „Тоа е нешто нечуено“ и слични навреди. Кандидатите кои имаат вистинска слика за самопочитта веднаш ќе одговорат со нешто како „Да, но јас веднаш препознав дека не вреди да го трошам моето време жалејќи се за тоа“. Вистинските кандидати нема да поверуваат на вашето „сочуство“ и да почнат дa покажуваат силни емоции во врска со тоа или да се жалат.
Прашајте за љубопитност следново - Кое беше последното нешто за кое бевте навистина бубалица?
- Вашата цел со ова прашање е да видите дали навистина се посветиле на нешто толку многу за да дојдат до јадрото на самата работа. Ако не можат да дадат конкретен одговор кога последен пат биле навистина љубопитни да откријат нешто или да се информираат, тогаш најверојатно нема да го направат тоа и за вашата компанија.
Полирањето е последната карактеристика, која може да се дефинира и како „пресметани спонтани реакции“ - Видете како реагираат кога ќе ги прекинете или ќе им се вмешате во нивното зборување. Забележете дали ви пратиле мејл за благодарност после интервјуто.
- Барате кандидат кој ќе има смирена самодоверба кога можеби треба да се малку испровоцирани или нервозни. Благодарноста после интервјуто е доказ за човечност и чувство на професионални стандарди кои подоцна ќе се пренасочат и во работата.